1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постдипломски студии

Дискусија во 'Образование' започната од kate, 28 јануари 2010.

  1. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Да, малку нема логика ама ако се погледнат некои од модулите ќе стане појасно зошто е така.

    И во економијата има различни смерови. Секој не учи се´ во прв циклус. Ако некој избрал еден смер економски ама немало конкретно за нешто (а му се допаднало), може да запише втор циклус токму на тоа нешто и да се усоврши за тоа.
    Пример, со економски можеш да се запишеш и на правен - новинарство. Можеш да се запишеш од речиси било кој друг факултет на „човечки ресурси“. Не верувам дека некој би одбрал да се запише „сметководство“ ако има завршено „англиски“, ама затоа „човечки ресурси“ е адаптибилно.
    Некои се поедноставни за адаптирање. Можеби ќе ти треба малку повеќе труд но економијата е еден од нив затоа што има гранки кои не се исклучиво поврзани едни со други.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Кога веќе го спомна HR, што е разликата помеѓу HR на Филозофски факултет и HR на Економски?
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.294
    Пол:
    Женски
    Истото прашање го имав и јас :D ама не дознав конкретно.
    Според програмата и предметите претпоставувам дека на филозофски е психолошкиот и социолошкиот („бихевиористички“) поглед на вработените, а на економски е економски аспект и насочено во најголем дел кон економскиот просперитет на фирмата.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Freja.Stella

    Freja.Stella Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2014
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    51
    Здраво! Јас имам прашање околу одбраната. Што според вас е соодветно да се однесе на членовите на комисијата во знак на почит и благодарност? На пр. цвеќе? Би сакала да слушнам искуства од некој што магистрирал. Thanks! :)
     
  5. Batgirl501101

    Batgirl501101 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2017
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите :D

    Ми треба совет сакам да продолжам со студиите ... која опција би сте ја одбрале вие за понатамошни студии???(имам дипломирано Германски јазик и литература наставна насока)

    Фала ви многу :l:
     
    На TinkaGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    755
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали има некој што бил на магистерски студии на пмф, конкретно форензичка биологија?
    И уште нешто, дали е задолжително да имаш просек над 8 за да запишеш мастер?
     
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.469
    Кога започнуваат уписите за магистерски? Во август или септември? И дали може да се приложи FCE диплома како доказ за познавање на англиски, и истото прашање како членката, дали мора просек над 8?
     
  8. Drama queen

    Drama queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Уписите за мастер се од 2-13.10.2023. За просек не пишува ништо во условите за запишување јас прв пат слушам. Во врска со електронската пријава сакав да прашам дали се имате најавено. Јас денес пробав да се пријавам но во полето Изберете Факултет не ми дава ништо да изберам ниту да напишам па сакав да прашам дали кај сите така прави пошо не може да се направи Валидна пријава без тоа поле да се пополни. Ќе се запишувам на Јавно здравје, Медицински факултет УКИМ па ако има некој искуство со овој смер нека пише
     
  9. m.t12

    m.t12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2021
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Машки
    Za zapisuvanje na vtor ciklus mora nova adresa nov profil so taa od prv ciklus mislam ne moze
     
  10. Biljana

    Biljana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    Дали има некој што студирал или сега студира на Педагошки науки на Филозофски? Доколку има ако сака да сподели искуство од студирањето.
     
  11. Rosberi

    Rosberi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2022
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Здраво, за упис потребно ми е уверение за англиски јазик (од Блаже Конески). На страницата најдов термини за полагање, но не пишува подетелно дали треба да се отиде таму или може и онлајн, и колку време би траело тестирањето. Претпоставувам е во работно време и баш ќе ми значи ако некој знае да ми сподели повеќе информации за да можам да се организирам со работа :)
     
  12. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Дали има некој што е запишан на втор циклус на економски или што магистрирал не толку оддамна? Јас дипломирав на сметководство,но во иднина сакам да се запишам на европски економски студии,монетарна економија,финанси и банкарство или на економски развој и меѓународни финансии. Едно од овие три ќе биде но не сум 100% сигурен кое. Некој ако сака да сподели искуство би му бил благодарен.
     
  13. Drama queen

    Drama queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас полагав. Значи на страната си ги следиш чекорите зс пријавување во терминот кој ќе го избереш. Термин има еднаш неделно би ти препорачала одма да си закажеш бидејќи следна недела се уписите. Се полага со физичко присуство на Филолошки факултет од 9 часот. Следниот ден си го зимаш уверението го издаваат од 2-3 часот. Полагањето е усно и прашува ошти работи за тебе дс и се претставиш не е тешко чиста формалност е. Поздрав
     
    На Rosberi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Rosberi

    Rosberi Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2022
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Супер, фала ти многу за информацијата! Значи само ги следам инструкциите на страницата и после тие ќе ме исконтактираат и ќе ми кажат во колку часот да отидам? Фала ти уште еднаш!
     
  15. lazyy_girl

    lazyy_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Здраво,дали има некој што е запишан на втор циклус на студии на Медицински факултет при УКИМ за клинички логопед или планира да се запише,би ми било од помош ако ми пише благодарам
     
  16. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    734
    Допаѓања:
    491
    Да не случајно има некој запишано на мастер студии по финансии на правен?
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    6.469
    Во документите за упис за мастер, бараат да приложиш и кратка биографија (CV) и не сфаќам што точно треба да напишам. Ми кажаа демек искуство од поле на мастерот, ама немам баш многу такво искуство, освен што посетував кратка пракса дур учев факултет и бев на обука преку една организација ама таа траеше многу кратко. И ако го напишам само тоа, биографијата ќе ми биде две реченици. :D Да не знае некој случајно што поточно треба?
     
  18. Biljana

    Biljana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    16
    И јас спремам документи за мастер, ама околу кратката биографија мислев општи податоци за мене да напишам и работното искуство кое го имам но не е од областа во која сакам да конкурирам. И сега баш се замислив околу ова можеби ќе ми биде пречка бидејќи во полето на мастерот немам никакво предходно искуство.
     
  19. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Кај мене на економски еден семестар на мастер чини 500 евра,пријава на испит 25 евра и пријавување магистерска 1000 евра. Големи пари се во игра,така да не верувам дека би ве одбиле.
     
  20. Fantasy33

    Fantasy33 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2019
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.026
    Пол:
    Женски
    Обично CV со општи податоци и искуство. Јас кога аплицирав ништо немав од искуство, освен некои кратки обуки. Секако ради реда е сето тоа.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.