Резултати од уписи на мастер кога треба да има? Дека гледам уписи се до 13.10 а веќе од 16.10 е запишување
Мене ми кажаа дека во понеделник ќе има, на страната на факултетите најверојатно ќе објават и плус на мејл ќе ни стигнело.
Дали може да станеш м-р во различни полиња? Пример да завршам сега постдипломски сега на Филозофски, па после нови да запишам на Безбедност да речеме.
Да можее секако има врска дали се работи за академски студии или стручни и треба да има некоја сродност со науките. Еве јас од Фармацевтски Факултет одам на Медицински на мастер
Сакав да прашам вака за мастер студии знам на секој смер е различно ама општо на вашите смерови кога се започнуваше со предавања колку дена во неделатаа дали попладне беа организирани предавањата
Toa se zavisi i od golemina na grupa ako ste mala grupa mozi kje imate samo mentorska nastava a predavanjata se voglavnom popladne sekade
Повеќето се попладне ама гледам кај мене на економски некои смерови имаат и во 13-14 часот предавања. Убава распрашајте си пред да се запишете на втор циклус.
Чисто да се надополнам, мене еден професор ми кажа дека доколку има под 6 запишани нема предавања, туку консултации што се одржуваат по договор со професорите, најчесто за време на викенд. Ако има над 6, тогаш има предавања преку недела, после 5 попладне. А јас баш од 5 почнувам со работа.
Se e do dogovor mozat da se dogovrat so profesorite da imaat i porano moze i pokasno moze da se dogovorat i vo sabota da imaat terminite se najmal problem
@m.t12 @blueeparadise А знаете кој се такви неатрактивни смерови? Се мислам на европски студии да се запишам јас.
Какви се тие неатрактивни смерови? Не знам иначе какви се тие европски студии, јас скроз нешто друго запишав.
Zapisi se na toa sto go sakas toa sto te interesira ili ako vekje rabotis nesto zapisi nesto sto bi ti znacelo i ponatamu vo kariera so sto bi mozel i da napreduvas
Надворешна трговија и економија се неатрактивни смерови,најмалце луѓе идат таму а и се најслаби со успех. Европски економски студии е надворешна трговија ама втор циклус.
И јас така размислувам.Сега во банка сум,ако завршам ова што сакам,можам после со девизи да работам на пример.
Дали некој знае дали ми следува картичката за студенски оброк ако сум редовен студент на Постдипломски студии?
Дали е лудост да се запише мастер на 30 години, а не сум вработена во областа која би сакала да ја учам? Значи немам врска со тоа, но долго време ми е желба. Комбинацијата на мојот факултет и овој мастер е потребен кадар, но јас не сум ни партиски поврзана ниту имам врски, а работните места се такви, државни да кажам, нема приватен сектор таков.
Воопшто не е лудост. Ако се има желба ништо не е невозможно. Годините не се ни толку страшни во твојот случај. Доколку имаш желба и гледаш просперитет- запиши се. Јас моментално на додипломски имам колеги многу постари од 30.
Лудост не е ни најмалку. Но да си прашаш на универзитетот дали можеш да запишеш мастер ако не работиш на струката. Јас кога се запишував апликацијата ми беше одбиена бидејќи не работев на струката, се работеше за техничка струка. Образложението беше мораш да работиш за да претставиш практични испитувања. Не знам дали е исто за сите. Кога се вратив со работен однос по струката немаше никаков проблем. Земи во предвид дека ова беше пред повеќе од 10 год. Само споделувам искуство.