Zosto da e ludost lugje i na 60 zapisuvaat master a ne 30 godini za master pa i za dodiplomski ne e voopsto kasno za toa sto ne si vrabotena sega po struka zapisi go ako te interesira pa nikogas ne se znae
Здраво на сите, ве молам за мислење. Имам 30+ год, дипломиран преведувач сум, на Филолошки факултет, работам со маркетинг и размислувам на тема да запишам постдипломски студии на тема маркетинг. Ве молам за препораки каде, услови и сл. Не сум баш запознаена и немам нешто планиран буџет за темава. Кои ми се опциите и дали ќе се мачам ако го направам тоа сега на 30 години со дете и фул тајм џоб?
Zapisi obavezno! Ke go imas cim imas motivacija i si resena i toa e golem plus, od kade znaes kade ke te odnesi zivotot. So dobro menadziranje na vremeto, se uspeva se, a bidekji imas full time job, zakonski ti sleduvaat denovi za doobrazuvanje. Pozdrav!
Дали некој е веќе запишан на економски факултет? Дали е со присуство или ? Кој права ги имам за дообразование дека сум во работен однос?
И уште нешто најдов на страната на економски дека првиот семестар е со 4 задолжителни предмети а вториот се се изборни?
Зависи од смерот. На некои смерови има повеќе луѓе и во тој случај се е однапред договорено (предавања,термин на предавања,термин на полагање итн.) Е сега кај смеровите со помалку луѓе нема класични предавања,туку по договор со професорот има само консултации,зависи како ќе се договорат студентите и професорот,може и во сабота да ги закажат консултациите и така.Иначе за предметите исто така се зависи од смерот,некои смерови имаат 3 задолжителни во прв,а 1 во втор,некои 4 задолжителни во прв и така. Најдобро ти е на професорот што е раководител на смерот да му пишеш меил па да си направите муабет и да видиш што како е.
Дали има некој што завршил мастер на филозофски-МЧР или е во тек со студирањето, да го исконтактирам во порака. Благодарам однапред.
Уверение за познавање на јазик. Може да биде од филолошки факултет, а може и од центрите за странски јазици (кај кои има англиски, секако).
За запишување на магистерски на правен, со оглед на тоа дека траат две години, дали постои некоја можност да се завршат за една година односно да може да се запишат предметите од 9ти семестар покрај оние од 7ми и 8ми?
Најчесто пијалок (вино,виски) или бомбоњера. Имам слушнато некој да земе марама за менторот или алка. Јас кога бранев пијалоци им земав.
Знаете ли некаде да се нудат стипендии за постдипломски во странство? Не сакам да се вратам на ист факултет каде нема почит меѓу самиот кадар, камоли кон студентите од страна на некои професори.
Дали некој е запознаен дали на мастер студиските програми што чинат 2000 евра т.е 500 евра семестар може да се плаќа семестарот на рати пример на неколку рати по 10.000 итн... или мора наеднаш 500 евра да се уплатат. Со нашиве плати тешко да се самофинансираш на постдипломски кога платата не ти е во висина на семестарот а не нешто повеќе
Јави се на студентски, ама на пример партиципација за 3+2 плаќаш поделено на 4 семестри, 4+1 плаќаш поделено на 2 семестри.
Знам , програмата што ме интересира е 2 години а јас дипломирав на 3 годишни студии. Цената е 2000 евра поделено на 4 пак е 500 евра , платата не ми е толку мислев дали може и тие 500 евра да ги поделат на некоја рата да ги плаќаш или тешка работа.
Тешка работа, затоа ти кажав дека секој семестар го плаќаш. Ништо не губиш ако им се јавиш на студендтски или на раководителот на катедрата.