Мислам дека постои можност за плаќање на рати, треба да поднесеш барање. Најдобро обрати се на студентски на факултетот каде ќе се запишуваш, ќе ти кажат точни информации.
Zavisi na koj fakultet... vo tie 2000 evra ti e presmetano celoto studiranje ne e samo participacijata tuka spagjaat i uplatite za polaganje na ispit i uplatata za magisterskiot trud. Se e presmetano vo tie 2000.evra.
Другар има завршено на ДИФ на УКИМ. Сака да продолжи со постдипломски студии и во меѓувреме заврши академија за QA тестер и почна во таа насока повеќе да се интересира па има ли некаде кај што би можел да продолжи со програмирање? Сум слушала примери од луѓе на скроз неповрзани факултети да земаат мастер на ФИНКИ, па сакав да прашам колку е точно, дали се дезинформации во прашање
Здраво. Дали може да ми кажете интерни скрипти од Машински факултет за втор циклус на студии каде се купуваат?
Што доколку запишам постдипломски на сосема друга насока од тоа што сум учел 4 години додипломски? Областа е таа,но насоката сосема друга. Дали би можел да продолжам кариера во таа област,или пак нема никаква вредност магистерската кога станува збор за тоа. Знам дека обично запишуваат нешто поврзано со насоката која што си ја учел 4 години(240ЕКТС).
Хмм, јас учам постдипломски на истиот факултет што го завршив, ама скроз друга насока, значи би рекла и дека немаме воопшто заеднички предмети. Единствено, додека студирав си одбрав еден изборен предмет од оваа насока, ама тој еден предмет нели ништо не менува. Во принцип, сите различно зборуваат, дека само со мастер нема да го имаме тоа звање зошто го немаме завршено тој факултет и ја немаме основата (што е и вистина), која основа со неколку предмети на мастер што не ги ни слушаме, само одиме да полагаме и не се замараат многу многу со тебе. Пракса немаш на мастер. Други викаат дека можеме да го работиме тоа, ама не знам дали е колку да ни замачкаат очи дека плаќаме 2000 евра па за да не се откажеме , а и дека е дефицитарен кадар па пуштаат и со мастер само да работиш. Ама искрена ќе бидам со тебе, не знам која е твојата струка, дури и да можеш да се вработиш само со мастер, ќе треба многу многу повеќе да се трудиш отколку тие што дипломирале зошто кај нас мастерот ама воопшто не е вреден (или ретко кој), излегуваш со многу малку знаење, професорите не се замараат едноставно, на нашиот смер немавме воопшто предавања, додека другиот од нашиот модул/отсек имаше и многу повеќе се замараа околу нив... Немаш практична настава никаква, и ќе треба да купуваш додатен материјал и плус книги од она што учеле на додипломски за да можеш да ги стигнеш за се она што тие го учеле во тие четири години. Имам зборувано со многу луѓе од мојата струка и ми имаат кажано дека на мојот мастер конкретно не се учи ништо плус, само се повторуваат работите на многу поскратен начин од она што додипломците го учат, што значи некој што нема основа е многу потешко да научи. Така што ти препорачувам да се поврзеш со луѓе од твојот факултет што го имаат завршено тоа што сакаш да го запишеш и од оние што се моментално запишани на тој мастер, да ти споделат искуства. Исто и со (само) магистрирани на тој смер, да ти кажат дали успеале да најдат работа. И ако налеташ на некој искрен професор да ти каже дали ќе можеш само со тој мастер да се вработиш по струка, па да ти каже.
Кај нас тоа тешко и невозможно. За постдипломски ни просек не гледаат барем за да намалат на цената. Сите влегуваме во исти кош за жал. И тоа се плаќа прилично повисока цена за упис како и секој семестар, а за испитите па муабет да не правам. Јас кога одев паднат испит беше некои 500, 600 денари. Не трет, четврт паднат да плаќаш него одма после првиот испит ако не положиш си плаќаш казнена. Така беше пред неколку години, сега верувам дека она што е изменето е цената само повисока.
Гледам на страната на УКИМ дека треба одново да се регистрирам, односно, пријавам на iknow пред да отидам на запишување магистерски во октомври. Тоа значи дека нов број на индекс ќе си имам така?
Dali ako imash zavrseno Angliski jazik,mozes da zapises sosema drug smer postdiplomski,konkretno dali mozes da se vrabotis so masterot?