Не сум магистрирала, допрва ќе се запишувам како и ти очигледно (се надевам дека ќе ме примат ). Имам одредени информации од колешки кои се пред магистрирање, прашај нешто, ако знам ќе ти помогнам (и подобро да знам, и мене ќе ми треба ).
Ех, што убаво што си се најдовме Иначе ме интересираше дали функционираат на ист принцип како смерот толкување во 3та и 4та год од катедрата ПиТ и дали ако имам дипломирано толкување би ми било од дополнителна корист, односно дали се надградува многу повеќе или претежно е за студенти кои почнуваат со толкување, па на оние што дипломирале толкување и не им е којзнае колку од корист (зашто знам дека предваат горе-доле истите професори)
Вака, не мора да имаш основни знаења од толкување, може да се запише било кој, нели (има и од други факултети). Поентата е, според колешкава моја, дека АПСОЛУТНО НИКОЈ на почетокот не е ни малку спремен за толкување. Она е родена во Германија, основно и средно има таму завршено, нејзините родители цел живот живеат таму, секој слободен момент таму го поминува.....со два збора-го знае германскиот подобро од македонскиот, па не се осетила воопшто спремна за толкување во кабина . Вели дека е неверојатно корисно за јазикот и познавањата, и дека е дефинитивно најоправдана инвестиција и вложен труд. Се е техника и се учи. п.с. Едвај чекам да дојдат тестирањата, нешто ептен се пролонгираше оваа година....
Ахм :/ Штом и не е баш надградување на смерот толкување, не знам колку би ми било од корист, ама сепак ако имаш било какви други информации слободно сподели Не знам што имаш завршено, ама ако си дипломирала на друг факултет и имаш потреба од информации за професорите, слободно повели
Јас многу, ама многу сакав да се запишам на толкување. Пет години чекав да го отворат смерот, имав и тргнато пари на страна. И еден ден решив дека не можам да чекам повеќе, се запишав на нешто друго, и смерот го отворија неколку месеци подоцна.
Не знам дали прашањево го поставувам на вистинско место, па затоа ако постои друга тема слободно префрлете го. Јас сум на постдипломски или магистерски студии( како сакате кажете ги) и пред некое време разбрав дека даваат финаниски средства како помош при изготвување на магистерски труд од Министерство за образование. Ме интересира дали некој има земено и како процедурата,кои услови треба да се исполнат итн итн. Ако знае некој нека пише.поззз
Мене па тука ич не ми се запишува мастер.Јас дипломирав Педагогија а за постдипломски сакам Менаџмент на човечи ресурси.Се распрашав јас околу 2000 евра ако не и повеќе,8 испити се. Е сега јас сакам во Бугарија,постдипломски.Дали има некој искуство?Или па знае некој што студира таму? Ако има пишете ми,многу ме интересира.Како и да е јас планирав сега дечко ми кога ќе биде таму,да си отидам на Климент Охридски и да се распрашам или на Нов Бугарски Универзитет (приватен е тој) ама сепак ако знаете пишете ми.
ај нешто плус за финансии и право на правен факултет на програма 3 + 2 ако има некој инфо за предмети, затоа што на нивната страна не пишува ништо
Да точно е даваат како еднократна помош од 21000 денари. Јави си се во министерството за образование најдобро ќе ти објаснат кои документи треба да ги доставиш. Знам само дека комисијата се се станувала еднаш годишно да ги разгледа барањата.
Девојки, сега чачкам на страницава, ама не можам да пронајдам ништо, може ли да ми кажете што постдипломски студии нуди Унив. Гоце Делчев во Штип?
Лина ако мислиш на финансии и финасово право насоката, јас бев на истата, предмети има интересни поубаво поминав на двете плус отколку на додипломските, имаш задолжителни и изборни предмети,имаш два модула за избор, инаку има на страна пишува иди на студии, правни студии, втор циклус и имаш финансии и фин.право отвори тука ги имаш предметите, поздрав
http://www.ugd.edu.mk/index.php?option= ... Itemid=256 Има бе еве, втор циклус на студии е тоа. Трет циклус се докторските студии Во денешно време мал е бројот на тие што од вистинска желба се надоградуваат во образованието, повеќето иако знаат дека ни додипломската диплома не им значи многу ама невработеноста те тера да запишеш постдипломски за да не дремеш дома. И денес си и магистер и пак молиш за работа или работиш ко секретарка ил продавачка. Жалосно...
Росоњерка,дали си сигурна дека мал е бројот?! Всушност,огромен е бројот колку се запишаа на постдипломски последниве години. Се плашам дека факултетот е на ниво на средно! И немаше да биде ситуацијата толку грозна,ако повеќето не го направеа тоа зошто ги МРЗИ да работат,се НЕСПОСОБНИ да работат,сакаат да бидат СТУДЕНТИ на ГРБ на родителите уште година и пол,крајно се НЕЗРЕЛИ да се сносат со моментот дека да,конечно пораснаа и треба да станат свои луѓе со реална работа. Ок,оние кои се ситуирани,оди обвини ги,ама утре истите ќе ми висат мене,тебе и на некои други на глава. Од оваа гледна точка,кога отиде цел факултет зад мене,ќе речам,најлесно е да седнеш и да учиш,оди заработи го и уновчи го да те видам ако те бидува и нема татко ти своја фирма! Сами така си направивме.Прво со приватните факултети,а потоа со задожителното средно образование и трето,комунистичкиот синдром,учи синко за да не се мачиш како татко ти,џанам фотеља дирекорска те чека со дипломата.
Лилит не си ме разбрала убаво. Мал е бројот на тие што стварно сакаат да учат постдипломски за надоградба на образованието, оние што учат да речам мерачки зашто навистина ги интересира таа област. А на постдипломски секој втор се запишува, не голем број преголем е, ќе се накотат магистри еден куп. Дел се од причина што ти ја кажа ги мрзи да работат иако повеќе е од причина што нема работа, дремат дома, го пратат секој оглас, а во денешно време е претешко сам да се вработиш без да те бутне некој и се решаваат на чекор постдипломски се со цел дека некој ќе го примети нивното цв кое ќе е поголемо за 1 ред и вработи. И ги разбирам донекаде овие последниве зашто на своја кожа чуствувам колку е само тешко да најдеш работа која ќе е приближно до твојата област. Неќе да продавачка за 8 илјади ќе оди на постдипломски. А таа диплома денес вреди повеќе да. Со мастер може да си во Адидас продавачка и 13 да зимаш. Иронијата да е поголема нели. Денес и доктори на науки стануваа за некој месец, ќе ти го напишат трудот и чао приетно. Сеа има измени да, ама до лани беше крш. Образованието е дива лига. Вработувањето уште подива, џунгла. Нели кој вреди ќе успее, но денес има деца што вредат и седат дома само зашто немаат силна позадина и родители кои ќе ги бутнат. А некои со партиски книшки неписмени шетаат на Малдиви и возат мерцедеси и се осигурани за цел живот, а дел од нив се со основно, дел се со купени докторски студии од соседниве земји или напишани од други
Да,погрешно сум те сфатила. Точно е и тоа. Затоа ќе се накотат брдо тн експерти кои не знаат мрсулите да си ги избришат. Јас сум згадена од моите бивши колеги на факс кои не беа способни да направат критичка анализа,проценка, да изнесат личен став и се чудев кога се чудеа зошто некои од нас читаат дополнителна литература,дел од нас не почитуваат одредени школи кои ги учевме,нив не им беше јасно,како воопшто на нас ни е гајле за тоа?! Ама еве,веќе посдипломските ги начнуваат,зошто станаа симбол за престиж и демек,умен сум ја на мајка и татко. Изгледа премногу верувам во идеали. Ама мене ако ме прашуваш,ако веќе морам тука,ќе гледам да го учам со љубов и да ми ги прошири можностите,ама за надвор,не се плашам да кажам дека учењето го доживувам како најлесно изводливата варијабла,иницијала е да избегам од оваа вукојебина,а после да ги црпам и споредните ефекти од бегството,со надеж. Можеби и ќе се жалам,ало бре,магистрирав во Прага,ама немам работа,не викам не,ама некако со самодоверба гледам на работите. Сепак е и муабетот (освен оние како Трендафилка чија професија наложила да е тешко следново и стварно,ама стварно е тешко тоа да го направиш) да умееш како да се продадеш. Мнозинството својата неспособност ја кријат зад дипломата и ја доживуваат како сидро зошто поинаку и не умеат. Као абе јас магистар сум,не ми можат ништо,а тоа...да не знае шлицот од панталоните да си го закопча. Има и формула за успех. Правилно избран факултет,со добра струка и да знаеш да се диференцираш од масата на други начини,посдипломските се само бонус,ама не приоритет ко првата диплома.
Точно огромен е бројот на оние кои се запишуваат на последипломски студии, но не сите завршуваат зборувам конкретно за на државните факултети. Еве на пример со мене се запишаа околу 70 кандидати од кои уште после првата испитана сесија се одкажаа пола и повеќе зошто сите си мислеа дека тоа е така лесно ќе си платиш и ќе си положиш не бре и овде треба да си седниш и да си го загрееш столчето. Ти требаат семинарски по сите предмети кои треба да ги изработиш кои треба да се на 20 страни и реално да си зборуваме па и не се баш ефтини.
Приватни vs. Државни факултети Се извинувам ако сум офф - топик, ама темава ми се виде како најпогодна да прашам. Деновиве разгледувам за постдипломските студии, апсловент сум, немам заостанато испити, уште еден семестар и наредната година (здравје) планирам да продолжам на постдипломски. Па, една од опциите ми е и Универзитет на Југоисточна Европа. Ме интересираат искуства, поготово за студиите во Скопје.
Треба да се поднесат одлука од научно- наставен совет дека тезата е одобрена, извод од матична книга на родените, уверение за положени испити и формулар и изјава кои се земаат од МОН. Овие документи треба да се однесат пред да се брани тезата. Дали некој бил до сега одбиен? Според кои критериуми комисијата одредува дали кандидатот ќе ја добие помошта или не? Или пак дали некој земал и за колку време откако ги поднел документите добил писмено известување?
Мислам дека веќе напишав дека комисијата се состанува еднаш годишни и тогаш ги прегледуваат сите апликации и мислам дека на сите одобрени одеднаш им се исплаќа, а и мислам дека треба да си невработен ама за ова не сум баш сигурна.