Zdravo mene me interesira kako odi toa so izbiranje srodni studii za postdiplomski neli moze da se zapise na postdiplomski so sakas bez razlika sto si studiral eve na primer jas so filoloski - germanski sto bi odela na postdiplomski
Апсолвент сум и сакам да прашам дали некој знае инфо плус за економскиот институт кој се води под УКИМ економски факултет, дали има некој таму што студира и колку чини целосно 4 семестри плус одбрана на магистерска (затоа што јас сум 3+ 2) на економски факултет изнесува 3300 евра.
Кај нас магистерските се катастрофа, баш сега ги разгледував. Од Економски повеќето се жалат. Пола предмети ни се признаваат, другата половина ја учиме исто како на додипломски, набројуванки, рашљакани проекти, чичко Гугл-семинарски. Странство е инзворедна опција за тој што може. Многу мои колеги што аплицираа добија стипендии (или целосни или половични) за генерација 2012/13. Јас не сакам да одам во странство, па мои опции се Феит (проектен менаџмент) или Финки (компјутерски мрежи и е-технологии). Здравје, има време до октомври, ќе видиме. А и не е дека сакам ради курчење да земам мастер. Уф, што се мени тиче, ич не сакам, али сите мајко му стара идат поданатака. Барем ќе одам на нешто што го сакам и нешто што ќе поднаучам, а не колку ради-реда. Саде магистри ни е тука кај нас. Па мене, криво ќе ми биде да не одам, а имам можност.
Да ги “ израдувам“ оние кои што се прикрај со магистрските студии владата ја укинала еднократната стипендија што ја нудеше како и се друго што укина. А мене ме изненадува тоа што предмети ви се признаени точно не е ништо поразличен материјалот од додипломските само што ти е поопширен и пообемен со вклучена литература од странски автори. Многу јасно дека не можат да се споредуваат последипломските студии кај нас и во странство, но сепак ова е Македоија и тоа е единствено нешто што ни нуди
Да, конкретно за е-бизнис ги признаваат знам имам постари што се веќе запиашни. A и со другите смерови е така. Само треба да направиш дополнително некој проект. А зашто да си ги дадам парите, кога ништо ново нема да научам. Ох туго, за истите ќе си одам на пример на курс едногодишен графички или веб дизајн и сертификат ќе добијам, али шта че ми то кога нема да сум М-р. Другарка, нели тоа се сите више. Имам време јас да размислам до октомври, сега прво дипломска да спремам, па да се фатам во поход за некаква пракса-работа што год.
Регуларно една година, односно 2 семестри се 1000 е, одбраната е 42.000 ден. Дополнителната година уствари се околу 4 предмети кои треба да ги полагаш и се плаќа по 5000 ден од испит.
Дали можеби знаеш од кога е укината и дали тоа важи само за тие што се при крај, па нема да имаат шанса повеќе да поднесат документи или важи и за тие што поднеле уште поодамна, им ги примиле, ама уште чекаат?
Незнам да ти кажам најубаво јави си се во министерството јас кога се јавив да ми кажат кои се документи се потребани ми кажаа дека е укината, а знам дека се состануваат еднаш годишно за да ги разгледаат сите барања и еднаш годишно се исплаќа, ако ти е одобрена би требало да ти ги пуштат парите.
Знам луѓе кои добиле стипендија за постдипломски студии во странство, а еве и овде погоре прочитав дека има такви, ама обично за конкурсите секогаш дознавам откако ќе завршат. Ќе сака ли некој да сподели каде може да се аплицира за стипендија за постдипломски студии (освен овие што ги доделува владата). Секакво лично искуство или поврзана информација е добредојдена.
Многу би сакала да се запишам на постдипломски студии, меѓутоа сега за сега ќе остане ми само пуста желба. Завршив биохемија на ПМФ, т.е. ги положив сите испити (за најкраток можен рок), уште дипломската да ја одбранам кога ќе им помине одморот. Сакав сега од септември додека се уште сум во форма да се запишам на мојот факултет или евентуално на Технолошки, но многу ми е скапо и затоа се откажав. Пари мои настрана немам тргнато, а со сестра ми се поклопивме 2 години заедно во Скопје и мајка ми маки невидени претрпи за да успее да не издржи, не можам сега и за ова да и спомнам, таман кога си помисли дека годинава полесно ќе се диши. Среќа тргнав на работа, па ќе почнам да штедам, за догодина, здравје (патем и за куп други работи штедам )... да помине некое време ќе разговарам и со газдата можеби и тој ќе сака да ме финансира. Инаку по природа сум екстремно амбициозна,сакам да се надоградувам...учењето никогаш не ми било проблем (просекот ми 9,6) и 15 испити да се би прифатила, а камо ли вака со по максимум 5-6 испити. Штета би било навистина ако не успеам во тоа, цел живот ќе се чувствувам како оскатена. Сега навистина ми е најпогодното време за тоа, утре здравје и фамилија треба да се гради, маж, деца, ќе биде напорно, ама што е тоа е.... јас ќе дадам се од себе за да го остварам она што сум го замислила.
Учев еден семестар во Мк, кога ние полагавме државна матура нив им беа уписите и несмеев да изгубам година заради алиментација дека зимам.. Се отпишав и сега пак се запишав, но имам време да сменам т.е да средам ова што го пишав
Дали може со 3 години факултет (180 кредита) да се запишам на постдипломски ? Не дека планирам годинава, но да си знам.
И јас така знам, ама на мојот факултет нешто збореа ако одберам да одам со 3 години, а не со 4, не ќе можам да се запишам потоа. Спојлер На информатика на УГД сум.
Пoвелете.. http://www.basileus.ugent.be/index.asp http://www.daad.de/en/ И следете ги Млади инфо.. http://www.mladiinfo.com/
Здраво јас сум нова на форумов, редовно го пратам ама еве се зачленив бидејки ми треба помош во врска со изборот за постдипломски студии , 2000 евра не се малку па сакам да земам нешто корисно за учење не е страшно ке се научи вака завршив е бизнис на економски факултет сеа пред еден месец и во страшна дилема сум па ако може некој да помогне да ми одговори на прашањата 1. Се мислам да се запишам на сметководство и ревизија постдипломски па знае ли некој како е таму корисно ли е итн итн 2 И за проект менаџмент на електро дали има некој запишан на овие студии има ли перспектива 3. Дали може со е бизнис да се запишам на постдипломски студии на некој од информатичките факултети ама на УКИМ тоа ми е најжелба ама незнам дали е возможно Фала ви многу поздрав