и уште нешто на економски предавањата за постдипломски редовни ли се или онака формално ? дали може на пример 1-2 неделно да одам ??
^На економски предавањата се во сабота претежно, и не се задолжителни, но пожелно е да се присуствува. Инаку јас, триста ума сменив. Сите ме премислуваат за електро, ни ваму ни таму не ќе сум. А и реално така ќе е. :/ Лани во септември беа уписите, а септември ќе дојде дур да трепнам и пак не ќе знам што да се запишам. Да имав работа ќе беше многу полесно да се одлучам. Сепак се одлучив да си продолжам на економски, но и смеровите што ги сакам се многу различни, па уште се думам. Со сите што разговарав различно ме советуваа, кој вика на полесно, кој вика на потешко (подобро) сеуште не знам. Меѓу трите што се мислам, се Маркетинг (што највеќе го сакам од овој избор, но од друга страна не сакам да ги слушам истите предмети што сум ги слушала во текот на студиите, бидејќи ништо нема да научам ново, џабе парите.) Монетарна економија, финансии и банкарство (што ќе ми биде вистински предизвик бидејќи ниту еден предмет го немам слушано во текот на студиите) Економски развој и меѓународни финансии (што прилично ми се допаѓаат предметите, но не знам апсолутно ниту еден запишан таму да ме усмери на некој начин). Ако има некоја феминка на овие смерови, нека ми прати лп
Сакам да прашам дали некој има запишано постдипломски студии на филозофски факултет (менаџмент во образование на институт за педагогија) и ако може да сподели искуство? огромна благодарност
Студентка сум на правниот факлутет и ме интерсира дали некој знае со кој друг факлутет освен правниот може да се комбинира за постдипломските студии. И доколку некој знае вкупниот ценовник за 2 години постдипломски во Скопје на правен.
Ме интересира дали е можно постдипломски студии по меѓународно право да ги земеш во странство и каде ако претходно си студирал три години на Правен Факултет Јустинијан Први Скопје?
Конкурс за запишување на втор циклус на студии на студиските програми на УКИМ Година 2012/2013 http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/178_ ... -13_v1.pdf
Има ли некој што ќе запишува сега постдипломски студии на правен во Скопје,ме интересира што документи се потребни?Благодарам однапред!!!
Јас се запишав на Економски институт последипломски студии на смер Финансиски менаџмент.... Да ви кажам право страшно бев разочарана со оглед на тоа едно кажуваат на почеток а сосема друго испадна на крај секако на грб на стидентите Ова беше полошо од факултет... Иако професорите се подостапни, предавањата им беа сувопарни, со минимална дискусија, кратко траеја семестрите- не затрупаа со семинарски наместо со проекти или истражувања, и класични испити... Демек постдиплоските треба да се на повисоко ниво од факултетските студии ама за жал не беше така... Сепак истерав една година и ми остана уште еден испит од кој ме фаќа паника КОМЕРЦИЈАЛНО БАНКАРСТВО... Професоркава издала книга која моравме да и ја купиме (300 страни) и као треба цела да ја учиме - Yeah Right!!! Ако некој од вас има искуство со предметов или го полагал ако може да помогне за скратени материјали или нешто слично нека ми пише.... За останатиет тука сум да дадам консултација за институтов. Благодарам Поздрав и убав ден !!!
Здраво Лина24..... Не знам која е цената за 3+2 ама јас сум 4+1 за една година платив 1100 евра, додека магистесркиот ми е уште 1000 еур мислам... Јави се за цените се ќе ти кажат... Инаку јас лично воопшто не сум задоволна до институтот... Ако уште не си решила прочепкај и разгледај и други можности пред да решиш....
Има некој што студира МБА менаџмент на Економски во Скопје, да сподели искуство околу предмети, полагања и слични работи Фала однапред
Иако сега сум 1ва година, ме интересира нешто за постдипломските.. Студирам на НХА сликарство и сакам постдипломски да учам за ентериер, архитектура.. Дали е возможно од сродна струка или да се префрлам во втора година уште од сега на ентериер? Државата ми е во ЕУ а постдипломските планирам накај Скандинавија, Холандија или натаму..засега.. Ај ако знае некој нека ми пише..Фала однапред..
Женски имам дипломирано на Информатика и компјутерска техника и сега запишав педагошка доквалификација на Филозофски во Скопје. Е сега на студентски ми рекоа да си одберам кај кој професор сакам да ги полагам методика и психологија. Некој од Филозофски фак. ако има искуство со некој од овие професори нека сподели, бидејќи не ги знам проифесорите и начинот на кој се полага кај нив и колку бараат за учење. Еве ги професориве Испитот по предметот МЕТОДИКА се полага кај следниве професори: проф. д-р Марија Тофовиќ Ќамилова (полагаат студенти со завршен факултет од општествени науки) проф. д-р Снежана Адамческа проф. д-р Јасмина Делчева Диздаревиќ (полагаат студенти со завршен факултет од природни науки) Испитот по предметот ПСИХОЛОГИЈА се полага кај следниве професори: проф. д-р Виолета Арнаудова проф. д-р Елена Ачковска Лешковска доц. д-р Огнен Спасовски Не најдов посебна тема за Филозофски факултет па затоа тука прашав, ако не му е местото тука напрашањево слободно преместете го
Женски, на додипломски сум Англиски јазик и книжевност на УКИМ. Ме интересира, дали по дипломирањето ќе можам да се запишам постдипломски Италијански јазик? Го немам учено во училиште никогаш, ама имам големи познавања. Дали има некој услов за запишување друг јазик за постдипломски?
Јас како што знам од филолошки може да се запишеш на постдипломски на кој јазик сакаш , а сеа за учење ако сметаш дека можеш и имаш познавања зошто да не
Може сум ви досадна тука само нешто прашувам Мака си имам примена сум на постдипломски сметководство , ама некако ми летна времето и пак не сум сигурна дали тоа сакам , од факс ми рекоа дека можам да се префрлам на монетарна економија ако сакам , ве молам за некој што има искуство , нека каже кој од овие 2 смера е поисплатлив , покорисен во понеделник треба да одам да уплаќам ајде ве молам за некој совет
Мене нешто не ми е јасно па ако може некој што знае да ми обајсни Се запишав на потдипломски и сеуште нели не се почнати.До 16 се уписи а на 23 Ноември е доделување на индекси.Ме интересира дали и за нас важи истата сесија како и за редовни студенти,а таа е на 8 Јануари? Премногу е брзо некако,ќе поченеме крај на Ноември а сесија во јануари Или па за нас има друга некоја?
Оофф драга, умот ми мрдна мислејќи го ова! Ами па кога ќе ми текне со што се литература ќе не бомбардираат, ехеее... Денес свечено доделување на индексите и прием на постдипломците, тинтири-минтири, ами камо време за учење? Ќе заборавиме на празници и празнично расположение ако сесијата е почеток на јануари