Не знам за останатите факултети, ама на Економски просекот нема влијание. Сите што аплицираат - ги примаат. Не сум сретнала некој што не го примиле.
Цеца просекот нема никакво влијание, кој си го одврзе кесето тој ќе си плати и ќе си се запише. На сите факултети за магистерски важи тоа правило, за докторат мислам има некој минимум просек, ама да не излажам не знам,а и не е тоа прашањето. Гледав баш пред некој ден суми на мастери на државниве факултети информативно, машала, немаше ни еден понизок до 1500 евра, тоа се пари у питање.
Зависи за кој факултет се интересираш на пример за правен ти треба просек минимум 7,5 на економски сега за сега не бараат а за другиве незнам зависи од тоа колку кандидати има пријавено и колку слободни места има останато ако не се пополнат можат да примат и некој со понизок просек....ама наслушнав дека за некоја година на сите факултети ќе одредиле просек за примање и ќе се придржувале до него е сега колку е тоа точно незнам.Туку мене ме занима дали некој има запишано МБА менаџмент на Гоце Делчев Штип да ми каже како е што е да си знам...
За последен пат на правен факултет Јустинијан Први не бараат просек за упис на магистерски. Инаку нема од 500 на додипломски 499 да се запишуваат на мастер, нели. Верувам дека ни на другите универзитети не бараат просек.
На правен ја бараат таа потврда само ако студентот не полагал англиски јазик како предмет во текот на додипломските студии,а на сите факултети има англиски бар јас колку што сум запознаена..незнам зошто на другите факултети би било различно...прочитајте си го конкурсот внимателно
нема потреба за никаков просек за упис на мастер студи....ке си платиш малку повеке ако сакаш да се запишеш и јас имам дипломирано на приватен факултет и имам завршен мастер и кај нас немаше потрба за потврди за познавање англиски јазик затоа што англиски учевме цел факултет.... така да сите сто сакаат и имаат можмост нека се запишат на мастер---вреди да се учи ви посакувам успех на ситееее....позз
На УГД морална е потврдата за познавање странски јазик нема врска што на факултет си учел...знам дека нема логика ама тоа е што е....ако немаш потврда не ти ги примаат документите...а Nati.P за потврдата повеќе ти објаснив во темата за Универзитет Гоце Делчев зашто таму прво видов дека си прашала.
Дали некој има запишано Монетарна економија на Економски факултет да ми каже како е? Какви се професорите? Предавањата,полагањата...
Кој факс мислите дека е најдобар за маркетинг и менаџмент? Не е битно приватен или државен, сакам 4та година да ја запишам, а после и петта. Препораки и искуства ве молам?
Здраво до сите на форумов, сакам да прашам дали некој има што е на постдипломски на сметководство и ревизија на Економски факултет? Или пак има некој близок од кој слушнал информации околу овој смер за постдипломски? Ме интересира како е на овој смер? Позз
Нема врска степенот...бараат само една обична потврда издадена од приватна школа за јазици дека имаш познавање од јазикот дека знаеш да комуницираш,читаш,пишуваш и сл и толку.
Здраво девојки, ве молам за совети, сакам да запишам постдипломски на Економски факултет,смер Европски студии, но немам воопшто никакви информации како се одвива наставата, дали е многу тешко, дали треба многу усмено да презентираш, какви се професорите, итн??? Ве молам ако има некој некакво искуство нека пише, бидејки роковите за пријавување се при крај.