Сакам да прашам..од утре сум 37 недела..бев пред два дена на преглед ми рече докторката дека не ми е созреана..Е сега прашањето ми е дали треба да е созреана за да се породиш?? Или нема врска тоа?
Zdr.. imam edno prasanje no neznam dali e za tuka ili na druga tema posle poragajot mi imaa zaboraveno postelka vo matkata probavme so tabletki na gak odev na kontroli ne uspea posle morase kiretaza da pravam e sega od kiretazata pomina 4 meseci a jas sekoj mesec posle toa me shara samo kako kafeavo i posle nema nisto ne dobivam menstruacija bev na ginekolog mi kaza ke se stabilizira ama jas se plasam ne mi se slucilo ova do sega prv pat ako ima nekoj slicno iskustvo neka napise
На Извештајот од скрининг ми пишува Постелка на преден ѕид, нешто пониско поставена II степен на зрелост. Денес сум 21ва недела. Дали е ОК тоа и што значи II степен на зрелост?
здраво девојки имам едно прашње дали некој имал ваква случка па да сподели искуство. 31 + сум, се е во ред, добар развој, но се загрижив бидејќи ми рече дека имам веќе неколку мали лагуни или плацемтарни езера, дидимери ми се нормални не се покачени, ми рекоа не е ништо страшно дека е нормално но кас сакам и тука да прашам
Јас имам лакуни на постелката и 2 степен на зрелост од 31 недела. На две недели одам на контрола и проверувам ддемери ( сега 36 недела ми се 1600) во Ремедика и во Чаир и двајцата доктори ми рекоа се додека бебето напредува не претставува проблем лакуните. Оди почесто на ехо За да се следат.
Здраво мамички, ќе пишам и тука за мислење,14+5 сум, на ехо постелката е на заден ѕид поставена со нехомогена структура ( швајцарско сирење) така ми објасни докторката, ддимери 1386, од денеска сум на 3*40 мг клексани и аспирин секој втор ден. Ме интересира дали има некоја членка што примала по 3 клексани и дали има подобрување на состојбата? Фала ви однапред.
Здраво девојки, се надевам тука ќе добијам мислење од некоја членка со слично искуство. 15 недела сум, бремена со близнаци, во вторникот сабајлето ми се појави крварење. Бев одма кај матичен, со бебињата се во ред, но едното бебе е ниско, го покрива устието на грлото на матката. Овие денови имам многу оскудно бледо розево крварење на бришење. Докторите со кои се консултирав ми рекоа дека е многу рано и дека има време да се дигне нагоре постелката, да мирувам, да примам утрогестан и алматех таблети и појачана доза на магнезиум и витамин ц. Но секако не сум мирна и ме интересира дали има некоја искуство со вакво крварење од истата причина и колку време траеше?
Постелката ми е високо на преден ѕид. Менува ли тоа нешто, кои се симптомите? Минатата бременост ми беше на заден.
Нипто посевно, освен што покасно и послабо може да го осеќаш бебо зошто има како перниче на предна страна. Мене ми беше на преден ѕид минатата бременост, сега па на заден
Здраво мамички Често имам напади на бубрезите бидејќи пред околу месец дена ми открија камени и проширување на бубрежните канали, 33+6 недела сум. Е сега денес имав пак напад со страшни болки и бев на гинекологија ми ставија инфузија и инекции и потоа кога ме прегледа докторот ми рече дека постелката веќе почнала да созрева. Е сега не знам што точно тоа значи, што се случува кога ќе созрее постелката тогаш треба да се роди бебето ли? Не ли е рано уште сега да почнува да ми созрева постелката? Ве молам доколку некоја може да ми објасни подетално за постелката и дали треба да сум загрижена.
Не е рано,мене на 2 скрининг постелката ми беше мислам 2 степен созреана. После 3 степен зрелост треба да настапи породување. Но има случаеви каде што многу рано созрева а тоа значи бебето не се храни доволно,па ако не се лажам примаат инекции. Сепак консултирај се со матичен.
Здраво. На последна контрола во 26/7 недела Др пишал кај постелката 2римско, што би значело втор степен на зрелост. Мене не ми кажа ништо, само ми рече дека постелката е во ред. Не е рано за втор степен зрелост во оваа недела? Ваши искуства?
Немам баш такво искуство. Ама еве нешто слично. Мене ми кажаа во 32ра дека постелката не се знае до кога ќе издржи. Не ми кажаа ниту кој степен на зрелост ниту ништо. Ме оставија цела во прашалници и преплашена. Очекувајки бебе да престане да се храни и да почне процесот на пораѓај. Влагам во 37ма недела за 2 дена. Постелката функционира , пророците се ок. Бебе се храни, послабо напредува ама битно се храни. Така да немој како мене да си правиш стресови. Ако расте бебе од контрола на контрола макар и по 50,100 грама значи дека е ок и нема простор за паника.
Дали местото на постелката, дали е на преден или заден ѕид, менува во начинот на породување? За плацентс превиа, секако знам дека е со царски.
Не менува. Единствено има улога во амортизација на ударите од бебето ако е на преден. Другото се е исто.