Па не знам дали ќе се повлечат, кај мене се повлекоа. Во 13-та недела ми се појавија во првата бременост, боцкав Фраксипарини и пиев Аспирин, а ми кажаа и да зголемам доза на витамин Ц на 1000 (дотогаш пиев од 500). После некое време понатаму во бременоста ги снема и до крај не се појавија пак. Консултирај се со гинеколог и со трансфузиолог. Мерките на бебето се океј, значи добро се храни, ќе следите ситуација на ехо како напредува.
Ти благодарам многу, ме интересира уште ова, дали лакуните имаат врска со стареење на постелката или ова е сосема друга ситуација? Претпоставувам дека ќе пишуваше во дијагнозата доколку имаше такво нешто,како стареење.. Ти благодарам уште еднаш.
Според моја логика не е поврзано со стареење, сепак мене ми се појавија на крај на прво тромесечие, а не ми беше презреана. Лакуните имаат врска со циркулацијата.
Посети и трансфузиолог али веќе оли ти има кажано, лакуните се поради циркулација и не е поврзано со стареење на постелката.
Само активно парцијално време е скратено, треба да видиш дали терапија ќе ти дадат за тоа димерите ти се во граница на нормала за твоја недела.
Ми дадоа хемовит плус витамин Ц плус Фемибионот 2 што го пиев веројатно заради Лакуните.. Претпоставувам дека се појавиле заради тоа скратено парцијално време..
Со резултатот од Трансфузиологија и со извештајот од гинекологот каде што пишува дека имаш лакуни оди кај трансфузиолог. Иако се океј резултатите за неделите, поради лакуните може да ти вклучат инекции за циркулација.
Ти благодарам премногу на информацијата. Ми рекоа за 3-4недели повторно на контрола. Ама сепак ќе си прашам и трансфузиолог да ми биде мирна главата.. До тогаш пијам Фемибион 2,хемовит плус Ц витамин 500 и гледам да се хранам што е можно најздраво. Сепак прва бременост ми е и стравот ме преовлада, дури се мислев дали да одам на второ мислење во Систина
Земи појака доза на витамин Ц. Знам како ти е, и мене во првата бременост ме извадија од памет лакуните, уште речиси од самиот почеток на бременост. И јас бев на повеќе мислења, плус и кај трансфузиолог. Веќе примав инекции и Аспирин од почеток на бременост, димери ми беа ниски (можеби и под 500 ми беа), две времиња скратени. Трансфузиологот ми кажа тоа е, честа појава се лакуни и таа е терапијата што веќе ја примам. Само ми кажаа наместо 500, да земам витамин Ц од 1000. Затоа и ти давам совет да земеш појака доза Ц.
Ти благодарам од се срце ме смири дека не сум единствена што и кажале дека има лакуни во 21 недела.. Ќе зголемам доза на витамин Ц и ќе споделам со вас информација од следниот преглед. Се тешам со фактот дека ми рекоа дека не се опасни и дека Д димери не се високи.. Баш докторката кажа ако има нешто пресериозно и лошо ќе ти кажевме.
Мене за лакуни уште во 16 негде мислам беше ми рекоа дека имам два.Ддмери времиња протоци супер,лакуните ги снема никој више не ги спомна ни у ремедика ни у државна ни матичен.Уживај си во бременоста не се плаши.Пиј Ц витамин и не се форсирај да креваш тешко и напор ради ниската постелка. Се е во ред
Дечки 19+3 сум и денес прв пат го видов бебе како ме клоца. Уште од 17та недела осеќав по малку ама денес го видов. Има врска што малку подоле од папокот ме клоца или? Во 16та недела докторката ми кажа само постелка добра и плодова вода добра. Ваљда постелката била качена погоре.
Во 19 недела и неможе на друго место да те клоца матката до папокот е,сеуште е малечко така да уживај во движењата рано е сеуште за нагоре
Ти благодарам премногу на информацијата, имам уште едно прашање, денеска имам закажано второ мислење скрининг втор во Систина, па се мислам дали е штетно да правам второ ехо, односно дали е штетно за бебето??
Здравоо.Дали може да ми кажете што значи ниско поставена постелка на преден зид хомогена,така пишува во извештајот кога бев на дежурна поради болки.Дали е опасно?Прва бременост ми е,измешани мислења од доктори.Матичната воопшто не виде такво нешто,битола бев пред некој ден исто,докторката рече се било ок со постелката.На дежурна ми го кажаа ова.Не знам кого да слушам веќе.А болки имам не јаки ама си имам постојано,ниско доле и лево и десно,како менструални,или пецкање.Не можам ни лево ни десно да спијам од болки.И ако стојам подолго време или седам ,пак болки.5 месец сум.Одморам доволно,но понекогаш и до вц да појдам едвај.Се плашам.Ако може искуства.Фалааа
Zdravo.Jas sum 23 gn i 2dena,pred edna nedela na skrinigot mi rekoa deka postelkata mi e na preden zid...e sega dali e normalno seuste da ne go osekam bebeto,iako mi rekoa deka odg na 22 i 2 dena ,edna nedela e pomalo...jas seuste samo osekam kako crevata da mi krokorat kako meurcinja i na momenti kako muskul da mu odripnuva ...dali e toa normalno zatoa sto veke me zagrizuva a termin imam za dve nedeli.