Ако ти е прва бременост нормално е. И кај мене е на преден ѕид ама втора бременост и сум 25та недела сега веќе поинтезивно го осеќам. На преден ѕид кога е постелката помалку се осеќа, а и зависи од бебе до бебе. Ова мене ми е каде каде помирно за разлика од првото што ми го изместуваше цел стомак.
Здраво Еве овде имало тема не знаев. Постелка зрела 3 степен 34 недела. Дали тоа значи дека на бебето нема да му оди храна веќе нема да напредува?
Јас бев како тебе.примав зреење и на крај истерав до 37+5 јога ме породија. Бебе беше мало 2480г, 46 см. Не се хранело доволно ради постелката. Не се сеќирај мајка уште недела две издржи ќе биде се во ред. Ене ја мојата голема висока девојка 5 год се си беше во ред само што помала се роди
Не, 3 дена бев точно во систина. Не беше ни во инкубатор ништо. Одма фати да цица. Ми рекоа дека е здрава и дека се е е во ред. Наводно бебиња над 2кг и нешто не оделе во инкубатор така ми кажаа....
Природно бев со провокации, не бев царски. Како ме плашеа од 29та ќе ме пораѓаа тогаш почнав да примам зреење. Кога се породив постелката беше распадната цела парчиња од што не била добра. Така да редовни контроли јас секоја недела одев, и не се секирај мајка уште две три недели одма ќе пројдат. Со лесно
Баш вечер треба да одам кја докторка на државно да ме види ама дека бев некни си мислев дали да одам, ама во право си редовно подобро ќе одам да видам со постелката што ќе речи таа.
Здраво, денес на преглед матичната ми кажа дека имам лакуни на постелката. Инаку треба да сум 14+3 но др ми кажа дека бебето е поголемо. Јас примам инекции Фраксипарине. Пред 2 недели на скрининг Димчев не ми спомна никакви лакуни. Некој со слично искуство ? Фала
Вчера на матичен Сузана Костовска ми кажа дека сум имала лакуни на постелка. Денес отидов на Гак др ми вика нема лакуни се е ок. Примам инекции со терапија сум. Дали се повлекуваат лакуните дека јас навечер ги примам инекциите. Има ли тоа некаква врска ? Фала
Здраво женски Пред 2 недели добив силни болки како грчеви, во пределот на цел стомак, веднаш појдов на гениколог, ме гледаше на ехо, кажа дека се е во ред, денеска бев на контрола кај матичниот гениколог, на ехо забележа хематом на плацентата, а со бебчето дека е се во ред, само дека е поголемо за 1 недела во димензии, ме боцнаа со прогестерон инекција и ми препиша 1 недела да ставам утрогестан 200мг вагиналети, ми закажа контрола за 10 дена, ми кажа да мирувам, да не кревам тешко, да не бидам изложена на стрес и нервоза, бремена сум 15 недели, дали некој имал слична состојба, или има некое мислење, малку сум испаничена
Јас во 13та недела имав и ми имаше и пукнато ама не прокрварев. Не кревај ништо тешко мирувај и ќе се повлече и терапијата примај си ја. Не се плаши штом бебе е во ред.
На заден ѕид повеќе и порано се осеќа бебето отколку на преден, а друго нешто позначајно мислам нема разлика
Кога почна мајка да го осеќаш ако се сеќаваш? Имене ми е втора бременосѕ, постелка преден ѕид, 18та недела терам и сеуште не осеќам ...