Да не те лажам ама дали 18та или 20та недела почнав али покасно поубаво удираше да кажам од 24та недела.
Излеа ќе почекам и јас.. така мислам сум осетила неколку пати повеќе аум аигурна дека беше бебе.. ажа навечер легната не сеште
Девојки, имам неколку прашања, па се надевам дека некоја ќе може да ми даде колку-толку поедноставен одговор. Вчера кога бев кај Котларова (34+0), го измери бебче, одговара за 33+2, значи не е дека целосно стагнира, си има напредок. Вели нема да биде големо бебе, ама добра си е, и протоците се добри. Чисто за контекст, до 30 недела бебе мереше секогаш понапред, 31-32 се изедначи со гестациска недела, и веќе од 32 напредува послабо, и послабо качува килажа. Плодова вода си има доволно, како што треба. Е сега, Котларова ми рече и постелката си е добра, ама еве, зрела, 3 степен веќе. Измери и 3-4 џебови, големина од 2цм до 4.30цм. Е сега, читав наназад на темава во однос на зрелост на постелка, гледам спомнувате наназад и вие, налетав на термини како лагуни, калцификати, итн итн. Барав и онлајн, ама не успеав да најдам и да сфатам што се тие, дали некој може да ми каже? Што значи зрела постелка 3 степен од 34 недела? Дали тоа значи дека веќе постелката ја губи функцијата, и се потешко му овозможува нутриенти и кислород на бебето, па поради тоа напредува поспоро? Дали тоа значи дека индуциран пораѓај се наближува порано? ПС: Да напоменам, покриена сум комплетно со терапија - примам клексан 0.4 од 5та недела бременост поради мутации, пиев и Аспирин 100ка секој втор ден до 30та недела, и дополнително следниве витамини: - Витамин Ц 1500 дневно - Метилирана фолна 1000мг - Метил Б-12 1000мг - Б6 - Магнезиум 400мг - Ферона 2х1 - Омега 3 Ви благодарам однапред за секоја споделена информација.
Штом те следи Др и кажува дека е во ред, во ред ќе си биде се. Кај мене исто постелката почна да зрее порано, чинам дека во 34 недела и кај мене беше 3 степен. Го прашав матичниот тогаш и ми рече дека не претставува никаков проблем. Бебето исто и кај мене, одговараше за г.н, но при крајот ми рекоа дека е некој ден поназад и дека нема да биде големо бебе. Јас па на тоа се радував зошто знаев дека ќе го родам полесно. Се роди жива и здрава во 40г.н, точно на термин. Со лесноо!
Фала ти многу, ми смири мисли малку. Мене ме следи др. Дракулевски, и во понеделникот ептен ме испаничи дека ми рече ќе треба порано пораѓај, бидејќи бебето не напредува, туку стагнира, па поради тоа ќе треба да се вади (според мерења, покажуваше исто како и пред 2 недели). Јас имам ептен комплицирана историја, и сум веќе со години кај него, а правев плус и скрининзи кај Котларова. Последно бев кај неа 32+0, и вчера отидов пак на 34+0, според нејзините мерења, што и доста внимателно ги фати, бебе си има напредок, не многу, ама не е стагнација, одговара за 33+2. Ама ме загрижи и ова со џебовите и зрелата постелка, па си викам дали треба да се спремам порано, дека не сме уште комплетни. Дракулевски ме стави секој ден на цтг, да следиме како ќе биде, па јас си викам да издржам барем до 36та недела, ене го кај е. Плус сум и на терапија со клексан еднаш дневно од 5та недела бременост, па си викам ваљда ќе додржи постелката. Бебче моментално е околу 2200, се надевам да успее да накачи барем докај 2800
И моето бебе беше поназад дури две недели, се породив пред 2 дена бебе тешко 2750гр. Битно нема проблем со дишење како што јас се плашев. Ќе си пораснат не се секирај.
Леле честиткиииии, живи и здрави да сте со бебуш. Те прочитав во друга тема, дека си се породила во 38+5 недела - мене тоа ми е целта, да стигнам до таму. Чекор по чекор, целам прво кон 36та (моментално 34+4), па после тоа ќе целиме да стигнам и 38. Ептен зголемив на исхрана од минатата недела, се што може да е калорично и протеинско, денес одам на преглед, и се надевам дека се фатило нешто и на бебче, да накачува само килажа.
Девојки здраво 32н 3 дена бебе одговара за неделите. Проблем постелка, почната е да старее и одговара како постелка од 37ма нед. По препорака клексани од 0.4 2 недели. Се надевам нема да треба пред време. Протоци 10ка се др како што треба. Мислење, ми треба утеха дека некој со таква постелка издржал
Читам доста по интернетов зошто и ја не знам.. Некоја мајка се има соочено со овакво вадење на плацентата? Пишува како во случај ако е "залепена" за матката и неможат да ја истегнат преку папочната врвка.. Воа ми изгледа ептен крипи
Јас И да воопшто не е пријатно... Не мисли на вакви работи, опушти се, во повеќето случаеви нема потреба од такво нешто
Девојки јас сум 11+3 и денес на преглед др ми рече дека имам лакуни на постелка. Ме прати на трансфузиологија да испитам ддимери и хомеостаза. Тука читам дека овие лакуни се зреење на постелката и се јавуват подоцна.. дали има простор за паника? п.с рече дека се мн мали. Бебе си напредува правилно, одговра на г.н
Од почеток на бременост имам мали лакуни и се е океј и јас исто испитував заради тоа порано ддимери и хемостаза од предвиденото, колку беа на почетокот толку се и сега еве 35 недела терам, стагнираат, бебче битно правилно да се развива.
Исто кај мене се појавија многу мали лакуни на постелката во 11та недела (неколку дена пред прв скрининг ми кажа матичната). Јас сум моментално 37 недела и мене лично никакви проблеми не ми направија на постелката. Уште ги имам. Меѓутоа, секој месец проверував д-димери и хемостаза и на две недели на контрола одев за да се следи постелката и нејзиното зреење. Кај мене лично д-димерите цело време ми беа и се` уште се под контрола, единствено ми беше намалено активираното парцијално протромбинско време, а од терапија примав аспирин до 32 гн. После тоа ми ги прекинаа. Се додека бебето напредува добро, д-димерите се океј и протоците се добри, немаш гајле. Доколку д-димерите не се добри, ќе ти дадат терапија со клексани.