Pa I mene ne mi potencira doktorot deka e nesto stasno toa samo mi rece deka ako ne se kreni ke se poragam so carski pa zdravje sega koga ke odam na pregled ke vidime kako ke e dali ke e isto nisko ili ke e podkrenata sepak fala ti @kara1
Мамички , знае ли некоја од која недела постелката преминува во втор степен и дали има врска тоа дека ако покасно премине покасно ќе се породиш и обратно?!
Мене некаде од 36/37та ми беше веќе скроз зрела и дури ми рекоа очекувај да биде за брзо, а затерав до 41+1 мислам немора да значи...
Јас бев пред некој ден на контрола -29недела ,и др ми вика постелка прв степен и ме праша која недела се породив со првото и која килажа било и кажав дека во 41 и тоа царски оти провокација ми ставија ништо не ми делуваше нит се отворив ни па болки знам шо се и го извадија царски.И ми вика др дека според постелкава и ова ќе било така сигурно исто големко било. А еве па по твоево значи нема врска едното со другото
Јас го доносив ете доста со зрела постелка, ама постелката беше деформирана од толку време што била зрела и воопшто не излезе од мене после пораѓај, па ми ја исчистија со целосна анестезија. Баш и д-димери правев (супер беа) поради тоа што одамна не изгледаше како што треба... дури д-р ми рече ти бе ко по две кутии цигари да пушиш, постелкава катастрофа (а не пушам), битно здраво право бебче родив, со висока оцена оценето. Сега за второво ке видиме, дали и тоа ке се заборави...
Ај една информација ве молам Можно ли е во 10 недела да има одлепување на постелката , според моја логика тогаш се формира уште постелката . На моја блиска и кажале така па не ми е баш веродостојно
Мислам може секогаш... затоа и се случуваат некои спонтани во рана бременост, се одлепува од ѕидот на матката... крварењата исто така од такви работи се случуваат... ако се одлепи малку, бар ако точно сум разбрала.. Како е пријателката? Како воспоставиле дека се одлепила? Крварела?
@mariz на обичен ехо преглед била , без индикации, ни крварење ни болки . Сега утрогестан и мирување . Незнаев дека толку рано може проблеми со постелката да има .
Да, јас. Мене во 9-10 недела ми се јави крвавење и тоа црвена крв и обилно неколку дена. Ми траеше крвавењето 3 недели може и повеќе. Ми рекоа мало одлепување на постелката и затоа црвена крв. Со терапија и лежење полека-полека се се среди.
Можно е.. се гледа и на обично ехо.. Само знам ако се одлепи и крварење доаѓа, но ете може и немора... Мене еднаш 5секунди од памет ме извади, а стварно некако чудно изгледаше постелката на ехото, како над бебето падната, леле вика што си направила сега треба да те праќам на трансфузиологија и јас И после 1мин гледање се беше во ред на ехото, тоа нешто бешиката била, дека препуна и викам и сега? Не бе вика во ред е.. ама за секој случај си бев одма после тоа кај една приватна и добро потврди дека е се во ред....
@ada21 мене ми е чудно малку. Или ептен сега се одлепила, или не гледале убаво. Ама во секој случај ако е стварно одлепена ептен на време ја виделе, обично има крварење.
@iki26 @mariz @eli25 фала ви на мислењата . Незнаев што да ја советувам стварно ми беше нејасно , а нема крварење . Најдобро да оди и на друго мислење за секој случај .
@ada21 јас би отишла на 2ро повеќето така правиме. Мене матичната ми рече 6мм ти е постелката до грлото, ако се спушти ќе имаш крварење па недај боже предвремено , во Ремедика три пати ја премерија 2,3 цм над грлото на матка. Ми дадоа слики да и однесам на матичната , се изнервира и др. што те вадат од памет а не е така.
Na bratucedka mi i e taka.Ima krvarenje.Isto 10ta nedela.Strogo miruvanje.Prestana da odi i na rabota.Utrogestan prima i progesteron
Здраво девојки, јас сум моментално 19 недела и сум со дијагноза ниска постелка, до цервикс. Ме интересира дали некој имал сличен проблем и дали мирувањето ви помогнало за повторно да се качи постелката?
@Ambra20 мене во 15 недела ми кажаа дека е скрос ниско и дека го покрива грлото на матката , па со лежење во 21 недела веќе се беше кренала до средина , сега е таман .
@ada21 Фала на одговорот. А кажи ми те молам лежеше ли цело време без никакви станувања или само со повеќе одмарања?
Амбра, др. што ме води ми објасни дека постелката си се мести после 28 недела и може да се качи горе. Мене матичен кога ми рече постелката ти е само 6мм до грло ме извади од памет , и викам треба ли само лежење ми рече не стриктно , може и раздвижување и шетање. Потоа испадна дека лошо видела. Така да види си и 2 мислење да не испадне работава ко мене.
@Ambra па 4 недели интензивно и строго мирување . После тоа 4 недели си беше се во ред ми кажаа да се движам по малку па почна цервиксот да се крати и пак во кревет . Ама тоа е , само да биде се во ред . Сега се раздвижувам по малку ама пак мирувам.