@Bicc еве ме, 27 гн, лакуни, созрева, доплер ок, дидимери 550... Паники. Уште една недела до контрола. Првава ми падна имунитетот плус настинав, ама убаво. Сеа за сеа само трпение и чекам уште една недела. Докторите, некој испаничи, некој ко ништо да не било. Другаркиве викаат немај гајле, ништо страшно. Се шашардисав.
Иста вредност во истата недела, не ми се верува. Сега сум 35+5 а во 27ма правев димери и резултатот ми беше 550. Имав и имам лакуни бев на второ мислење ми рекоа додека бебето се храни добро и напредува нема место за паника
не не. Трансфузиологот ми имаше пишано мислење “уреден наод“ потоа бев пак кај матичниот и на второ мислење (во државната болница во Битола на гинекологија) и двајцата рекоја дека супер е се и покрај лакуните.
Постелка втор степен на зрелост и почнале да се создаваат лакуни нормално ли е за 36+ недела и од која недела е нормално трет степен на зрелост или нема правило?
Мамички. Што значи ако "постелката е на заден зид. Ниско всадена со хомогена структура" ? Адамова не ми објасни убаво. Иначе 12+4 сум.
Знaчи декa пoстелкaтa е нa ѕидoт oд мaткaт кoј е пoблизoк дo грбoт(aкo беше нa преден ѕид тoгaш е нa ѕидoт кoј е пoблизoк дo бешикaтa) хoмoгенa структурa е без лaкуни (еднaквa, рaмнoмернa структурa) и нискo пoстaвенa е нискo пoстaвенa нaдoлу кoн цервиксoт (битнo е дa не гo прекривa). Се нa се дoбaр нaoд.
Некој да знае што е тоа нехомогена постелка? Докторката ме гледаше на обично ехо се беше во ред срцеви откуцаи 195 ( некако мн ми се виде) ама ми вика постелката е нехомогена.. Ми даде упат за трансфузиологија. Рече таа се формирала до 25 недела ама пак да испитам... Некој искуство?
Нехомогена постелка е постелка која ја губи/намалува својата структура, предвреме зрее, ја губи својата функција, бебето не добива доволно храна и кислород, каде може да доведе до намален или целосен раст и развој на фетусот. Причини можат да бидат најразлични од инфекции, состојби до анемија и стрес. Плацентата се формира до 16та недела и до 30та не треба да губи од својата структура. Совет веќе си добила, одма на Трансфузиолог, побарај и второ мислење каде што ќе има пософистицирано ехо, контроли почести, побарај и доплер на папочна врвца да ти направат. Најверојатно имаш калцификати тие некако се пропратени со предвремено зреење на постелката, па чарето е Клексан/Фраксипарин. Која недела си??
9 + 2.. me gledase na obicno eho preku stomak.. a koga bev vo sistina na 6+6 niso ne mi kazaa... @emkaemka
Многу е рано за било каков заклучок, мала недела си каде што постелката сеуште не си ја превзела функцијата, сеуште е во фаза на формирање.. не сум ни сигурна дека во оваа фаза од бременоста може да се донесе таков заклучок.. Појди си на Трансфузиолог, но второ мислење обавезно
Здраво јас пак да побарам совет... Бев на трансфизиолог резултатите беа добри не ми дадоа ништо терапија. Е сега на прв скрининг 11 плус 4 во систина докторот ми рече во право била докторката што ме пратила на трансфузиолог рече пак да одам пред нареден преглед и ништо друго. После на извештај читам пишал 3 до 4 лакуни под 15мм... се извадив од памет... ќе одам на трансфузиолог за 2 недели и за 3 ќе закажам пак преглед. Он ми кажа као нареден преглед за 6 недели ама тоа мн ми се гледа. Сакав да прашам ако резултатите пак ми се во ред а лакуните си стојат чаре???
И мене веќе ми е зрела постелката, имам лакуни неколку. Мислам дека е нормално со оглед што одам накај 37 ? Има сепак доволно проток. Ме интересира дали си издржува и вака зреела уште некоја недела? и Клексаните што помагаат од тој аспект? Јас ги примам за димерите,ама мојата докторка кажа и за постелката се добри. Ме интересира и дали зрее постелката од тие инекции за зреење на детето? Јас така наслушнав па баш ме интересира?
Се утепав од читање се испопаничив.. Па една блиска што исто имала во бременост одма ми вика да сум одела незнам кај која докторка дека не било добро што толку рано ми се појавиле... вчера неможев да спијам... Тебе кога ти ги видоа прв пат?