Ништо со време ќе се подигне.. Ист случај ниско всадено веќе се подигна и немам никаков проблем уште 2 дена и влегувам во 32ра недела..
Истото и мене ме интересира. Мојата на заден била и докторката само искоментира ,,супер на заден ѕид е,тоа ме радува,,.
И мојата постелка е на заден ѕид.. мислам дека разликата ако е на преден помалку се осеќа а на заден повеќе се осеќа бар така знам нема врска ништо..
Jas sum na zaden zid i bebeto go osekam pokasno za razlika od tie sto se bremeni so preden zid.Jas znam deka e obratno od tvoeto mislenje ili gresam?
Нема врска преден заден, исто си е за развитокот на беблето. Демек ако е на заден може порано да се почуствува бебчето а ако е на преден му иде како перниче врз бебчето па покасно да се почуствува. Но ни тоа не е правило.
Кај мене на преден е и од 17 почнав да го осеќам, на 20-21 веќе се гледаше движењето и со око и оттогаш навака нема застанато ме отепа
Исто беше и кај мене. Едноставно постелката е врз него, му иде како заштитен слој, и тоа претка претка внатре ама не се осеќа. Сите три бремености ми беа различни. Без гајле.
Фала ти,уште од почеток на бременост знаеш секогаш да ме смириш,а јас пак ти досаѓам за се и сешто ...
Не еве и danichap истото ти го кажа.. јас во 16та недела почнав да ја чуствувам но не како и сега во 8ми месец.. тоа е уште е мало и затоа неможете убаво да го чуствувате сосем нормално..
Добро утро. Сакав да прашам дали некој знае колку е нормално да зрее постелката во 34та недела. Бев болна и вчера докторот на ехо сакаше да види само како работи срцето на бебето и ми рече ааа постелката зрее, во петок сум на контрола детално да ме гледа ама сеа што читав по нет се распаметив. Некоја со слично искуство
Нормално е да зрее, незнам зошто си исплашена кога веќе си при крај. Таа зрее низ цела бременост, а во 34та недела нормално е да има веќе и калцификати. Во првата бременост јас имав калцификати уште од 31ва, а истерав полни 40.
Леле фала ти најмногу на утешниов одговор, низ нет што не прочитав се шекнав, до сепса стигнав. Во петок сум на контрола ќе видиме детално што како. Фала ти уште еднаш најмногу.
луѓе сега се вратив од кај докторката ми рече дека постелката ми е втор степен и ако почне да узрејува побрзо ќе треба предвремено породување...мнг се исплашив а 32 недела сум...ве молам помагајте ако некоја знае што да правам др ми даде упат за димери да одам другава недела па по резултатите од тоа ќе видиме што ќе се случува од што се случува тоа брзо узрејување? и како можам да го успорам? несакам превремено
Драга Белла, јас сум ист случај како тебе. Идентичен. Втор степен на зрелост на постелка и истата полна со лакуни. Матичниот ми вика како што ти опишав. Отидов на второ мислење кај специјалист,истото ми го кажа. Но да знаеш дека таква постелка може да издржи уште некоја недела без проблем. Јас еве сум 37+2 денес и гуркам уште. Не се плаши. Доколку ги разгледаш темите поубаво ќе видиш многу примери со зрела постелка кои терале до крај.