според мене е совршен подарок! Сите купуваат алишта, играчки и слично а реално нешто што е навистина потребно и секако не би било на одмет е екстра постелнинка! Јас пред некое време купив во Стружанка, плавка со том и џери и мислам дека беше некои 600 денари...
Eli25 види во Тач имаат уваби модели за цената незнам која е зави си колку ти е блиска личност па колку планираш да дадеш,инаку има и во Јуск пред 2 месеци бев и имаше прекрасни дезени
феминки јас да си прашам нешто...имам купони и од тинекс и од рамсторе за постелнина....е сега незнам кои се подобри...во тинекс се 1700 денари со 30 купони на feeling Спојлер катастрофа значи можеле со 100 купони да го направат..и го кажав на една продавачка во тинекс истото и се што добив е ваков поглед а во рамстор 10 купони на golden daisy постелнина добиваш со доплата од 900 односно 1100 денари за дупли јоргански чаршав... јас имам земено од рамстор лани со доплата и не се лоши ..малку ми идат како со повеќе полиестер за разлика од стружанка постелнини (произведени кај нас, околку 1250денари коштаа) кои се прекрасни памучни и немаат гајле на вриење... предлог
Во Енци Менци Аеродром имаше постелнина ,кебенца убави за бебиња,ако си во можност оди утре ја затвараат продавницата. На Дормео постелнините ми изгледаат убави немам купено лично во план ми се но од блиски слушнав пофални зборови ,а кебенцата од таму ми се многу убави ама и цената е солена за едно кебе3000 ден Јас најмногу се израдував кога за свадбен поклон добив Тач постелнина материјалот е некако свиленкаст ама подобро нешто од тоа немам по дома многу се убави за спиење нежен материјалот за разлика од стружанка каде што се покрути . Не секогаш поскапо значи поквалитетно но во однос на постелнина се покажало како вистинито .
Дали знаете да ми кажете каде можам да најдам единечна постелнина со Hello Kitty со пристапна цена? И нормално да не е некој мизерен квалитет...
http://www.luocapatisca.com/ овде има голем избор имаше и со Hello Kitty провери дали има останато уште. Не ја отвара страницата побарај ги на фб Fabress Balkan (Luoca Patisca)
за децата имам постелнини од тач попај сина и барбика розева ги купив пред 5 години имаше тогаш акција купи 2 ја добиваш 3 гратис а двете коштаа по 2000 денари една ептен се убави еве 5 години ги користиме нит се скинале нит бој аму се сменила си вредат за парите
Како и повеќето од вас имам Тач и постелнини од македонско производство од Стружанка. На Тач постелините ми се многу стари, може и повеќе од 5-6 години и уште се во супер состојба после редовно користење и често перење. Ме интересира каде сега има постелнини на Тач, зошто продавнициве кај што имаше порано се сменети или затворени? Исто ме интересира дали имате некаде видено постелнини од свила?
Последен пат во Тач бев летоска, тогаш работеа продавниците во ГТЦ и Рамстор, сега навистина не знам дали работат сеуште. Инаку, да си прашам нешто. Јас до сега користам исклучиво Тач постелнини, ама ги видов овие на Fabress Balkan, па ме интересира некој што има искуство да ми каже какви се: материјалот, дали бледеат боите после некое време и сл. Многу ме бендисаа дезениве, па планирам да купам.
Добив на подарок за веридбата постелнина од некои ми ти Адо трејд. Не ни требаше до сега, ја немавме отворено. Луѓе мои, таков ужас во животот немам видено!!! Прво материјалот, пишува 100% памук, а реално 100% нема памук. Проѕирна е како газа, на рабовите останато она од машината кога го собира материјалот во топ, навлаките за јорган и периците беа пола отпарани од страните, а долниот чаршав не беше порабен... Е и тоа го има!!! Да си знаете ако некогаш ви се видат симпатични, барајте да ви ги отворат под итно!!!
да точно е тоа за джабе не велат колку пари толку приказна И јас се залетав да земам од ефтините викам што се 600 денари дај да си земам 2=1200ден. ги земав добри беа а матерејалот што да ти кажам тенок и кога ги постилаш долниот чаршав е тенок и се многу лесно собита... ги исправ во машина на 40 неколку перења навлаките ми се одпорааа и знаеш колку боја пуштат сега кога се си реновирам спална ке си земам ТАЧ постелнина барем вредат за парите имам слилушнато дека ги фалат и читам низ форумов
Јас да ја видам горенаведената постелнина во дуќан, никогаш не би ја купила. Сите бараме да ни ги отворат работите барем да ги пипнеме нели. Ова беше вака распадната ПРЕД перење, значи од фолија таква ја извадив. А откако од незнам кои причини ја исправ, од неа не остана ништо освен што ќе си ја зезнев машината за перење, од филтерот една цела мачка конци извадив... Целата стана ко на карнери, нема никакви шанси да се постели. Боите и беа многу убави, шари лудница, боите ко што ми се во спална, ама џабе. Плати - клати!
Препорачајте ми некоии добри постелнини, во план сум да купам неколку, да ми се најдат за мажачка Пред некој ден бев во една продавница имаше од 600ден па нагоре, најверојатно како што кажувате овие од 600ден не чинат за ништо. Им фрлив око на едни постелнини мн ми се бендисаа 1600ден беа, со прекрасни дезени. Само не знам од која фирма беа, продавачката ми кажа дека биле мн квалитетни памучни и имале 2 год гаранција.
Тач постелнините се најдобри според мене. Најстарата постелнина ми е 8 години и како нова е, ниту бојата е избледена, ниту материјалот е излитен, ништо, како што ја купив тогаш, таква е и сега. И сеуште ја користам Е сега, за скапи, скапи се, ама си вредат за парите со оглед на тоа колку долго ги користам. Сега, како што пишав погоре сакам да ги пробам постелнините на Fabress Balkan, па ќе видам како ќе се покажат. Ептен мерак ми направија со дезените.