За тие што се од Велес, мајка ми на поминување во Туш начекала на попуст по 700ден. големи убави постелнини. Мене ми зела бела, со нијанси на плави големи кругови.
Јас ја менувам еднаш неделно, а по потреба (пошто имам мало дете кој понекогаш сака да се префли кај нас на спална, па да му пропушти пеленото) почесто. Исто и на детето постелнината ја менувам еднаш неделно. Ги перам со останатите алишта, на 60- степени. А ако имам светла постелнина за перење ( бела, светло розе или светло плава) заедно со други бели алишта на 90.
Јас ги имам од оваа фирма и сум супер задоволна засега , уште две имам од македонско производство , но не сум ги отворила сеуште, така инфо за нив подоцна .
Купил ли некој од вас ФАБРЕСС постелнина. Како стојат со цена и квалитет. Баш сега имале некоја акција ако купиш еден производ за следниот имаш 50% попуст.
Јас имав преку Групер земено, и можам да кажам дека се квалитетни. Имав земено сатенски, и пријатни се, а дизајни имаат фантастични. Тач се можеби уште подобри, но и поскапи (не дека Фабрес се многу ефтини)
Како што најавуваат викендов ќе има големи попусти на производи од брендовите Coincasa и @Home, имаат убави постелнини, а може ќе се најде и друго нешто за по дома. Инфо тука.
Те молам Маууѕа кажи ми каде се наоѓаат? Јас сум ти во мометов изгубен германец, прв пат пазарам вакви домаќински работи
Знаете ли каде можам да најдам само долни чаршафи најобични по достапна цена. Некое така забутано продавниче, тезна нешто така.
Каде да си купам?... Па и на попуст плус Знае ли некој каде можам да си купам светна постелнина во Винтеџ стил по некоја приступачна цена? Вака нешто.
Со години користам постелнини од ТАЧ и сум презадоволна од квалитетот. Малку се поскапички но не за џабе рекле “сиромавиот плаќа 2 пати“. Земав еднаш поевтина, ми ги испофалија ептен, квалитет нула, избледе со неколку миења и крута беше за разлика на овие од ТАЧ. Не ги менувам за ништо, и топло ги препорачувам. Посебно бебешки и детски, да знаете дека децата ви спијат на квалитет. А не у оние кинески, по што се појавуваат секакви алергии кај децата Оваа си ја земав за бебуш сега А оваа за мене и мм на почеток на лето(со летна прекривка е )