За спална за возрасни има од 3000 до 5000 зависи дали се дупли,единечни,материјал о сл Детските ,бебешките околу 2500,2900 Имаат на фб страна tac makedonija со цени со се
^ Joy ај ако може линкче од страната, пишав и на латиница и на кирилица не ми ги дава на ФБ..... само од Подгорица еден линк од Тач ми се појави....
Јас имам една постелнина од Гонитекс и една од Тач и по квалитет се на исто ниво, не се мрднати откако се купени. Имам и детска од Гонитекс и таа е прекрасна и имаат убави дизајни. Вреди да се инвестира во квалитетна постелнина, се друго што сум имала од постелнини е брзо потрошен материјал, а овие уште се како нови.
Јас имам слабост на постелини, крпи за во купатило прекривки за кревети. Во последно време купувам од Фабресс. Кваитет како Тач, исто тусрка марка е во прашање ама се пре пре пре убави и многу квалитетен памук. Има за секој џеб. Јас сум воодушевена. Имам и од Дормео но не ми се допаѓа што нема долен чаршав туку само јоргански и навлаки за перници.
Кај Лондон кафичот од карши. Цени имаат за сечиј џеб. А квалитетот да не збориме. Јас имам за ќерка ми постелнина и пончо за бањање. Одлични се.
А може ако не ти е тешко да ми појасниш каде поточно се наоѓа кафичот Лондон? Сум слушнала за него ама не знам баш кај е
Не сакам да правам анти реклама но не знам како ги споредувате фабрес со ТАЧ? Се знае кои се тач, бар знаат оние кои што ги користат. Јас користам нивни постелнини од пред 7 години, и сеуште ми изгледаат гланц нови. А башка што и фабрес кажуваат на купувачите дека фабрес е некоја колекција од ТАЧ? Така другарка ми жива среќна ја увериле дека е ТАЧ и си купила од фабрес, а после тоа кога дозна дека едно со друго нема врска, збесна Со квалитет се многу по слаби а цените се горе доле тука со тач. А исто и од гонитекс кажуваат дека постелнините им се од тач, но не се
Ми требаат обични постелнини без ластик за двосед, тросед и фотеља. Дали некој знае каде може да најдам и колку пари се?
Јас имам и Тач и Фабрес по еден комплет од сатенски памук (доаѓа најскапата постелнина и кај едните и кај другите), и можам да кажам дека на Тач квалитетот е прилично подобар. Мислам дека Фабрес има нијанса пониски цени.
Јас имам Тач постелнини кои ги користам со години. Знам дека еден комплет ми е купен пред 9-10 години и ништо не е попуштено, ниту бојата, ниту материјалот е излитен. За разлика од нив имам и од Фабрес постелнина која ја купив лани за 8 март. За жал, до сега прилично е избледена, а и материјалот не е ист како тој на Тач. Јас би рекла дека разликата во цените сосема одговара со разликата во квалитетот на постелнините.
Не за џабе рекле колку пари толку музика А редовно ги следам на фејсбук ТАЧ и гледам даваат некои промоции. Така што може да се начека и попуст на некои артикли. Сигурно не на нова колекција, но никогаш не се знае
Дали некоја од вас купила постелнина на гарден?Рекламата често им се врти на фб и имаат убави дезени.Какви се со квалитет?