Гледам во Стружанка имаат убави постелнини од македонско производство. Ги има некоја од вас купено? Како сте задоволни од квалитетот? Јас еднаш купив преубава бордо постелнина од МКД производство (од една маалска продавница), на првото перење скроз ми избледе и ја фрлив. Сега се мислам дали да и дадам шанса на постелнината од Стружанка или да не ризикувам и да си купам од Тач.
мислам дека овие имаат убави дезени и не се скапи - од 1290 денари, па нагоре. за квалитет , не знам. http://kupioddoma.com/index.php?route=product/category&path=93
Не за џабе рекле сиромавиот плака 2 пати . Купи си ТаЧ, еднаш ке платиш но ке ја користиш со гооооодини
јас последни порачав една од гардемода и една од купиОдДома. Турски се, и можам да кажам дека ептен се убав квалитет. Ми изгледат издржливи, и во материјал и во боите. И двете платив некаде по 1800 ден. со достава до дома. Немам искуство со постелнини од Стружанка, ама од другите нивни производи бев задоволна.
Мене дома сите постелнини ми се од Тач и сум презадоволна. Ама пред некој ден купував детски пижами од Стружанка и ги здогледав постелнините. Продавачките ептен ми ги испофалија, па ме ставија во дилема. Ај, ќе размислам...ама најверојатно пак ќе си купам од Тач. Фала на сите за одговорите!
Пред 3 месеци нарачавме постелнина од Postelnina.mk и многу сме задоволни. До сега не избледнела после перење. Ја плативме 1 710 денари со достава до дома.
Чисто информативно за оние што сакаат да си купат постелнина од ТАЧ. Имаат саемски попуст до -20 % на целиот асортиман.
Тач се несомнено најдобри, ама и најскапи. Јас добив една на поклон и е прекрасна. 6 години ја користам и ниедно конче не и фали. Кој може да си дозволи ич нека не се мисли.
Со попуст им се движат цените од 2600 па нагоре. А еве на интернет ги продавале по 1700. Но кој знае што материја се и квалитет?? Овие барем(ТАЧ) знам дека се 100% памук и не се кинески.
Бидејќи нема посебна тема за прекривачи, ве молам некој да ми предложи каде може да најдам убави прекривачи за единечни кревети? Во повеќето продавници има убави и интересни дезени на постелнини но никако не можам да најдам некој убав прекривач.
Феминки ќе ве замолам ако некоја знае како беше веб страницата на таа страна што продаваше онлине постелнини кога купуваше дупла постелнина една одеше како поклон. Пред една недела ми спомна колешката ама никако не можам да ја најдам, инто ми треба за подарок ми беше. Поздрав
Јас купувам од една жена,многу е фина и постелнините и се секогаш со разумни цени,памучни убаво дизајнирани стварно кул Мислам дека се македонско производство не сум сигурна
http://kupioddoma.com/index.php?route=product/category&path=93 Овде има преубави постелнини дали некој има порачувано?