Да ве прашам, дели некој/а знае, каде да најдам постелнини со фудбалски тимови? Во кои продавници има?
Јас И што да кажам ене ја стои само ја распакував.Многу лошо е зашиена буквално како да е протрчана со машина,квалитетот е некаков вид на синтетика ,а најмногу не ми се допаднаа боите.Значи иако тврдат дека се исти како на сликата ,не се.Некако се премногу јаки и не се вклопуваат една со друга.Шаренило кое не е пријатно за око.
Да ве информирам ако некој има потреба... Има промоција на памучни ќебиња од ТАЧ во сите жито маркети, дупли 1000 ден, единечни накај 700 и нешто беа. Убави се, меки
Дали некоја од вас го има комплетов Dormeo Siena Сет (1 јорган и 2 перници)? Сега се на попуст, намалени си од 5.500 на 3.000 денари, па размислувам дали да го купам. Го има ли некоја од вас, како сте задоволни?
Акo не е прoблем ќе пишaм вo oвaa стрaнa ... кaде мoжaм дa нaјдaм убaви прикривaчи зa нa гaрнитурa , aкo знaе некoј некa пише вo ск. или oд кaде и дa билo aкo вршaт дoстaвa.
@MIA-SK го купи ли сетот? Јас се мислам помеѓу Сиена сетот и перниците и јорганот Алое вера, повеќе сум за Алое верата заради јорганот кој е дупли и се прилагодува неговата дебелина. Алое вера јорган Алое вера перница
Сеуште го немам купено, немав време ни до Top Shop да отидам во живо да ги видам. Вака на слика ми изгледаат многу дебели, а во станот ни е многу топло, па можеби ќе купам некое потенко јорганче, на пр. како тие од Lio. Само уште да најдам време за да пронајдам низ градов каде има Lio јоргани и перници. Ако некој знае, нека сподели информација, да ми заштеди време.
ФАЛААААААА Презадоволна сум од Лио, дома сите имаме Лио, сакам да купам нови, веќе се стари овие што ги имаме. Малце да се ослободам од обврскиве, ќе прошетам по продавници, треба во живо да ги видам тие на Дормео, а и во Лио да видам што нудат, па ќе одлучам што да купам.
Доцна враќам, јас го имам , перниците се потпросечни , многу меки, а јорганите се топ. Многу топлат , а лесни се. Вреди за јорганите а и перниците се наоѓаат за гости
Да не имате идеја каде можам да купам свилена постелнина за брачен кревет, ама да биде со ластик? Или алтернативно каде би можело да се сошие такво нешто?
Прошетај низ чаршија, барем во Битола има навистина уникатни,увозни и не прескапи ствари за по дома и облекување.