Хахаха постери сум лепела како мала...Сега немам,жалам А ти ако го имаш Федерер под својот кревет можеш мене да ми го дадеш,да не ти фаќа прашина
Како мала цела соба ми беше излепена со постери. И вратите и оние од шкафот. Голем мерак имав Сега не. Некои се одлепија сами, некои баба ми ги одлепи и веќе не залепив. Ме мрзеше, или пак... пораснав...?
Да го имав Федерер под мојот кревет ќе го љубев по цели денови и ноќи и НЕ ГО ДАВАВ НА НИКОЈ!!!! Ама за жал тоа си го има само Мирчето негово!
Од Федерер постер немам Уствари немам никакви. И јас како Анфеитфул, порано лепев насекаде, ама еднаш варосувавме, ги одлепив и не призалепив Имам само еден постер од Тоше на ѕидот до креветот и плакат од концерт на Ван Гог.
Кога бев помала основно и средно, целата соба ми беше излепена со постери.... leonardo Di Caprio, Backstreet Boys, Spice Girls, Peter Andre, N_sync, Kelly Family.... и милион други. Буквално немаше место каде немав излепено...и после кога решив да ги тргнам, татко ми ќе добиеше шок од остатоците од селотејп по зидовите . Отгогаш ги тргнав, и сега не можам ни да помислам да имам милион лица околу мене додека спијам...ууууууу...језиво
Од Федерер немам иако и мене ми е омилен. Инаку јас имам само 14 постери и тоа се од Twilight, New Moon, Eclipse и Роберт Патинсон.
Порано цел ѕид ми беше излепен, памтам го терав татко со скала до горе да ги лепи. Сега ми помина меракот, а и не е модерно. Имам само еден голем постер од Ramones и ми е сосема доволно.
Јас имам повеќе од 70 постери во соба.Сите ѕидови ми се излепени,вратите од шкавичињата,насекаде имам.Иначе јас имам постер од Федерер
Постери, сега моментално немам. А порано кога ми беше старата соба имав зависи кои пејачи или акрети ги слушам/гледам.. Прво ги имав Млади бунтовници (имав 2 мега од 2те страни ),после имав од Волшебнички, од сите посебно стаено, па после од US5, Tokio Hotel.... После стаив нови, т.е. од аврил, maroon 5, Тоше, и Ryan Shekler Тие ми беа последните. и сега мислам да принтам слики (во црно бело ) некои, што ми се свиѓаат и пак да изнаредам цела соба
Порано имав и ги извадив кога кречевме . Се преселив пред година дена на друго место и искрено не ми текнало постери да лепам Не ми е интересно веќе
Уште ги чувам Ама во кутија, горе на таван, ми е грев да ги исфрлам, мајка ми ко ќе ги фати, има потраг да не му видам. Интересно беше тоа време, седмо- осмо оделение, лепевме со брат ми, се каравме дали да има повеќе спортисти или пејачи. Сега не ми се ниту интересни, ниту сакам да си го шлакам ѕидот со хартии, ама сеуште на вратата си чувам голем постер од Тоше, и претерувам по некој низ книгиве. Имав и едно нешто паметно направено со нив, да си ги гледам омилените ми пејачи тогаш- ги користев како повез за книгите, така фино ги спојував и лепев, таман за да не си ја валкам корицата од учебниците И уште си го чувам учебникот по македонски од трета година завиткан со Westlife сликани во црно бело, италијански кошулки, кој од кој ми беа поубав, Марк на предната страна Деца.
Порано имав сега повеќе немам, не им е интересно повеќе што значи ми поминал меракот за тоа, инаку никогаш цела соба не ми била излепена, ама половина ѕид да, имав и пејаци, и актери и спортисти, имам едно како слика инаку не е постер ама е како еден вид на разгледница , тоа со поштенската марка на Тоше ама како честитка и тоа ми стои на елементи ставено покрај едно крвче украс со ангелче и до него уште едно ангелче украсно за да го чуваат.
Порано целата соба ми беше исполепена.Бев занесена по младите бунтовници и целата соба ми се преплавуваше со постери од нив.После тоа ставав од познати пеачки и пејачи,актери и актерки,мачиња,кучиња... Сега веќе го запоставив тоа.Не ми е некако убаво со постери.Имам само еден голем од Тоше Проески над главата кај креветот,исто и сестра ми и толку.Мислам дека е доволно
Како помали со брат ми ни текна да лепиме постери и почнавме 2 постера на средина на ѕидот и така ај уште еден,уште еден и цела соба ја излепивме.Сега немам ниту еден постер залепен.Си собирам постери и во папка си ги чувам.Ај ќе се најдат некогаш.Ако наидам на Роџер одма кажувам.
порано имав постери во собата , ама веќе не ми се интересни и имам само еден од Челзи Тој нема шанси да го извадам .Инаку имам премногу постери дома , како мала многу собирав ..сега си стојат во папки .