Заради тазе варосаните ѕидови, не ми е дозволено на ѕид да лепам постери, па затоа нивната крајна дестинација е вратата! Уште таа ми фали да ја исфарбаат, ама неееее.. не дозволувам. Постерите се од Coldplay, Evanescence, Red Hot Chili Peppers и Bon Jovi!
Ова ме потсеќа на траги од лепак насекаде по ѕидовите. Два ми беа омилени. Еден од Jlo и еден од Xtina. Мисалм дека сеуште чувам дел од нив. Не знам зошто, редно време е да завршат во Комуна
Чувам постери од мала . Но сепак повеќето од нив се многу стари. Не лепам постери каде што спијам пошо ми остануваат траги од селотејп .
Пред некоие време и јас налепив на зид кај мене всоба.Можеби сум голема за вакви работи но собата ми изгледа по полна,по мала баш како што сакам
Постери и ко мала збирав.Денес кога си ја средував собата ги најдов сите.Им нема крај И сега кога ќе купам некој магазин,обазено постерите ќе си ги искинам од магазинот и право во фиока. Ги имам многу.Од Бунтовници,Бон Џови,Ријана,Бијонсе,Бритни Спирс,од фудбалските тимови,најдов од Ролинг Стоунс и Д Дорс Дури и од Дизни ѕвездите.
уфф колку ги имам неможам да му го најдам крајо од наш свет од тин шема, мм, кидс, оправдано присутни над 50 имам само од роби вилијамс ахх колку го сакав а залепено имам само од хим еден и од металика еден така поголем малку и толку имаше времиња и кога ѕидот не се гледаше од постери
Постери - ме потсетуват на тинејџерските денови кога ја лепев цела соба со постери од моите омилени пејачи, групи, актери! Купував специјално весници само заради постерот, се менував во другарки со цел да го добијам оној постер кој веќе го немам! Едно време ги лепев и на вратат па и на шкафот каде ги чував книгите! Најубава беше собата на мојата другарка кој цеееела беше прекриена со посетри, која естетика човече! ц ц ц Мајка ми отсекогаш се противеше на тоа ,,разубавување,, на мојата соба но сепак ме остави да уживам се додека сама не решив да ги тргнам ! Ги заменив со љубовни рамки (ви текнува на кои мислам) кои ги добивав за роденден! После тоа и рамките ги тргнав, сега веќе имам голи бели ѕидови кои уште малку ќе ги обојам во некоја др.боја! Моментално дома немам ни еден постер, поточно од поодамна завршија во контењер!
хахахаххаха ги собирав и јас од едно списание што се викаше наш свет или нешто така и цела соба ми беше залепена со постори тоа беше мн убаво време.....
Не обожавам постери по зидовите ! Кога бев во тие луди години залепив неколку постери на зидовите во мојата соба ама веднаш беше превентирано од страна на мајками затоа што пред тоа изразив желба сите 4ри зида да ми се во различна боја (розева, лилава, плава и жолта - како на млади бунтовници се замислував) па затоа се намачија , ја исполнија мојата желба и на крај мајками ме разубеди да не ставам постери (ми кажа дека тоа било некоја помината мода и јас веднаш ја послушав )
Имам постери од слатки животни на внатрешната страна од вратата.Не сакам да ставам по ѕидовите, само што ја офарбав собата во преубава сина боја
Ич не ги сакам постерите.Некако глупаво ми делува кога ке видам залепени во некоја соба Како помала ја лепев цела соба не викам не млади бунтовници,Аврил,овој,оној а сега кога ке се сетам ми е смешно што сум правела Дете....
Јас ни како мала ни сега ги немам залепено постер кај мене во соба, незнам поубаво ми е без глупости по ѕидови..
до 13 год цела соба ми беше со постери дури имав и дупликати чувам слика од собата со постери но незнам каде е но на 14 год ги тргнав и сега мојата соба има дури само 2 постери
немам постери на ѕидот во соба бидејќи мојот идол е во огледало хаха не бе никад не сум имала постери најискрено мн глупо ми делува цели ѕидови излепени со хартија