Цела соба ми беше залепена со постери и којзнае веќе што се немам направено на ѕидовите Сега веќе немам постери,зошто немам некој толку вреден за да ми стои на ѕид,а и не ми се допаѓаат постери.
Порано цела соба ми беше со постери не се гледаше ѕидот, се додека не ја преуредив целосно Сега имам многу слики во рамки
Порано цела врата ми беше излепена со постери,додека не ги извадив,бидејќи пола беа Винкс или пејачи/ки што сум ги слушала тогаш Сега постерите не ги лепам туку ги ставам на различни места,како на пример: -Новак Џокович ми е на дрвена табла -Марун 5 врамени се -А омилените серии и глумци ми се залепени на хамер убаво среден и закачен на ѕидот врз мојот кревет.
Во старата соба имав цел ѕид наменет за лепење постери, пано со цртежи и интересни пораки - сè беше прекриено со слики од под до плафон. Од тогашна гледна точка, ми изгледаше прекрасно, а сега ме асоцира само на упропастен ѕид. Во оваа немам ниту еден и искрено, не ни сакам да имам, ми помина радоста по „најновиот“ постер од Честер и Грин Деј. Си го имам само паното со убави пораки и слики и си стои закачено на ѕидот - немам срце да го извадам.
5 постери залепив еден пат(имав соба со брат ми а и не бев некој мерак ) но се осеќав како некој цело време да ме прати.Изгледа дека не сум била навикната.
Порано ми беше еден ѕид од собава исполепен со оние класични постери од списанија, ама ги извадив за варосување и веќе не лепам, за такви ми е поминат меракот. Е, ама сега имам два од оние големите филмски постери( димензии од прилика 1 метар со 70цм ), ми ги урами татко ми убаво во дрвена рамка - едниот ми е од Sin City, а другиот од The Walking Dead. Планирам уште два-три, колку ќе има место бидејќи нели се доста големи, еден морам да имам од Death proof,таков меркам одамна, и плус уште од некој хорор...
Имав порано и тоа мноооооооогу,и сега ги извадив кога ги направивме сино-жолти ѕидовите Ми се здосадија веќе
Собата ми е полна со постери исклучиво од Елвир Мекиќ ! На прозорецот имам 3 рамки големи со слики негови На плакарот имам..ммм.....5 големи постери тие големите од бандери за настани и два помали На вратата имам два такви од настани големи еден помал и паковката од цедето кај што ми се има потпишано... На печката имам 2 постера и под тепих имам 4-5 од големите заради недостаток на место ххх
Порано собирав постери,но никогаш не сум ги лепела по ѕидови.Сите другарки ко ќе им ги видев собите излепени со постери,си се чудев.Како не се плашат навечер ко ќе видат толку слики околу нив Инаку памтам,како ептен мала не се сеќавам колку години имав,ама имав на ѕид еден огромен календар со Тоше Проески и стоеше цела година Инаку кога ќе видам некаде многу ислепени постери,секогаш ме потсеќало на берберница
Јас сега имам од Harry Styles 2 од Самрак тај волкот од една што не ја знам, од Џастин Бибер, Лиам Пауне, и мали лики од One Direciton а и календар 2013 со сите : )
сега имам 2 од Баерн, од Ноер, од Рибери,Робен,Швајни,Голез,Милер и неколку мали знакчиња од баерн имам залепено