Минатата година имав залепено многу постери по ѕидовите. Потоа ги извадив, па ставив само два. Пред некое време ги извадив и тие, така да сега немам ниту еден, а не ни планирам да залепам.
Вчера баш ги искинав сите, сега не си ја препознавам собата, ми изгледа како нова и дупло поголема Сега сакам да најдам некој поголем, со пораки или апстрактен некој, да биде повеќе како декорација. Да не знаете каде можам да купам? (само не југотон)
До пред три години собава ми беше полна со светски познати личности.... Сите ги искинав и ми изгледаше многу огромна хаха аа и не можев да ја гледам си викам ај да ја стеснам малце И зедов пишував пораки, цитати, извадоци од песни... свашта само и само да не ја гледам таква огромна и празна, и на обични бели листови лепев по зидовиве И ми изгледа многу убаво морам да се пофалам на сите им се допаѓа
Никогаш не сум прикачувала постери на ѕидови. Не ми се допаѓаат нешто посебно за да им најдам соодветно место во просторот.
АХАХ леле тие постери душата ми ја ваѓаа.Ги имав неколку во соба и самите се одлепува и само лепи ги,тие пак се одлепиле. А што е најтрагично (како се погоди тогаш баш незнам ) кога гледавме со мајка ми хорор филм кај мене во соба и само постерите кррццц и шлак долу(можеби дека беа големи и тешки па се одлепуваа) јас и мајка ми само се погледнавме и почнавме да се смееме,повеќе постерите не исплашија него филмотА и навечер касно се случуваше да ме исплашат..се нанервирав ,фатив ги одлепив и ги фрлив вканта!