Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постигнати цели 2022

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Sweetlove_0312, 1 декември 2022.

  1. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.401
    Пол:
    Женски
    1. Научив да кажувам НЕ на луѓето без чувство на вина
    2. Поопуштена сум пред луѓе за разлика од пред тоа
    3. На дистанца сум со луѓе кои го загрозуваат моето ментално здравје
    4. Свесна сум кога некој се обидува да ме манипулира и научив како да се справувам со нив

    Во 2023 сакам да си најдам работа, да одам на повеќе еразмус проекти, да не се нервирам и да работам повеќе на себе.
     
    На TrinityNeo, eliesaab, Sweetlove_0312 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Помалку се од непостигнати, но повеќе ме прават среќна засега.:muscle:
     
    На andrejko82, MarijaMi90, Arkann и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    2022
    - Работев на себе и своето здравје.
    - Изградивме стабилна цврста врска.:l:
    - Дипломирав.
    - Се вработив таму каде сакав. :inlove:
    - Нови пријателства.
    - Патувања.
    * Само не успеав да ослабнам малку.:sweat:

    2023
    - Здравје и сите на број да сме.
    - Брак и своја фамилија. :inlove:
     
    На mssuniquee, elimkd, Beautiful Dreams и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    2022
    - преживеав
    2023
    - да не ми земе некој од саканите како претходните години, доста ми е од загуби на сакани луѓе (и миленичиња).
     
    На BayernKa, Frosty!, Peppermintka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Традиционално, на почетокот на годината, на 1ви Јануари, пишувам листа со цели кои сакам да ги исполнам, го затворам листот во плик и го отварам дури на крајот на годината.
    За оваа година, онаа цел што ми беше поставена на прво место не успеав да ја исполнам иако бев многу блиску, но ќе дадам се од себе во 2023 да се исполни.
    Една од целите ми беше да бидам физички активна, да се вратам во форма и се придржував до целта во текот на целата година.
    Да се хранам здраво.
    Со здравјето физичко и психичко бев одлично, исто една од целите поставени за оваа година.
    Повеќе патував, посетив нови места на кои не сум била досега, бев на летен одмор надвор од државава.
    Бев отворена за нови пријателства, што ми донесе запознавање на една прекрасна личност, а нашето дружење прерасна во прекрасна врска(ова е делот што не го планирав).
    Се вработив.
    Ова се дел од плановите, инаку листата е доста долга.
    Планираме многу, се трудиме во текот на цела година да ги оствариме поставените цели, но и покрај долгата листа на поставени цели сфатив дека сум ја изоставила најважната цел, а тоа е да бидам среќна.
    Оваа година повторно после многу години поминати бев вистински среќна.
     
    На TrinityNeo, victoria и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  6. Peppermintka

    Peppermintka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2022
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    За мене една од најтешките години...всушност најтешка. Мислев дека од 2020 година нема да имам полоша година, грешка бев, оваа ја надмина.
    Многу непланирани лоши ситуации ми се случија.

    Здравјето цела година ми е катастрофа. Ми почна годинава со корона и до крај немаше нешто што не ме промаши. Секој месец настинки, стомачни, катастрофа бев со имунитетот... Хормоните исто ми беа катастрофа. Добив adult acne што никогаш не сум ги имала, други здравствени проблеми, многу многу работи што не можев ни да замислам дека ќе ме снајдат толку млада.
    Првпат во живот да земам толку денови за лежење и боледување и да пропуштам настани и обврски заради болест. :( Се надевам имунитетот ќе го опоравам.

    Смрт на драга личност која ме дотолчи психички. :u::u::u: Психичкото здравје никогаш не ми било полошо од сега.

    Не успеав да го положам испитот што ме измачи втора година по ред, а и немав некој голем академски успех како што планирав. Не сакав да квадрирам пак година на факултет, некои работи не се во наша моќ. Колку и да планирам, не ми оди планот.

    Не ослабев, раскинав со дечкото, многу пријателства завршија, не бев никаде на одмор...

    Не постигнав ништо особено годинава и беше многу тешка за мене. Имам листа и јас со goals за годината и не сум направила ништо од планираното. :)

    Само да сум здрава и среќна, се друго ќе се среди. Посакувам здравјето да ми се врати во нормала, да бидам здрава и полна со енергија пак, другото ќе биде кога тогаш. :) За 2023 само здравје си посакувам.

    Со душа чекам да заврши годинава. Нека оди цело лошо со неа.
     
    Последна измена: 4 декември 2022
    На Peanut Butter, Frosty!, molikaMk и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Corika

    Corika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2022
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    Jazik oficialno polozeno do C
    setanjeto sto bese planirano za.ova.god ispopneto
    no ima dosta i losi stvari u ovaa godina
    Uff 2022 edvaj cekam da si odi...pocna so biohemiska bremenost,pa taman se smiri se invitro uspesno i pak so biohemiska,problemi so zabi i taman ke kazes pomina se: denes od povreda do bolnica do magnetna rezultat: mora operacija- ligamenti....edvaj cekam ovaa godina
     
  8. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    Доста небитно, но ставам спф цела година, лето/зима, секој ден, дури и ја поминав скоро цела година на породилно, некои денови не ни излегував, ама мора и за кафе на тераса. :D

    Тоа ми е најредовно обележје на 2022.
     
  9. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    8.051
    Пол:
    Женски
    - Излегов од период на духовно и психичко борење со самата себе (y)
    - Ги тргнав сите токсични луѓе (y)
    - Ја најдов најдобрата работа во моите 24 години (y)
    - Завршив академија за дигитален маркетинг (y)
    - Почнав да живеам сама (y)
    - Развив огромен напредок на духовно и психичко поле (y)
    - Стартував свој бизнис (y)
    - Доста многу патував (y)
    - Го добив посакуваниот сертификат за NLP (y)
    - Имам многу убави примања (y)
    - Се посреќна сум секој ден (y)
    - Мојата конекција со родителите уште повеќе се подобри (y)
    - I live my life on my own! :angel:
     
    На Peanut Butter и TrinityNeo им се допаѓа ова.