Постојано вознемирување од комшија

Дискусија во 'Правни совети' започната од genkisi, 28 јуни 2014.

  1. genkisi

    genkisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    So godini mojot prv komsija postojano ne voznemiruva mene,celata moja familija i site komsii naokolu.
    Toa voznemiruvanje se sostoi vo slednoto.
    Toj so godinista raboti na crno(staklar i stolar) i toa vo dvorot.Bukvalno sekojdnevno mi cuka pod prozorecot,sece drva,iverica i dr.Mnogu pati mu e ukazano deka ni smeta,deka im smeta na decata ne mozat da ucat,deka nemozeme da se odmorime posle rabota itn no toj uporno ne ignorira.
    Nekolku pati e prijavuvan vo UJP i tie do sega 2 pati reagirale (zatoa sto raboti na crno-za voznemiruvanjeto rekoa deka ne se nadlezni) no toj im rekol deka toa go raboti od hobi i nikomu nisto ne e nisto kaznet i od togas uste povece raboti.
    Navistina vece nervite mi se pri kraj i se plasam deka ce storam nesto nepremisleno pa ce si nastetam sebe i na familijata.
    Ve molam za sovet.
     
  2. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.575
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Postojano voznemiruvanje od komsija

    Е де, јас не гледам ништо страшно тука. Најискрено. Па и кај мене комшиите сите работат нешто по дома па јас никогаш не сум се скарала, а уште помалку па ќе се дрзнам да пријавувам некого во УЈП само зашто си работи дома и во сопствениот двор, а сигурно и од таа работа заработува за живот и прехранува семејство.

    Едните мои комшии реновираат низ дома, другите пак имаат цела фирма за печатење во подрум. Кога таа цела опрема и машини ќе се пуштат се создава голема галама ама никогаш тоа не ми сметало, си затварам прозор и крај. Дури и навика ми стана па и со отворен прозор воопшто не ми смета. Плус, имам комшија постар дедо што си работи со лимарија. Можеш да замислиш каков звук се призведува кога чекан ќе удри во лим преку 40 пати? Ни тоа не ми смета. Порано пак кај овие првиве што сега реновираат во куќата живееше еден млад дечко, во 3 сабајле пушташе музика, на кратки интервали не цел саат ама не ми сметало ни тоа, баш добра музика пушташе, имаше добар вкус. И ние дома сме правеле нешто што може им сметало на другите па никој ни збор не рекол, туку сите доаѓаа да прашаат да не ни треба помош.

    А да имав пак пруга до мојава куќа и цело време возови да поминуваат тогаш што ќе правев? Каде ќе пријавував?

    Сигурна сум дека не работи 24/7 човекот па до толку да ви смета на вас, дури и децата не можеле да учат од него. Бре. Како можете бре да сте такви јас не знам. Кога го прочитав насловот си помислив на сешто, Бог да чува. Мислев ве малтретирал нешто физички, се пијанчел, ве крадел итн. А тој си работи за леб да извади, а овие во УЈП го пријавувале. |( Јас да сум на негово место ќе се отселам.
     
    На Hipica, Victorian и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.886
    Postojano voznemiruvanje od komsija

    Искрено, и јас ова не го сметам за вознемирување. Истото и јас го помислив, дека навистина нешто ве малтретирал, стварно да ве вознемирувал, а уствари човекот си работел во својот двор. Ако е за така, сите мои комшии мене ме вознемируваат :D
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.213
    Допаѓања:
    16.845
    Пол:
    Женски
    Postojano voznemiruvanje od komsija

    За вознемирувањето ќе си пријавите во МВР а не во УЈП.
    Ве разбирам како ви е, кај моите кога живеев имавме еден комшија кој работеше во дворот столарија, тука си направи како мал погон, машини стави, за легално не знам колку е, не е битно, битното е што пречи. Тоа сечење, стругање, летање на иверица, лакирање со смрдливи лакови не е сеедно, покрај тоа и правење голема бука. Не можев прозорчето од кујна да си го отворам. И фабрики кога прават, ги прават подалеку од населени места. Не сум должна јас цел живот да трпам галама, смрдеа штетна по здравје и воздух исполнет со струготини. Сеуште не сме му рекле ништо, бидејќи немаме ништо лошо со луѓето, такви комшии сме претежно, услужливи едни со други, со некои исклучоци.
    А имаше еден од другата улица, каде што беше свртен мојот прозор на втор спрат, кој знаеше да стане уште во 5-6 сабајле и да почне да удира во некој лим, што кога ќе го видиш, не прави ништо туку само мава демек исправа некој лим. А летно време, јас на распуст, сакам да поспијам :@ , еднаш дури почнав да го пцујам, човеков како да слушна нешто ама не знаеше од кај доаѓа, мене ролетната ми беше спуштена. Дури го фатив и како краде круши од кај комшијата (тој што работи дома), ама го фатија на дело.
    За несогласување и кавги со комшии, само пријава во полиција, па они нека ја бркаат работата, освен ако нема комшијата врски таму.
     
  5. pross

    pross Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Машки
    Овде станува збор за типичен пример на вршење на правото на сопственост од страна на комшијата спротивно на чл. 9 и 11 од ЗСИДСП, односно своето право на сопственост го врши без да ги почитува општите и посебните ограничувања кои ги предвидува ЗСИДСП, и од истиот потекнуваат т.н директни штетни имисии...
    Заштитата се врши со поднесување на тужба поради вознемирување на правото на сопственост, т.н негаторна тужба (Actio negatoria), а согласно чл. 161 од ЗСИДСП, со која ќе се побара да се утврди чинот на вознемирување, и ќе се побара да му се наложи со пресуда да престане со тоа вознемирување, како и во иднина да се воздржи од дејствија кои значат повторно остварување на веќе утврденото вознемирување.
    Исто така не се исклучува и можноста да се побара со тужба и надомест на штета доколку истата постои и се утврди, согласно правилата за надомест на штета.
    За оваа постапка уште повеќе може да послужи и фактот дека тој дејствијата ги извршува без никаков правен основ, (записниците за извршен надзор од страна на ујп) со кои се констатира бесправност во работењето...
    Понатаму пресудата со која евентуално би се усвоило тужбеното барање, ќе претставува извршна исправа, и доколку тужениот комшија не постапи со согласност со задолжувањето од страна на судот, ќе се поднесе на извршување пред надлежен извршител, кој ќе му наложи да престане со извршување на дејствијата, а согласно правилата за извршување на дејствие што може да го изврши само должник- чл. 222 од ЗИ....доколку должникот не го почитува ваквиот налог од страна на извршителот , извршителот ќе бара од претседателот на основниот суд изрекување на парични казни спрема должникот се додека истиот не престане со таквите дејствија....
     
  6. genkisi

    genkisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Благодарам за последниот одговор.
    Јас не знам како предходните учесници го оправдуваат таквото однесување.
    Па некој постојано да ти чука под прозорец,да сече,да струже и да не му е гајле дека децата не можат да ти учат,да не можеш да се одмориш после работа и др.Па ова мислам дека го има само кај нас во Македонија.