Очигледно си се приврзала многу со твојата другарка.И мислам дека тоа е причината што ја бараш цело време за искачање,разговори.. и слично.Едноставно ти недостига,бидејќи кога некогаш ќе се приврзеш за нешто,потешко е туку-така да се пушти.Мојот предлог е :немој да се мачиш да ја викаш и да и се јавуваш,ако навистина и значиш она самата ќе те викне,сигурна сум дека имаш и други (поблиски)другарки кои би те послушале или би ти биле рамо за плачење во потешките моменти. Иначе како одговор на прашањето:Дали постојат вистински пријатели? -Мноооогу малце.Јас имам сигурно околу 100-ина другарки во мојот живот.И најискрено од тие 100 јас само на две за се им се доверувам.Со едната се знам од бебе,а со другата 5-6 години.И имам голема доверба во нив и можам за се да им се доверам.Така да во други зборови јас мислам дека треба прво некого да запознаеш подобро,пред да го процениш.
Самата потреба од имање на пријател е да не се биде сам на светот- па според тоа ДА сите се од корист! Секако дека постојат вистински пријатели, но не можеме да очекуваме совршени пријатели,па и самите ние не сме такви. Знам дека сум навистина среќна личност затоа што имам широк круг на пријатели,а помеѓу нив внимателно избрани најблиските. А, најсреќна сум затоа што го имам најдобриот пријател кој во 5 наутро станува од спиење за мене, секогаш знае да го каже вистинскиот збор за да ме развесели и да ме откачи за секунда и да ме стави на standby кога чуствува дека ми треба простор, и затоа што пред него можам да бидам болно искрена.
Веќе неколку месеци имам најдобар другар и можам да кажам дека машките другари се многу подобри од женските. Кога ќе кажам на другарка нешто одма се пренесува и на друга, а додека нешто кажам на другар ми тоа останува тука. Му ги знам скоро сите некови тајни исто така и тој моите. Велат дека другарство помеѓу машко и женско не постои, ама јас велам дека постои. Немам никакви симпатии спрема него ниту пак тој спрема мене едноставно го сакам како другар. Никогаш не ме оставил на пола пат, секој ден се слушаме, се зезаме, излегуваме заедно. Имав потреба од таков другар и сега конечно го имам. Скоро си фати и девојка, ама сепак не ме заборави мене... Значи вистински пријатели сепак постојат.
Никогаш не верувај во другарки, Еве пример ќе ви кажам мене што ми се случи. Значи се дружев со другарки многу време али само 2 мо беа така нај нај блиски и верував многу цело време бевме заедно а во дрштво имаше една што цело време сакаше да не скара ајде и тај проблем го решивме, значи ние бевме5 другарки 2 беа многу блиски и ние двете исто така а другата беше лицемерна не ја друзевме многу, е сега едната си фати дечко и сега они се разделија и нема со кој да се дружи ја сврте мојата другарка со ми беше и тотално ме заборави што уште не ми е верно каква лицемерка станала искоритувачка значи сега ке ми се јави кога ќе нема со кој да излезе кога сите ќе ја откачат ајде јас сум тука а потоа кога се договори за излагање уопште не ми ни викне и многу опуштена станала почна да мења многу машки незнам многу нагло се сменила девојката и ми е криво значи колку се сменила со неможеш да веруваш на никој и потоа ќе и текне ќе ми се јави ееј дека си те нема да се јавиш и веќе сум се разочарала ни другарка никој не ми треба подобро дома ќе седам отколку да излезам да гледам лицемерие зад грб да ми збори и да ја слушам и другата исто така си фати дечко и тотално ме заборави значи кога раскина она со дечкото кога и беше тешко кога сакаше да шетаме по одмори јас бев секогаш тука го лажев мојот дечко само за да и угодан да бидам со неа, откако се смири она со него веке ме заборави кога и речам ај да излеземе ај ваму да одеме не неможам значи милион пати ме заборави еве тие ми беа единстевните другарки што и верувам многу и што можам да и кажам се но они многу лошо ми врќат и сега ми е многу тешко поради ова и се откажав не ми е потребна ни една, и сега ми е криво што кога сакам јас да излезам немам со кога и седам дома губам време се досадувам
Затоа никогаш не верувајте во ниедна другарка, другари можат само да ти биде твоето семесјтво!!! некогаш може и ке најдете али тие вистинските другарки се многу многу ретки Поздрав
Многу луѓе запознав низ годините наназад, но вистински пријател во нив не најдов. Доцна се освестував дека сум посветувала внимание и време на тотално погрешни личности меѓу кои имало и такви кои се колнеле во нашето пријателство, а не знаеле дека "скришно" сум погледнала како се однесуваат позади мојот грб.
Па и да постојат,ретки се.Скоро сите се од корист.Додека има корист од тебе ќе се дружи со тебе,а после кој те ферма..Имам доста пријатели,но на никого не верувам слепо,затоа што веќе воопшто не знам на кој да верувам а на кој не..Едноставно после првата караница,од желба за да навреди или како и да е,на сите им зборува лошо за тебе..За неколку личности досега сум мислела дека ми се вистински пријатели,но гадно сум се излажала.Чист пример:Имав другарка со која се знаевме од мали нозе.Во се сум и помагала,сум и била рамо за плачење многу пати..Дури и навечер не сум спиела само за да ја ислушам што ја мачи..А таа? Битно и беше само да си добие совет од моја страна,а јас никаде не се наоѓав во приказната,моите проблеми не сакаше ни да ги слуша..Потоа се скаравме,а јас сепак и реков може да останеме ако не на едно здраво колку да не биде да се правиме дека не се познаваме кога ќе се сретнеме.По некое време ја среќавам на улица,таа.."не ме познава"..Е после ми пукна филмот и викам ако не сакаш да збориш не збори,само жал ми е што касно дознав каква е.И после како да веруваш на некој??
Имам неколку другарки но само за една можам да кажам дека е комплетна која во ниеден момент не ми завидувала и секогаш давала добро намерни совети, а не пакосни, барем досега не ме разочарала. Ова ресто се многу завидни и само се интересираат за она што ми се случува листо од радозналост или да ми се ситат, боцкаат и да ми наметнат сомнежи, само срека па не им успева. Така да ретки се, многу ретки. Научив кои ми се вистински другарки со кои можам да поделам некои работи, а они останатите строго за кафе, родендени и бош муабети, за повеке не ми ги треба.