Искрено не знам.Можеби постојат.Можеби не.Но и да не постојат и да постојат денес 95% од луѓето се толку расипани и никој никого не гледа,само корист ништо друго.Зошто е тоа така не знам.Знам дека светот не бил како што треба без таквите луѓе,ама до толку да се лаже и да се гледа во лице? До толку оговарање? Не е потребно,навистина не е потребно.
Постојат верувам дека постојат ама се многу ретки и кога ќе се запознаат треба да се чуваат затоа што вредат и луѓево во денешно време се мн расипани и гледаат на секој чекор да те зезнат.
јас мислам дека нема вистински пријатели денес,секој гледа да те искористи и нож во грбот пред тебе едно позади тебе друго тоа за мене не се пријатели
И јас го делам истото мислење со тебе. Повеќето се дружат од корист. Ќе те искористат и после тоа ќе заборават дека постоиш.
имам големо искуство со такви другари другарки,пријатели пријателки затоа кажувам како што е ,моментално немам другарки не ми ни требаат што ке ми се само да ти завидуваат бре ништо помош од нив.АКО НЕМОЖЕШ НА ЧОВЕК ДА МУ ПОМОГНЕШ БАРЕМ НЕ МУ ОДМАГАЈ!!! тоа е моето мислење
За жал НЕ Сепак љубомората и туѓиот успех се тука кои како ѕид ќе стојат измеѓу пријателството Тоа е исто како Жалам што ќе те разочарам, ама ДЕДО МРАЗ не постои
Ја изгубив способноста да бидам изненаден од било чие однесување. Се поврзувам и функционирам со други личности на ниво кое што тие ќе го заслужат (или ќе го дозволат). Безгранично и безусловно поврзување познато како другарство верувам дека има, време нема. За другари/другарки треба време, а времето е најдрагоцено. :geek: Да. Ќе помогнам. И јас сум барал помош. Нема тука реципроцитет, но дали мојата желба да помогнам или моето сочувство ме прави нечии другар. Незнам. Се сомневам.
Jas mislam deka postojat samo retko covek da gi ima Jas ja imav taa sreka da ja imam najdobrata drugarka znaci si znaevme se Site nasi tajni i primer ako ti e licemerna Eden den ke se doznae mozi ako ne porano podocna sigurno Ali kako sto kazav Jas ja imav taa sreka ama steta sto zivotot ne odnese na razlicni patista mi nedostiga mojata drugarka
Ми треба помош. Значи имав другарка цел живот бевме заедно и овие две години откако фати еден дечко воопшто не се гледавме и јас пак будала отидов два три пати кај незе и вчера праеше веридба и мене не ме викна туку викна сосем трети личности со кои немаше никаков контакт а ние толку многу бевме блиски (Живееме на 5 мин) и сега барам помош што да и напишам во смисла со среќа да ви е и сл ама и да и вратам за тоа што заборави на тоа што заедно го поминавме целиот живот заедно и што заедно пораснавме како сестри бевме ај плс помош Спојлер незнаев каде да го поставам прашањево
Штом си напишала имав, јасно е веќе. А ако те сметала таа за другарка ќе те викнела на веридбата. Ако веќе не се дружите а некогаш сте биле неразделни мислам дека нема потреба воопшто што да и пишуваш честитка. Еве ти моја слична приказна. Јас имав другарка, бев со неа најблиска од основно. Пред 3 години си фати дечко и ме заборави. Јас бев секогаш покрај нејзе. Со недели бев до нејзе кога починаа дедо и и баба и, бев до нејзе и кога мајка и беше тешко болна, ја бодрев и и помагав најдобро како што знаев. И што се случи?! Од кога си фати дечко ме забораи, јас баш последниве неколку месеци минував низ турбулентен период, она го знаеше тоа. Но, тешко и беше да напише една смс или не дај Боже да се јави! И да се надоврзам уште со мое мислење на темава, веројатно постојат но многу добро се кријат За жал, до сега немам такво искуство, не сум сретнала вистински пријатели.
Тие што се оддалечиле на таков начин од вашите животи, едноставно - не ни требало да ви бидат другарки. Вистинската другарка нема да те занемари ниту за работа, ниту за дечко. Ако го стори тоа, ќе се извини, ако е вистинска другарка ќе рече - Имам дечко и убаво ми е сега, извини ако те запоставувам, се надевам сфаќаш. И јас ќе сфатам, мене ќе ми биде мило ако на неа и е убаво, ако се разбереме како луѓе, секогаш има начин и решение. Ама ако „суптилно“ ми се оддалечува, се крие намерно или си фаќа некои нови другарства со девојки од неговото друштво да речеме, и еден убав ден сфатам дека сме само странци - без причина, тогаш не ми треба таква другарка. Не ми е другарка и крај. Покрај мојата најдобра другарка со која се дружам уште пд почетокот на 8мо одд. имав и една друга, која ја запознав подоцна во средно и премногу се дружевме. Значи двете поминавме заедно и сито и решето, она е поразлична доста од мојата оригинална другарка (првава) и искрено мислев дека другарството ни е толку цврсто, што ќе трае буквално вечност. Ја чувствував како сродна душа, навистина ја сакав другарка ми, од срце... се додека не забележав некаква чудна завист (а не сфаќам и ден денеска зошто). Она е убава, многу добро ситуирана, може да отиде каде сака, да купи што сака, арно ама сите мои другари ми беа - мене другари, не нејзини. Ако речевме за некој тип дека е симпатичен, ко за белја мене прв ми приоѓал, а утредента секогаш дознавав дека мистериозно се смувала со него, или си разменила бројче... Со сите мои бивши дечковци автоматски стануваше најдобра другарка откако ќе раскинеме... де на кафиња одеа, де компјутер и поправаа... Не сфаќав дали тоа го прави намерно или едноставно не сфаќа, па си реков батали, нема сега да се расправам за машки со другарка ми. Машките се пролазни, другарството е за цел живот. Ама ситуацијата стануваше полоша и еден ден едноставно ескалираше. Мене ми прекисна буквално, и ја откинав во моментот од мојот живот на секој можен начин. Не и` кревав на телефон, не и` дадов објаснување, сакав самата да сфати каде и како погрешила. Знаев дека ако земам да и` објаснувам, ќе плачеше, ќе ме убедуваше дека грешам, па дури и можно е да ме направи на крај ненормална или дека и` љубоморам... не ми беше до тоа, после толку години снемав сила да оправам криви-дрини... и така ја исеков од животот, и нема да верувате колку ми стана се` поубаво и полесно. Ни јас не можам да си поверувам, ама се` ми тргна по нагорна линија. Така што, убаво размислете и отворете очи - кои ви се вистинските другарки и дали вредат. Некогаш, и најстарата другарка може да испадне дека - не ви е другарка. Времетраењето на дружбата не гарантира и квалитетно другарство, за жал.
Другарството е релативен поим.Веќе заклучивме дека вистинските пријателства се многу ретки во денешниот свет и тешко е да се распознајат.Има многу примери за вистински пријателства,но како да се нереални.Конкретно за мене моите другарки не ги делам на најдобри,подобри или добри.Се обидувам сите да ги држам на одредено ниво.Ги третирам сите исто,но сепак мора некои да се издвојуваат.Не дека сакам да ги делам,туку дека одредени ме разберале,ме сфатиле,ме подржале.Сите сме различни карактери и сите различно прифаќаат и се однесуваат.Сепак надежта последна умира па со тоа и дека некој ден ќе најдам вистински најдобар пријател/ка како од цртаните.
секако дека постојат! јас имам две најдобри другарки и не би ги заменила за ништо на светот.заедно плачеме,се смееме,сите најубави моменти ги имаме доживеано заедно.со едната се знам уште во градинка кога идов поточно со неа се знам 10 години а со другата 5. секогаш сме тука една за друга и се си кажуваме секој ден се дружиме во школо а па сега за распустот имаме толку многу планови што незнаеме дали се ќе постигнеме
Ова го почувствував на своја кожа. Таа која сме од бебиња заедно за која мислев дека секогаш ќе биде до мене и што и да се случи, излезе нешто сосема друго. Иронијата е тоа што она секогаш беше тука кога ми беше тешко и лошо (барем јас така во моментот сфаќав), а кога работите забрзано почнаа да се подобруваат и кога јас бев среќна она почна да покажува завист. Што јас крајно се изненадив. Впрочем сега сфаќам дека и кога порано била до мене во лошите моменти она само си фаќала сеир. Ама тоа е, од грешките учиме.