Додека одев во средно имав вистински другарки, без љубомора и оговарање. Барем јас така мислев. Кога потпркнаа малце им се виде вистинското лице - љубомора, комплекси, целосно поинакви од тоа што ги знам. Тие одсекогаш биле такви, само јас сум била заслепена. Колку си подобар со некој, толку повеќе на глава ќе ти се качува. Колку си полош, повеќе ќе те ценат и ќе ти се улизуваат. Тоа е лекот за сите - другарки, роднини - само да им се спушта, никако да им се преќутува. Зошто да се нервирате вие, кога можат тие да се нервираат, а вие да си свиркате и да уживате!!! Да, тешко е кога така ќе се разочараш од луѓето, од тие што си верувал дека ќе бидат тука за тебе како ти што си бил, ама тоа е реалноста. Добро само на тој што заслужил!!!!
Хмм, и јас би се замислила на оваа тема. Досега сум имала две пријателки кои ги сметав за вистински, но мислам дека тие поинаку гледаа на нашето пријателство. Сепак јас не се откажувам. До последниот ден од мојот живот ќе верувам дека постојат дури никогаш да не сретнам такви П.С Ако некој верува во нив, меѓутоа досега не сретнал такви, пишете ми Јас би сакала да запознаам нови пријатели...
Од моето досегашно искуство, сметам дека не постојат вистински пријатели. На крајот на краиштата сите си го покажуваат вистинското лице. Затоа не очекувајте премногу од луѓето
Имав добри пријателки, не можевме една без друга и постојано бевме заедно... Потоа се дистанциравме токму затоа што ни требаше простор... Сепак, некако не би ги нарекла вистински пријателки, но верувам дека постојат личности кои можат така да се наречат.
Средно школо сум, имам вистинска пријателка во вистинска смисла на зборот, и верувам во вистински пријатели. Многу компицирана личност сум, неможе секој да биде толку близок со мене неможе секој да ме разбере како она. Сум ја изанализирала од сите можни страни и во сите можни ситуации, и сеуште пред мене стои истата личност, ништо не е сменето, ништо сокриено од нејзина страна. Нема љубомора, нема омраза, лицемерие ,оговарање, меѓусебно натпреварување и слично.. Едноставно НЕМА! Тоа е она, тоа сме ние, веќе со години. И можеби викате дека после средно се гледаат т.е. се откриваат вистинските лица, ама ние веќе си ги знаеме тие вистински лица. Да збориме реално, ако некој имал лошо искуство со „вистински“ пријатели, не може и не смее упорно да тврди дека не постојат! Се’ е до искуството, различен живот, различни искуства. Треба многу внимателно да се бираат пријателите, луѓето кои ги пуштаме до нас и во нашиот свет, баш заради користа која станува многу популарна или веќе е, сеедно.
Тоа го поштуам. Спојлер Инаку многу ми е мило што си ја знаеш вистинската другарка како што си ја знам и јас. Среќа имаме
да се надоврзам малце...јас мислам дека сепак било кој човек секогаш гледа за себеси најпрво а потоа за другите -според мене лугето се многу СЕБИЧНИ СУШТЕСТВА! и иако се изгледа совршено ке дојде моментот кога од тој што најмалце очекуваш да ја изневери твојата доверба..
Можеби,но поентата беше ова Сепак треба да си искажеме своите мислења а не да тврдиме дека не постојат вистински пријатели. И тоа изневерувањето и предавството од најдобриот пријател,можеби ти се случило тебе,но не на секој друг. Сепак можеби и како другите ти ќе си го најдеш вистинскиот пријател.
значи зборувам од искуство што ми се има случено мене со девојче кое не сме биле разделни да си фати дечко и да ме заборави скроз,само кога треба да и дадам нешто да ми се јави и тоа е се очигледно е дека после сетоа тоа и јас почнав да се плашам некому да се доверам и да бидам блиска со некој затоа и повеќе не сум со сите ПРЕДОБРА затоа што не заслужуваат . тоа е мое мислиње
Сепак јас мислам дека не треба да тврдиш дека не постојат вистински пријатели. Пошто сигурно гледаш некои околу тебе кои се неразделни,од мали заедно и се си делат. Ти си го правела тоа но со погрешната личност. Инаку си можела да разговараш со другарка ти што така се однесува. Нормално е да се оддалечите штом една фати дечко но не да се заборавите,можеш да разговараш со неа,ако е вистинската ќе те свати
Многу пати сум и рекла но таа сепак си тера по нејзино,сега почнува да ме бара бидејки се во лоши односи со дечкото
Стварно? А што ми е мене оваа што ми кисне по цели денови дома, шо се знаеме од пред 100 години, потенцирам,никогаш не сме се скарале, ниту испокарале за било што? Де те молам појасни ми.
Не постојат вистински пријатели, додекаљ имаат интерес од тебе ќе бидат со тебе кога нема да си им од корист тогаш тогаш ке те шутнат, или ке почнат да те оговараат. Доколку немаат реална основа ке измислат нешто само да те оцрнат. Затоа сега сум многу вниматела со пријателите и имам поставено црвена линија преку која не дозволувам никој да ми се прилижи
хахаха ова ме потсети на еден статус што го прочитав на фб: Zamenuvam tri pernici so DVE LICA, za eden vistinski PRIJATEL- se razbira so moja doplata !! )