Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постојат ли вистински пријатели?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ElenI777, 14 јуни 2010.

  1. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    Секако дека да, иако се ретки таквите пријателства сепак постојат.
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    Ние сме 3 најдобри другарки.Во последно време почнаа двете да ме одбегнуваат ,они ми пишуваат на фејсбук ко ниедна од нив не ми вика да испаднеме навечер.Си испаѓаат они двете сами во кафич каде јас не одам (имам причина) :( Мене ми е многу тешко,цело време сум дома си седам и се нервираммм :( Што да направам да ги прашам што е работата или.. ? Некој совет...
     
  3. UnPaso

    UnPaso Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Постојат вистински пријатели, но за жал денес такви има многу малку! :|
     
  4. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Јас верувам дека постојат. Еве јас сум толку благодарна со другарките што ги имам. Знам дека можам да им верувам за се. Можам да им кажам се што ми лежи на душата. Секогаш се тука за мене. Едноставно сме како сестри и јас ги сакам како такви :inlove:
     
  5. Dimkovska123

    Dimkovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Постојат да..можеби ретки се но ги има сеуште :)
     
  6. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Во денешно време таквите се многу ретки. :|
     
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    ДЕФИНИТИВНО НЕЕЕ !
     
    На Girl.in.love777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Girl.in.love777

    Girl.in.love777 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    8
    Исто и јас мислам дека не постојат. До пред некое време мислев да. Бев убедена во тоа |(
    Но се сменија сите. Сите се од корист. :clap:
     
  9. Taylor97

    Taylor97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    643
    Според мене постојат, но многу се ретки. Јас со мојата најдобра другарка се дружам од пелени шо се вика, многу пати се имаме карано за глупости, ама секогаш се смирувавме за 2 до 3 дена највеќе. Едноставно неможеме една без друга.. :) :inlove:
     
  10. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Постојат. Имам милион другарки од кои само две најдобри. Заслужено си ја носат придавката најдобри. Премногу сум среќна што ги имам. Порано имавме некои недоразбирања,ама сега тоа е зад нас и многуте прекрасни моменти што ги доживеавме не ни даваат да се сеќаваме на лошите работи. Ако почнам да пишувам за нивните особини ќе напишам роман,зошто премногу добро ги познавам,а и тие мене :) Само ќе кажам дека кога пишував за едната од нив,состав на англиски ги добив сите можни поени(што никогаш не ми се случило претходно) и добив коментар доле "Полно со емоции.Прекрасно вклопено. Добра граматика... "
     
  11. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Постојат,ама многу се ретки :)
     
  12. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Девојка можеби и може да ти биде вистинска другарка/пријателка но машко никако посебно ако сте згодни тогаш ке ти се прави другар а фсушнос те скенира преку облека и мастурбира на тебе навечер. Јас имав неколку другари кои ги сметав за другари во вистинска смисла на зборот, кога и да ги прашав за некој совет (како тест што ке ми одговорат) колку и да беше банална причината што ке им ја кажев (секако измислена) тие секогаш тргнуваа жестоко во напад на мојот дечко со зборови од типот: Ма раскини му нели гледаш што ти прави, како можеш да го трпиш, ти си убава ќе си фатиш некој што ќе те цени. И секогаш завршуваа со познатата реченица: Јас да бев на негово место никогаш немаше тоа да ти го направам. Ако ја слушнете оваа реченица бегајте како од ѓавол доколку не сакате да се доведете во непријатна ситуација. Велам непријатна, затоа што ако се доведеш во ситуација да ти се пушти а ти го одбиеш, веднаш рачунај дека си создаваш непријател плус.
    А дали пријателството може да помине во вистинска љубов: Да, може и тоа многу искрена бидејки тој те знае во секаква ситуација и сигурно те прифатил таква каква што си. Те знае кога си бушава, ненаспана кога си испотена едноставо те знае без маски и фасади кои сите ние ги правиме кога влегуваме со некого во врска а претходно не сме се знаеле. Гледаме да сме секогаш средени нашминкани...... а мора да признаеме дека некои луге се сосема поинакви со шминка и карактерна фасада отколку што се реално, па така може да се деси еден ден кога ќе се опуштиш и помислиш дека треба да се покажеш во право светло, да ве праша: А каде е девојками?
     
  13. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Значи девојко имаш тема машко-женско пријателство. ;) Овде прашањето е дали постојат личности кои се вистински пријатели,кои секогаш ќе бидат до тебе. 8)

    [​IMG]
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Не,не и не.
    Денеска вистински пријател не постои.
    Генерализирам од причина што јас вистински пријатели немам.
    Со сите имам коректен однос,ама едноставно нешто повеќе,во смисла зближување,не.
    Не знам дали поради фактот што како личност сум многу затворена,па нема простор да ми пријдат.
    Имам доста другари/ки,ама на дистанца сме сите.Онака не дека е формално пријателството,ама не е ни длабоко,искрено.
    Најверојатно и они го делат моето мислење дека не постои вистинско пријателство.
     
  15. Queen-K

    Queen-K Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    8
    Секако дека постојат, но многу е тешко да се пронајдат, уште потешко е да се изгубат, но е невозможно да се заборават.
     
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Одамна го немам чуството во некој да имам бескрајна љубов и доверба,со сите другарки од порано се гледам често ама некако изгубен е жарот од порано,едноставно секој си тргна по свој пат онака несвесно,знам на секоја средба да кажам дека не сме веќе оние деца невини од порано ,а на тоа никој не коментира ништо. е со сила убавина нема
     
  17. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Да.Јас ја имам и се сакаме најмногу на свет. <3
     
  18. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    и уште еднаш на оваа тема ќе напишам дека непостојат и не, секој ден сум се поубедена во тоа.
    ех бе кога најмногу и требав бев со неа, бев рамо за плачење,бев советник за љубовни и домашни проблеми, позајмувај и алишта,посветувај и време оти и требала мојата помош и сега не се ни сеќава на мене....кој те е*а работата, ах бе каква будала бев јас ама ако Господ гледа. :!:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    ДА, имам барем јас така мислам. ;)
     
  20. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Секогаш кога ќе речете дека некој не е вистински пријател...замислете се дали и вие сте биле вистински пријател? Дали некогаш сте го излажале пријателот? Сте му свртиле грб? На моменти сте му биле љубоморни? На моменти не ви било грижа за него? Не сте го разбирале? Тишината била непријатна пoмеѓу вас? Сте биле принудени да бидете дволични кон него? Кога викате дека на овој свет не постојат вистински пријатели, тогаш всушност велите дека и ВИЕ сте еден од нив. Затоа гледај ти да бидеш вистински пријател и некогаш ќе има некој кој ќе го цени тоа, но некогаш за жал и нема. Ако било пишано ќе си останете пријатели долги години...