Колку ли само е бедно чувството да немаш искрен пријател покрај себе, да немаш со кого нешто да споделиш кога си среќен ниту пак кога си тажен. Ништо не светов не сакам туку само да имам пријатели. Неќам да зборам како една ретардирана ме повреди а секогаш и помагав. Секоја година ја спасував да не повторува и да не иди на полагање, ризикував мене да ми ставаат единици, за да на крај одма што заврши средно и текна па се омажи, сите ги повика на нејзината свадба што до тогаш не ја ни погледнуваа, гледаа увјек да и наштетат, не и пружеа никаква подршка кога и требаше а ниту пак ги интересираше што таа прави со животот. и на крај сите кај неа на прослава а мене не ми стигнало никаква покана за свадба од неа? Која логика човече, како да се преболи и како да го надминам сево ова а?
Ќе сфатиш деκа вистинсκи дρугаρκи не постојат, најди дρуга дρугаρκа со κоја ќе се смееш, ρасположуваш но немој многу да и веρуваш и да и ги κажуваш твоите тајни, јас два пати сум била "измаρшиρана" од моите "највеρни" дρугаρκи па таκа се спρавувам.
Девојче не си свесна колку добро се понашав спрема сите дригарки кои до сега сум ги имала. Најдобро што може секој пат правев онака како што ќе биде за нив најдобро. Кога во школо ќе се најдеа во тесно за утре тест или слично ако требаше да им помогнам не спиев ноќта пред тоа или со денови им правев работи кои им беа потребни значи ниту јадев ниту пиев ниту спиев секогаш нивното добро го ставав пред моето. Мене важно ми беше да им докажам дека другарството со нив ми е најбитно. Не дозволував некој нешто за нив да прозбореше. Одма бев спремна за ќотек и расправија до бескрај само нив да им биде добро. Јас бев таа која најдобро чуваше тајни, која не смееше да ги пренесе на никој па дури и кога мојот живот беше опасност ради блувотињите што ги правев за нив. Ги лажев родителите нивни со кого биле како биле и што биле за викендите секогаш се мачев да смислам лаги со кои би ги сокрила. Ноќното дежурање на компјутер само за да можам да ги пробијам фејсбук профили на некој нивни непријатели ми ручеа како магарици по телефон кога саканиот ќе ги изневереше. Кога на крај побарав нешто од нив ме оставија на цедило па снаоѓај се како можеш на крај се омажија и не ме поканија на ниту една веселба на ниту една свадба деновиве размислувам на што потрошив волкав период од животот и дали некој ова ќе ми го надомести. Бидејќи останав сама дома цело лето нигде не сум отишла другарка не можам да фатам од тука зошто се испокарав со сите ради нив. Ете на крај ситетие беа заслужни да идат на веридба Само јас не.
Ајде сега да ви кажам јас од моја гледна точка. Има девојче кое кога се преселивме овде нејзе прва ја запознав забавиште, основно и сега 3 срено ќе бидам уште заедно учиме. Се немаме скарано нели со недели, месеци да не зборуваме ја мислев за другарка. Пред 2 години од некое си кочанско село се пресели овде кај нас во населба друго девојче имењачка со неа и оваа почна со нејзе да се дружи. Јас не ја поднесував таа што се пресели оти на 12 години носеше блузи со деколте, штикли, вртеше дечковци и уште што не. Невоспитана. Оваа мојата другарка само за во школо ме викаше мене онака излегуваше, се шеташе постојано со оваа другата. Ништо не и реков се се враќа, се се плаќа. Пред неполни 2 месеци таа што дојде тука се пресели во Германија татко и нашол подобра работа ќе живеат таму, овде ќе идат само за празници. И оваа мојата другарка добро утро се сети дека јас сеуште постојаам. И ми пише на Пастрамалијадата да сме оделе заедно и кажав договорена сум, да сме излегле да се прошетаме а јас требаше по патки да одам ја откачив. И вчера ми пишува на фб: Таа: Елена да те прашам нешто Јас: само прашај Таа: видуваш ли се со А... и М .. (мои другарки ама таа само се знае со нив) Јас: да зашо Таа: аа епа убаво ама мене нешто не ме фермате Јас: епа додека беше тука другарка ти С.. и ти нас не не фермаше па ништо Сеен 22:58 И не ми врати. Ете така да ви кажам бидете другарки ама не дозволувајте некој да ве врти како што сака. Бидете другарки со секого но тајни не кажувајте никому. Ако имате мака/проблем подобро овде на форумот пишете и ќе бидете сигурно дека после нема цел град да ве озборува, отколку на другарки да се доверувате. Јас немам во никого доверба и тајни никому не кажувам. Другарка сум со секого но со граница премногу не се врзувам за никој оти еден ден секој ќе си замине без да каже збор. Ниту користам некој ниту пак дозволувам да ме користат. Доверба немам во никој. И запомнете таа другарка што заминала поради друго друштво еден ден пак ќе се врати кај вас а ваше е дали ќе дозволите истата таа личност пак да ви биде другарка. Сум била предадена од 1 братучедка што за сестра ја мислев а што останало за другарки. Ретко каде постојат вистински пријатели. Денес зборува со тебе утре зад тебе.
nekogas imase no deneska tesko da najdes vistinski prijateli deneska site se samo za korist ako imat korist ke se so tebe ako nemat nema ni da bidat sega stanuvat zlobni sebicni ljubomorni zavidlivi
Не генелизирам. На помлади години, пријателствата започнуваат непосредно и траат се додека секој не си го најде својот пат. На повозрасни години, пријателствата започнуваат од користољубие и траат се додека некој некого не закрпи, на било кој начин.
Постојат, но треба време додека да ги пронајдеш. И, треба да се обрати многу внимание. Некогаш мислиме дека сме ги нашле своите најдобри пријатели, но само сме слепи и не гледаме од секоја точка. Другпат, може да ги изгубиме затоа што не сме ги забележале навреме.
Во моментов толку многу сакам да имам вистински пријател, да ми помага на моменти ко што јас помагам секому. Штета што немам ниту еден.
Според моите доживеани искуства до сега нема вистински пријател, сите од корист биле другарки со мене.Баш кога мислев дека најдобрата другарка ми е како сестра и ја засакав како една таа ми забоде нож во грб.
Имам пријатели, ама ниту еден од нив не ми е вистински. Дел ми се поверни, дел подалечни, ама сите до еден ме имаат оставено на цедило кога ми биле најпотребни (иако во тој момент биле дома пред тв и можеле да скокнат за мене). Кога имаат корист ги познавам одма уште кога ќе ми се јават на мобилен, со улижавање: Силверчееее кај си ма срц...? И одма прашувам: Кажи што услуга ти треба. За нив трчам, коски по пат оставам, за џабе. Кога ќе им вратам на ист начин (за да сфатат), се лутат и збеснуваат. Ми фали искрен пријател. Тоа што немам искрен, вистински пријател знае честопати да ме фрли во депресија и да ме разочара.
На жалост не постојат вистински пријатели.Пријатели ти се само додека имаат корист од тебе.Кога ти се најпотребни испаруваат.