Вистина е. Екстремна реткост се луѓето со кои можеш да оствариш длабоки пријателски врски. Уште поретки се оние кои ќе те поддржуваат и ќе се радуваат на твојата среќа како да е нивна, и ќе те сакаат без оглед на взаемните разлики. Најчесто ќе налетате на хипокрити кои со задоволство би ја чекале првата прилика за да ве озборуваат позади грб. За таквите само збогум. Затоа и јас се водам според оној принцип, нека се бројат на една рака ама бар нека вредaт.
Не би се согласила. Некои луѓе се толку полни со огорченост, што само би чекале прилика да ти наштетат без оглед на тоа колку искрени намери имаш кон нив.
Објавив мислење пред малку но го избришав бидејќи не сакам толку да си ја откривам приватноста. Не дека имаше некои лични информации ама не е лесно толку да се отвориш. Во секој случај, накратко кажано секако дека ќе се сретнат и добри и лоши. Само ако сме имале лошо искуство со недораснати, не значи дека не вреди да се обидуваме да ги најдеме оние вистинските. Тие се познаваат во моменти кога ни е најтешко. Дури и кога цел свет мисли дека си луд, вклучувајќи ги и нив, не значи дека ќе престанат да те сакаат и дека ќе те напуштат. Само имам проблем што не знам како да ги преболам „другарките“ кои ми забија нож во грб, останатото е во ред. Дури од што бев со нив долго време си мислев дека сите се како нив, но откога сменив средина гледам дека постојат многу фини и добри луѓе, дури и се расплакав од толку добрина од сите страни. Навистина
Имам една вистинска пријателка,тоа се докажало милион пати,нашето другарство трае 15 години,сега имам една колешка со која одлично се сеогласуваме и знае да чува тајни и секогаш е тука за мене.Останатите се која да те искористи па се подзапазувам пред нив.Порано мислев дека сите можат да бидат како мене,отворени,спремни да помогнат во секое време ама за жал не е така.
По мене има,ама и нема.... Јас на пример сега после многу години открив дека фактички нити сум имала Тоа било само дволичност,лицемерие невидени Сега сум попрепазлива и не гарантирам за никого дека ми е пријател-ка
Држи вода и твоево,ама од стотина луѓе околу нас нема да се фатиме ваљда баш да бараме искрено пријателсво од некој полн со огорчување. Додуша сите све во извесен период огорчени од нешто ама не сите исто манифестираме. Постои опција држење на дистанца.Немора да се отвараме кон нив баш во таков период или пак ни воопшто немора. Имаме пријатели толку и такви какви што уствари и ние сме.Ова го велам од причина што неможам да разберам како зрели луѓе одат со одговори на ова прашање од типот -одамна веќе не постојат вистински пријатели,демек ги имало ама сами од себе исчезнале итн. Пријателството се гради а потоа одржува.Ништо нема на послужавник,нит имало нит ке има.И ние самите не сме на послужавник нели?
Aбе види сега, финтата е во тоа што тука имаме проблем бидејќи секојдневно се соочуваме со куп лицемери. Па, така честопати се случува од толку што се бројни да не можеме да ја согледаме човечноста. Тоа е исто како кога купуваш очила со некој поприлично голем диоптер за гледање од блиску ама не ги погодуваш па ти се замаглува видикот при првото ставање. Така е и со луѓето. Никој не те прима со празен багаж сите ти фаќаат кусур и тогаш кога реално не треба. До некаде зависи и тоа како ќе се поставиш кон нив, али у главно (барем од моја гледна точка), повеќето гледаат да те искористат, да ти подзавиdat ако си подобар од нив макар и за сантиметар, па бараат начин за да се натпреваруваат со тебе. Токму таа компетиција ги отуѓува луѓето, ама тоа е што е...На крај краева секој со своето искуство, не?
Да! Јас имам еден куп пријатели кои би ми се нашле во секоја ситуација. Најважно е да не те остават да тониш во кал и да се повлечат. Имам многу на чие раме би плачела. Сепак има само една личност која ја доживувам поблиска од било која. Не можам да ја наречам пријателка, повеќе другарка. Таа ми ги знае и најмрачните тајни од мојата душа. Само пред неа сум јас, баш јас
Интересна тема на која нема еден и единствен одговор, зошто се мора да е сложено. Јас од мое искуство сметам дека имам пријатели, некои поблиски, некои подалечни, некои искрени, некои лицемерни. Се ти е тоа живот. И немојте никогаш да велите за некој дека ви е толку близок што се, ама баш се можете да му кажете и дека баш се знае за вас. Не смеете и немојте тоа да го кажете, оти Марфи ќе ве удри одма по глава. Ќе речам за различни животни ситуации ти требаат различен тип на пријатели и различно да комуницираш со нив.
Постојат ли вистински пријатели??? „ Вистинските пријатели достојни за почит се тие на кои можеме да им се јавиме во четири часот наутро - Марлен Дитрих“ Ако имате некој пријател кој одговара на „ОПИСОВ“ тогаш постојат ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛИ!!! Спојлер Но за жал тие се малкубројни!!!
тоа е тешко на прашање каде и не можам да дадам одговор..сум имала разни ситуации....имам една другарка и сум блиска со неа и си кажуваме работи од приватноста за утеха за срека за тага ја имам и потполно се разбираме...ее сега јас практикувам баш се да не кажувам зошто не е добро секој детал да биде раскажен си чувам за мене....дружељубива сум и на сите гледам да погодам ама изгледа и не можам и затоа одбирам со кого се дружам се дистанцирав од сите оние кои сакат да ми наштетат а ги има многу...
Pa postojat ... jas imam eden maski i eden zenski prijatel koj znam deka se vistinski ... mozam za se da im veruvam,sekoas sme iskreni eden kon drug,si pomagame,me nemaat dosega iznevereno i sekoj den sme zaedno i mi go razubavuvaat zivotot <3
јас мислев дека имам многу време и после ко гром од ведро небо се просветлив. точно е не се сите спремни да помогнат во секое време, не можиш да се довериш на никој, си добил нешто што не го заслужуваш и од некој што го сметаш за свој .... и за тоа сега не верувам во никој и од никого ништо не очекувам така нема разочарување.
Вистински -не постојат.Единствен пријател може да ти биде сопругот/сопругата и никој повеке...под услов да сте сложни и среќни. Нема пријатели денес, да не се залажуваме.Тргни од себе..секој си гледа чергата. Денес пријателствта се базираат на нати го-дај ми го и на интерес. Не велам дека немам пријатели-лки, но не се вистински.Секој од нив ме издал во животот на некој начин.
Има но претешко е да ги најдеш. За моја среќа пред една година запозав девојче кое не ми е бфф сестра ми е. Знаеме ние колку бфф се испокарале и после цел град им ги зане тајните но јас и она си се најдовме една со друга и можам да и верувам зошто она нема друга верна другарка а и јас немам така да нема пречки, нема сомнеж