Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постојат ли вистински пријатели?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ElenI777, 14 јуни 2010.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Постојат , јас ги имам 4 , уште од забавиште (и еден од средно) ги најдов и до ден денес ги имам :D , се надевам до крај на мојот живот ќе бидат тука .
     
    На angelche16, SwanMay, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Интересна тема за размсилување.
    Постојат, но некако слабо можеме да ги видиме.

    Насловот ме натера малку подлабоко да ја анализирам темава и навистина е интересна за размсилување. Постојат безброј агли од каде можеш да анализираш и да го воочиш истото.
    Првенствено најважниот фактор сме самите себе. Ако бидеш искрен, ќе допреш до нечие срце и ќе добиеш искрено пријателство.
    Но со оглед на нашава динамична денешница, сите се плашат од таа искреност, сите се затвораат и не дозволуваат никој да им пријде поблиску. Тука се првенствено оние помисли кои секој човек го изначуваат внатрешно, дека што ако тој човек понатаму се промени, дали било тоа од завист или слично и се оттргне од него?! Така се раѓа конфузноста и затвореноста на скоро сите. Но и тоа да дојде еден ден, сепак постои и за тоа лек. Нашата искреност и понатаму може извесен период ќе биде злоупотребувана, ама таа никогаш не останала исфрлена и изгазена. Ако се пристапува и се прави се’ со чисто срце, еден ден ќе победи добрината. Така и на другиот ќе му се даде една голема животна лекција.
    Значи...
    Од нас зависи дали ќе ги стекнеме.

    За себе...
    Ги имам и тоа премногу и не им знам број.
    Слава на Бог што ми ги дарил :angel:.
     
    На Sari4kaaaa, SnowWhite8, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.188
    Дали постојат вистински пријатели или не, зависи од вашата перцепција и од искушенијата во кои ќе западнете во текот на животот. Ако постојано сте сомничави кон лугето и за секој нивни гест се запрашувате, а што е задната намера, што ли очекува за возврат, сигурно дека и да го имате нај идеалниот пријател на светот ќе живеете во уверување дека го немате и дека се е од корист.
    Исто се случува и кога сте наивни па на се гледате добронамерно, па се додека не западнете во некоја невоља ќе верувате дека имате вистински пријатели а всушност имате само паразити кои ве цицаат и матрејално и духовно.
    Вербата во пријателите е слична како она во бога, можеш цел живот да бидеш убеден дека постои и едното и другото а само една ситуација може да ве разубеди дека всушност сте живееле во илузија, исто како што можете да умрете со тоа уверување а да тоа не е вистина.
    Јас на пријателството не гледам фанатички туку многу реално. Да, имам пријатели но секој ден во себе го анализирам и преиспитувам колку е тоа вистинско и колку може некому да му се верува.
    Никогаш човек не треба да се предаде некому целосно и секогаш треба да има на ум дека довербата понекогаш може скапо да го чини.
    Единствен верен пријател кој никогаш нема да ве изневери па макар по цена на својот живот е сестра или брат. Тоа е човекот кој никогаш нема да ве изневери и на кого искрено ќе му биде жал кога еден ден ќе ве снема, се останато треба да се земе со голема резерва.
    Колку е поголема вербата во пријателството, толку на крајот разочарувањето е поголемо.
     
    На Gordana10, Anon и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.850
    не би рекла...
    Се слагам со Вашата перцепција за сомничавоста и наивноста во пријателството, ама дека брат-сестра се ЕДИНСТВЕНИ - ЈОК !!! Додека не постојат снаа и зет покрај нив, може ке бидат ОК, ама ако постојат, секој ке си влече на своја страна, биди сигурна.
    Од тој аспект може да се издвои родителот , дека тој нема никогаш да те издаде, ама во денешницава и тоа не е за верба.
    Лошо време дојде.Можеби од секогаш било вака, ама еве ние сме созреале и сме осознале.Не е вистински пријател само за пиење кафе, брборење и исповедување...Најди се во лоша ситуациј (велам Недај Боже) , ке видиш кој ти е пријател.
    Јас лично во тој поглед сум задоволна бидеки по природа сум сомничава (изнагорена сум) и сите ги држам подалеку од себе и немам проблеми
    Но сведок сум на гоооооолеми пријателства кои завршуват одвратно.
     
    На Meckicja, vitamina и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    2.631
    Пол:
    Женски
    постојат вистински другарки ама се многу ретки. јас имам 2 надобри другарки и со нив сум од прво одделение па се до денес, а имам 23 години и мислам дека цел живот ќе бидеме најдобри другарки. До сега не направиле било што со што би ме разочарале или повредиле. Не велам дека не сме се карале, ама тие кавги биле како оние кога се караат мајка и ќерка или две сестри и утре пак ќе се сакаат и ќе бидат тука една за друга.
    И мислам дека невозможно е да имаш повеќе од 3 најдобри другарки, тешко е да имаш една а не па повеќе од 3. Јас сум многу среќна што животот ми ги днел до мене и ми овозможил да ги сретнам. Некои спомнаа барање, другарки не можеш да бараш, тие сами си доаѓаат, и да дојдат и да се вистински можеби ти нема да ги видиш и нема да дозвилиш да ти се приближат ради разни муабети да речеме што си ги слушнала и стереотиони сфаќања. Па на крај краишта можеби ти не му се допаѓаш како личност на човек кој знае да биде добар пријател и така не усоевате да оствсрите поблизок конакт. Јас еднаш помислив дека можам да имам и други другарки исто толку добри како овие 2, ама се изгорев и сфатив дека преголема е случајноста и среќата живптот да ти пружи имаш повеќе добри другарки. А и невозможно е. Колку повеќе толку поголем хаос. следуваат љубомора, па си излегувала со едната а со другата не, па на некоја и смета друга и ти зворува ваква таква била што си барала со неа. Така да, убаво е да имаш многу, премногу пријатели, но во најтесниот круг на најдобри не дозволувај да се мешаат оние обичните пријатели и познаници оти ќе си расипеш се што имаш и што си градел претходно. А и никако, ама никако не смеете да дозволите да се меша дечкото во другарството или да ве убедува дека не ви требаат пријатели оти го имате него. Шо акп тој утре си замине? Сами ќе останете? Не е исто пријател и дечко, затоа постојат различни нзиви. Пријателот и дечкото не смеат да се мешаат. И дечкото НЕ СМЕЕ да знае за она што ви се доверила другарката!!! Едноставно тоа не е негов проблем и нема што да го интересира тоа.
     
    На SnowWhite8 и natasa-natka им се допаѓа ова.
  6. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Секако дека постојат искрени луѓе кои нудат вистинско пријателство и вложуваат љубов & почит во тој однос, но се премногу ретки. Многу повеќе се оние кои ќе ве побараат само тогаш кога имаат некоја потреба, од оние кои се јавиле само за да ви го слушнат гласот и ви го разубават денот. Но, и покрај сите проблеми кои ги носи секојдневието, и покрај тоа што сме растргнати на различни страни, постојат оние луѓе кои блескаат како најсветли ѕвезди на небото. Дури и да не го говорите истиот јазик, па наоѓате некој трет на кој што би можеле да комуницирате, дури и да припаѓате на различна вера и култура, сепак се разбирате. Дури ни океанот не е доволна причина да бидете раздалечени.... Барем така јас ги чувствувам моите вистински пријатели. :)
     
    На cempres72, coolzhena, Dr.Awesome и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.680
    Пол:
    Женски
    Да. :)
    Иако се ретки, имало, има и секогаш ќе има личности кои ни се светла точка во она донекаде точно клише за отсуството на човечките вредности во денешно време.
    И мeѓу сите оние познаници во нашето секојдневие кои се тука само кога имаат некоја потреба од нас, ќе се најдат луѓе кои навистина го оправдуваат епитетот пријател со сите букви на место. Луѓе коишто се секогаш тука за нас, пред кои можеш да бидеш свој и да не се срамиш во било какво издание и за кои си сигурна дека подеднакво се радуваат на твоите успеси како и на своите.
    Е таквите треба да си ги чуваме... :nod:
     
    На Gordana10 и SwanMay им се допаѓа ова.
  8. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.409
    Допаѓања:
    9.373
    Пол:
    Женски
    Да, имам една.
    Иако се ретки таквите треба да ги чуваме и да не се караме со нив.
    Имам три "пријателки" кој само прават лице. :o
     
  9. Monicaa

    Monicaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека постојат пријатели ама онакви какви што сме навикнати да гледаме по филмовите дефинитивно не. Можеби е премногу песимистички од моја страна но сметам дека сами сме дошле на овој свет и сами сме во него. Се разбира има многу луѓе кои ни го разубавуваат или разгрдуваат животот но на крајот секогаш сме сами
     
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.677
    Допаѓања:
    79.747
    Пол:
    Женски
    Постојат вистински пријатели. Но не онакви кои цело време ќе бидат искрени со тебе.
     
    На Petra777 и zabec им се допаѓа ова.
  11. Janina

    Janina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2015
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Postojat,imav 3 koi mislev deka mi se vistinski i po nivnoto predavstvo,zapoznav edna koja veke 2 godini e licnost so mi znaci poveke od se na svetot :angel:
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kutirana

    Kutirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Постојат вистински пријатели но за другите кои се од корист навистина нема што да кажеме секогаш се трудеш се да биде по нивно да им угодиш и на крајот ти крива и ти секогаш си таа што нешто расипува и на крајот тие биле повредени а уствари ти си повредената
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marich

    marich Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2015
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Пријатели постојат а дали се вистински хм мислам она 80% , и само 2такви имам.
    Останатите само онака минливи ми се
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.182
    Допаѓања:
    36.613
    Пол:
    Женски
    Мора многу да се внимава кого се одбира за пријател. Такво време дојде што секој гледа да те искористи. Со моите другарки не се гледам често. Немам многу време. И кај нив е исто. Дружбата ни е супер и се надевам дека така ќе продолжи и во иднина.
     
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Пријатели имам многу. А вистински пријатели 2-3ца. Тоа и толку може да се има.
    Јас сум прибирлив кога бирам вистински пријатели.
     
    На SnowWhite8 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    914
    Пол:
    Женски
    Постојат ама многу се ретки еве мене пред месец дена ми се случи нешто што ме извади од кожа.Со дечкото се дружиме со неколку парови повеќе години и го негуваме тоа пријателство,но имаме др .пар што се како да кажам убутуваат и почнаа да се дружат со нашиве и да им одат по гзот што се вика на гости да ги викаат,а јас знаејќи какви се немам срце да имкажам на луѓево затоа што пак ќе излезам на крај крива и можда ќе си речат љубоморна а пред мене лично од тие луѓе имам погрдни зборови слушнато за првиве.Сали вие сте се нашле во ваква ситуација и дајте ми совет.
     
  17. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ретко...Постојат ама ретки се тие среќници да имаат вистински пријател покрај себе.
    Колку и да ти е добар, кога тогаш ќе ти го забоди ножот без да сетиш.
    Од некаква корист и интерест ќе се врткаат околу тебе, и кога не им требаш одеднаш ќе исчезнат.

    Затоа викаат дека вистинските другари се како дијаманти...скапоцени, ама многу ретки.
     
    На SnowWhite8, Someonespecial, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. KAZANOVA27

    KAZANOVA27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2016
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    постојат навистина верни другари
     
  20. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.132
    Пол:
    Женски
    Не постојат. Кога-тогаш ќе паднат маските и ќе се изненадите негативно. Или пак самиот живот ќе ве оддалечи. Како и да е, верувам во тоа да му посакуваш добро некому и да чувствуваш позитивни вибрации кон некој, и тоа да се огледа на другата личност.
    Имав другарки и другари кои до ден денес ми лајкуваат на ФБ но за жал на тоа останува, па какво е тоа пријателство, во лајкови ли ќе мериме? Келтите верувале во анам кара - пријател на душата, еден и единствен. Долго верував во овој концепт се додека човекот ме остави во тешко време. Оти сите си се сакаме додека е се убаво.
     
    На SnowWhite8, TheGirl23 и Briar Rose им се допаѓа ова.