za da gi najdes treba da zamizuvas so ednoto oko-a za da gi zadrzis treba da zamizuvas so dvete oci.ima da no toa ti e isto ko da baras igla u seno.kako sto kaza hipi poubavo e da veruvas deka gi ima
Ретки се ама постојат. Посебно кај нас женските малце е потешко да имаме вистински пријателки секогаш постои доза на завист и љубомора. Јас сум од тие среќните што успеале да осетат што е вистинско пријателство. Со истите луѓе сум од основно и знам дека можам да рачунам на нив во било кое време и се осеќам навистина среќна во тој поглед. Сме имале кавги нормално, но секогаш биле ситници кои сме успевале да ги средиме. Убаво е кога знајш дека некој кога ти посочува на некоја твоја грешка нема задни намери туку искрено сака да ти помогне оти му значиш.
Постојат вистинки пријатели .. во мојот случај вистинска пријателка Само една ми е најдобра другарка и никој неможе да ја замени Вистинските пријатели се стекнуват од самото детство .. барем јас така мислам ! Неможе некоја што ја знам само 2 месеца да ми биде најдобра другарка ..
И јас мислам дека постојат вистински пријатели Ама ги нема во изобилство Јас ја имав таа среќа да си најдам вистинска пријателка.
НЕМА, времето ќе покаже дека е така. Се е релативно па дури и пријателството, пријателите се менуваат , со едни се оддалечуваш од икс причини а со други се спријателуваш на некоја заедничка основа. Јас лично сум разочарана од мојата/моите пријателки
navistina se retki vistinskite prijateli no i jas ja imav taa sreka da si pronajdam drugarka nekogas i progleduvam niz prsti kolku da ne se skarame :/
Ние луѓето функционираме на тој начин што кога ќе снемаме корист губиме интерес за нештото. За било што да се работи. Пример јадеш чоколадо со убава амбалажа. Кога ќе го изедеш амбалажата ќе ја фрлиш. Така ти е и со другарството, дружиш додека имаш корист. Инаку, зошто? Јас функционирам на тој начин. Ете во средно имав добар другар, многу пати ми се наоѓаше за многу работи, а и јас него. Го сретнав пред некое време, не е веќе тоа тоа. Едноставно јас и тој немаме муабет. Сега кога и да го видам не застанувам со него. Затоа што едноставно нема потреба. Јас повеќе немам никакви заеднички интереси со тој човек. Ниту муабет. И немам потреба да дружам со него. Другарки сум имала многу досега и друштва. Додека беше интересно се дружевме... Почна да ни досадува секоја си фати на своја страна во животот. Па потоа друго друштво, па друго... И се така додека се има заеднички интереси со одредени личности. Кога се губат тие работи, се губи и муабетот, станува бош... И толку веќе, нема причина повеќе ниту корист да се дружиш со таа личност. Мразам лицемерие, а знам дека сите функционираат на тој начин. Колку пати сте помислиле дека сосетката е ужасно досадна кога ќе ви клапне дома по цел ден? А сепак ништо не сте и рекле... Колку пати сте се смрштиле кога другарка ви ќе ви побара некоја блуза? И пак дружите Нели, ние сме човечки суштества и не сме безгрешни. Сите носат зло во душата, кој помалку, кој повеќе. Бидејќи знам дека луѓето се во глобала лицемерни суштества не запаѓам во приказни дека постои вистинско пријателство. Може да постои, додека имаш корист од таа особа. Малку забегав, ама сакав да ја доловам поентата.
Многу се ретки најдобар пријател ми е мајка ми и сигурна сум дека нема да ме издајт и ми дава најубави совети таа е вистински пријател
Вистински пријатели ? .. Постојат али се премногу ретки за жал .. Во денешно време сите гледаат да си удоволат на себеси .. и да се дружат само од корист .. жално но така е
Најискрено јас верувам во вистински пријатели. Имам најдбра другарка со која се дружиме од 5 одделение, а сега имаме по 25 години. Бевме четири другарки но на крај останавме само ние две. Не дека со другите две се скаравме, само тие отидоа да студираат подалеку и далечината си го направи своето. Уствари и додека се дружевме сите заедно пак некако најблиска бев со оваа што уште ми е најдобра другарка. Можеби ќе звичи чудно но ние до сега се немаме скарано, некако ептен сме си погодени во карактерите, никогаш не ни е досадно заедно и секогаш имаме теми за разговор. Ми има помогнато во многу тешки ситуации и јас на неа. Знам и сигурна сум дека нема да ми направи или помисли нешто лошо, а никогаш не би и направила ни јас. Понекогаш кога ќе се најдев во друштво на други луѓе кој од една или друга причина ја напаѓаа со сите сили се трудев да ја одбранам, па дури и кога знаев дека не е во право. Таа сега е среќно мажена има и две дечиња (момче и девојче), но тоа не смени ама баш ништо во нашиот однос.
ne postojat vistinski prijateli... ima samo prijateli od korist.. koi zboratb zad grb a pred tebe se pravat naj dobrite prijateli koi sekoj bi gi posakal
Мора да постојат , познавам многу девојки кои што се дружат од прво одделение, јас ја немав таа срека. Можеби било до мене, но сепак мислам дека сум многу добра и попустлива и се дружеле со мене за да остварат некои свои цели , а кога еднаш немало да биде по нивно веднаш ми го вртеле грбот. Слабост ми е тоа што премногу внимавам да не навредам некој и на сите им угодувам , а на крај тоа лошо ми се врака. За жал не можам да се пофалам со најдобра другарка, иако имам многу пријатели , и криво ми е за тоа , али тоа е животот
postojat vistinski drugarki no mnogu se retki jas so moite drugarki se druzime od 1 odd sega ima nekoj mazeni no se uste si kontaktirame a za vistinski drugar si imam edno drugarce za se sto mi tesko se iskazuvam na nego a isto i on namene od site ovie godini svativ deka poabavo e da imas vistinski drugar negoli vistinski drugarki drugarki moze no ne tolku bliski zasto sekogas na kaj ke ti zabodat nos
Да, мислам дека постојат! Како прво, пријателка е мојата мајка и мојата тетка! После тоа е мојот сакан, на кого за се можам да се потпрам! За девојките на моја возраст можам само да ги наречам френдс вит бенефитс! Кога би ме прашале мене, мислам дека машкото може да биде повистински пријател него женското! Како и да е, на крај, едниствено твојата мајка - пријателка не може да те разочара!
vistinskite drugarki se premnogu retki , sum imala slucaevi kade sto sum postavuvala testovi na drugarki za da vidam dali se iskreni i dali mozam da im veruvam vo site 6 slucaevi sum se razocarala i otogas rekov deka so nikogo nema da spodeluvam nisto vazno osven so majkami i mi treba vreme da se odlucam dali da i kazam neso na drugarka makar i da e bezvredno . ova leto se zdruziv so drugar go zapoznav za 3 nedeli pocnav da mu veruvam i da mu se doveruvam mislev deka od septemvri ke bide ista prikazna kako so drugite drugarki ke te zaboravat .ama se izlazav postojano komunicirame i si kazuvame novosti sakam da kazam deka masko kako drugar mnogu poveke ke te podrzi nego drugarka koja ke gleda samo da te iskoristi . ne vikam deka iima i maski koi ke ti se pravat deka ti se najdobri drugari samo za da im namestis nekoja toja drugarka i toa sum go iskusila samo opusti se i kako so so majka mozes da bides slobodna vo razgovor so nikoj nemozes
Постојат. Многу се ретки, но како ке си се поставиш така. И титреба многу да дадеш и толерираш, за истото да го добиеш за возврат. Битно е да не се злобни, и да се подогувате. Многу е тешко да се одржува вистинско пријателство. Јас сум горда на тие малку што ги имам, и морам да признаам дека се вистинско богатство, да имаш на кој да е потрпреш и во убаво и во лошо.