Не, не и не..и тоа што навидум изгледа на добро пријателство и тоа има мрачно лице, прашање на време е кога ке го покаже ..такви сме ние луѓето..имам многу лоши искуства, коса ми се крева Можам книга да напишам за тоа. Последното ,,пријателство,, заврши кога ми се роди ќерката, пријателите не можеа да имаат деца па раѓањето на ќерка ми секојдневно ја фрустрираше госпоѓата..
Да може, барем кај мене е така. Си имам другарка како сестра од мали нозе сме заедно и све имаме претрпено, не викам дека никогаш не сме се карале за нешто или пак не секогаш сме имале исто мислење ама никогаш не сме се наљутиле една на друга. Нккогаш на никого не сме ги кажувале тајните. Многу си ја сакам 24 години сме заедно се надевам дека до крајот на животот ке бидеме како што сме биле до сега. Искрено се надевам дека и нашите ќерки ке се дружат вака како нас
Сум променила многу другарки и другари, но едно ке кажам, вистинска другарка не сум имала, секоја имала своја цел зошто се дружи со мене и своја маска, а вистински другар да. Според мене девојка може да има вистински другар, а не другарка. Барем јас сум така, ако грешам ...
Искрено, таков тип сум што не сакам со никој да се карам и со сите сакам да сум блиска. Добра душа шта чеш. Сакам да помогнам, не барам ништо за возврат, некојпат на човек му треба личност што ке му поомогне во било каква ситуација...Па и не сме толку зли колку што се правиме дека сме
Знам женска, имам една пријателка што крајот не можеш да и го најдеш. Оди од крајност во крајност. Али добро игра, знае да те изнервира провоцира па ти доаѓа да не презбориш пак со неа и оп во некоја прилика ептен фер испаѓа оноа како вистинска другарка што би рекле. Свашта има на светот, али моите што би рекле не се карај, почитувај ги сите не знаеш кој за што ќе ти треба натаму во животот
постојат ама ретки се... Се изгорев неколку пати,да ја подарам мојата доверба некому па да ме изигра..Затоа почнав во главно на дистанца да седам и да не се зближувам со никого повеќе како порано
Според мене не постојат вистински пријатели, со тек на време ќе сфатиш дека се е само од корист и кога ќе престанеш да им правиш услуги ги снемува па уште и крив си.
И јaс мислaм декa немa вистински пријaтели. Дo сегa oд сите другaрки сум билa пoвреденa. Сегa тие штo ги имaм пaк ме пoвредиле сo ситници зa рaзликa oд предхoдните иaкo секoгaш гледaм дa сум фер сo нив. И дa се е oд кoрист денескa.
Постојат сеуште. Но најискрено новите стекнати пријатели се подобри пријатели. Барем јас имам такво искуство
Постојат. Ретки се, но ги има. Инаку вие што велите дека нема вистински пријатели, свесни сте дека и за себе зборите ?
Зависи со каков карактер ни/ви се пријателите, со каков карактер сме ние.. што очекуваме ние од едно пријателство, и што очекуваат другите. Нема една мерна единица за пријателство. Некои за мене се добри пријатели, за некого, истите да не чинат ни да ги викнеш за да ти копаат на бавча... И то....
Па искрено гледаќи се самата себе има некоја надеж дека постојат вистински пријатели. Нооо, тоа што го гледам во другите,не да сум разочарана едноставно нема збор со што би го опишала "денешново другарство".