Според мене денес е многу тешко да се пронајдат вистински пријатели, доколку ги имате секоја ви чест. Јас до сега мислев дека имам три најдобри другарки, но се излажав. Бевме три најдобри другарки се додека не ја примивме и четвртата, таа се здружи со едната од нив и не раздели, сега сме две но ни е многу подобро две искрени, отколку две од тоа друштво да не лажат и искористуваат. Навистина бев многу разочарана. Речиси сум сигурна дека и на вам барем некој ве изневерил и разочарал. Не разбирам до каде ке оди денешницата.❔❔❔
Нема вистински другари/ки. Не разбирам зошто никој не прима некој друг во друштво? Од што им е страв?
Нема такви не постојат и тие што мислиш дека ти се, се уствари до тебе и со тебе поради некоја причина или од корист ти прават лице, и ти се лигават во фаца трпеливо го чекаат моментот кога ке те искористи и ке се повлече на страна и како ништо да не било како воопште да не сте се познавале барем јас такам мислам тие вистинските се во илјада еден.
Постојат. Само прашање е колку се трудиме да ги пронајдеме, вистина патот е макотрпен и со многу разочарувања поради личности кои не се однесуваат со тебе на ист начин на кој се однесуваш со нив. Еве ќе бидам искрен на многу сум им помогнал и сум се однесувал кон нив најдобро што сум знаел. Многу денес ме игнорираат како да сум им сторил нешто лошо, а не како да сум им помогнал и сум бил секогаш тука за нив. Пред неколку месеци запознав еден многу добар човек кој ми стана најдобар пријател. Се запознав со него кога го загубив мојот паричник со документи. Се понуди да ми помогне и го бараше со мене цел еден час. И на крајот го пронајдовме. Денес тој човек ми е најдобар пријател и во било кое време да ми се јави спремен сум да му помогнам на било каков начин за што и да треба. Некогаш вистинските пријатели се многу блиску до нас, само не сме свесни за тоа.
Мило ми е што има промена на подобро. Постојат вистински пријатели, но тешко се одржуваат долги тие пријателства и општо пријателствата. Ама пак секоја средба со таква пријателка и по кој знае колку години не видени е прекрасна, исто како да не поминало сето време.
Можеби постојат,ама јас сеуште не сум ги пронашла. Секоја другарка ме зезнала на некој начин. Затоа од одамна си го ставам другарството на дистанца. Имам другарки за кафе муабети,небитни теми. А за посериозни нешта ја имам сестра ми
Постојат, но за да се одржи пријателството, потребно е двете страни да го негуваат истото. Ретко се случува, но ако веќе сретнеме вистински пријатели, треба да се потрудиме да ги задржиме.
Релативно е, не велам дека е чиста случајност какви ќе ти се погодат, но според мене - до средно, околината и школото нѝ ги одредува пријателите, а тие сѐ почесто испаѓаат онакви какви што не сме ги замислувале. И на крај сите сме со став дека не постои вистинско пријателство поради таквото искуство. Многу ми е мака што сум живеела во заблуда дека она што јас го имам со нив е пријателство, од оваа моја гледна точка - не е ни приближно до моите стандарди за вистинско, а не пак пријателство. Што е она што е најбитно кај односите помеѓу пријателите? За мене, најбитна е заемната интеракција. Тоа воедно е и стимулација на мозокот, давање и примање на искуства, совети и мисли. Посебно битно од моја страна било и да добивам поддршка и да можам да се отворам за теми кои би можела да ѝ ги кажам на сестра ми, ама како тинејџер сум собирала храброст па не сум можела сѐ "ко из пушке". Затоа биле тие тука, да ме сослушаат, да навлезат во мојот свет. Е, сега што се случува кога ти постојано споделуваш, а не добиваш ништо за возврат? Што се случува кога нивниот свет за тебе е некоја далечна галаксија? Исто така, не знам дали е до мене, но јас воопшто не се устручавам околу односот. Мојот телефон можеш да го имаш при рака, да го користиш ако ти затреба. А, она што јас го добивав за возврат беше криење телефон, па подоцна кога се вклучија и други - криење на буквално сѐ... Се сеќавам еднаш дознав дека и на твитер пишувала едната од такозваните другарки, прашав дали е таа, а секако ми скриваше и не признаваше. А, таа беше...по работите што ми ги кажуваше и што ги напишала. Зошто би се срамел да споделиш дел од својот живот на најблиската личност?Со сето тоа што јас го доживеав, мислев или имам премногу грешно мислење за мојата визија на зборот другарка или премногу очекував и се разочарував. Подоцна "навлегоа" и нови членови во друштвото, шепкањето меѓу нив, исфрлањето од секакви дискусии, ќошкањето додека сме во група не престана. И знаете кога почнаа да го отфрлаат она што всушност и не било којзнае колку вредно? Моментот кога стапив во врска. Оттогаш не ме гледаа како дотогаш, оттогаш станав непознат поим за нив, а можам да кажам дека никогаш не ги запоставив и дружбата остана иста. Сум давала шанси, сум давала илјада шанси, сум се смирувала иако не го заслужувале тоа за на крај, да одлучам дека веќе нема да си прегазувам гордост, да си одам против себе и да бидам со некој што ми го наметнале родителите, поради што 'се знаеме од мали', поради што сме комшии, сме израснале заедно. Можам да кажам дека втор месец како се осеќам чисто од токсини, задоволна со она што го имам. И да, не верувам во пријателство, ни пак некогаш повторно ќе се отворам некому до тој степен и ќе го делам секој еден момент со луѓе што ниту делат, ниту знаат да примат нешто искрено. Можам да сфатам дека постојат затворени луѓе, не го живееме животот сите со полна пареа, ама можам да препознаам што е вистинско, а што е ради реда. Мислам дека за пријателство се потребни многу работи, доколку сакате да бидете повеќе од познаници.
Мислев дека постојсат, но како минува времето и како ни се делат патиштата се разидуваме.. Нема да ги коментирам актерите кои глумат пријатели.. тоа на сите ни е веќе прочитана книга.