Хмм тешка работа ... Можеби постојат, но во многу многу ретки случаеви. Кога ќе им требаш се овде, а потоа кога ќе немаат веќе корист од тебе ќе те заборават. Затоа најдобро имај си граници на кого и колку ќе веруваш, зашто ако имаш тотална верба во некого, е тогаш дупло ќе се разочараш. Благодарна сум на оние што на прсти можам да ги набројам и ги сметам за најблиски зашто знам дека и во добро и во лошо можам да се потпрам на нив. Но сепак, највистински и најдобри пријателки ми се мајка ми и сестра ми!
Да, постојат, и не зборувам за мајка ми и за сестра ми. Тие природно мора да бидат и твоите најблиски,да бидат искрени спрема тебе и да те сакаат. Пријатели вистински има, другарки или другари, сеедно. Некои кои остануваат со тебе цел живот, без разлика на што и да се случи. Некој кој не е со тебе од корист, туку искрено ужива во дружењето. Таков вид на другарство ни оддалеку не може да се споредува со мајка! Во ниеден случај! Нормално е дека сите кои биле повредени , тврдат дека вистинско пријателство не постои. Потполно разбирам! Ама тоа не значи дека нема да се стекнат посилни пријателства кои траат речиси цел живот. Работата е што денес вредностите се толку изменети, што ние се чудиме на нашите родители и баби и дедовци, како имаат толку пријатели , толку долг период. Да не се вртеше светот околу парите, и да не беа сите материјалисти можеби и денес така ќе беше. За жал, до некаде е точна констатацијата дека интересот е секогаш во преден план.
Мислам дека не постојат.. Освен најтесната фамилија како брат/сестра мајка и татко, вистински пријател нема верувајте ми на збор а доколку имате, блазеси ви (или како и да се пишува зборов,првпат го пишувам )
постојат, да. ама сите имаме маани и сите грешиме, не е можно да не се разочараш од никого, јас едноставно се навикнувам на тоа, вистинските пријатели простуваат за грешките, и ние им простуваме на нив, тоа е според мене суштината на вистинското пријателство
Па постојат.Додуше после редица разочарувања од многу луѓе сепак може да се издвојат 1 или 2 особи со кој можам да се пофалам дека ми се вистински во животот.И тоа не само на зборови туку со мене се секогаш кога ми требаат и кога јас на нив им требам.Едноставно кога тие имаат проблем и јас го имам и обратно.
ретки се вистинските другарки на кои можеш да веруваш,зошто секој си гледа како на него да му биде убаво...вистинските пријатели се познаваат во најтешките моменти дали би сакале да ти помогнат или би сакале да те уништат уште повеке....за среќа мене господ ми дал таква другарка која многу ја сакам и почитувам и која знае се за мене а и јас за неа се надевам дека тоа ке остане така до крајот на животот.. ЗНАЧИ ЈАС МИСЛАМ ДЕКА ПОСТОЈАТ ВИСТИНКИ ПРИЈАТЕЛИ !!!
Постојат ... пријател не се стекнува преку ноќ , треба да помине време,години добри и лоши работи за да видиш дали тие што си ги сметал за пријатели тоа и ти биле.Јас како личност по природа сум дружељубива , комуникативна и во мојот круг има пријатели од двата пола ...Некои од тие пријателства траат со години .Колку само искуства се поделени , колку тајни ,совети ,убави и лоши ситуации сме рашавале задно .Пријателството се гради врз меѓусебна доверба , она што се кажало останало некаде заробено во мене и никој нема пристап до тоа што го знам јас и личноста која ми се доверила или побарала помош од мене .Но истата доверба ја барам и јас ....Како што јас секогаш сум тука за нив , сакам и тие да се тука за мене кога ќе имам потреба од нив . . Сакам да се дружам да ме побараат и да ги побарам, некогаш и без да има потреба ... онака само на кафе и слободни теми . Тоа сум го дала до знаење , тие што сакаат да бидат во мојот круг на пријатели треба да играат според правилата донесени од двете страни .Пред се мора да се има почит спрема личноста која си ја нарекол пријател... за него мора да си со него и во добро и во зло , без интереси и скриени потреби .Пријателството се гради во текот на годините и ако е искрено трае цел живот.Бар така јас мислам според фактите на моите пријателства кои траат по 15, 20 па и повеќе години и до сега не се изневерени тие пријателства , се уште траат опстојуваат....
Да, постојат ама се ретки. Фала му на Бога имам една таква што ја сакам како сестра и која секогаш е тука за мене, а и јас за неа..Сега работи во друг град и малку потешко ни е ама секогаш кога можам одам до таму, ем на шетка ем да си ја видам.. а кога си иде нормално прво на распоредот е нашето кафе пиење од само 4-5часа Инаку ретко постојат вистински пријателства, во оваа денешница секој гледа од секого да извлече некоја корист, и се додека ја има се `сакаат` а потоа ни едно здраво на минување нема
Можеби, незнам... Имам дадено мислење во врска со темава... Ама после вашите коментари само имам да кажам дека, ако едно зрно во пустината е различно од другите, дали ќе го забележите? Затоа мислам дека е најдобро да се држи одредена дистанца, да се има граница... Мешање во животот мој од страна на другарка несакам, ни под точка разно. Разговараме, си делиме совети, ама премногу навлегување и критикување не сакам. ШТо сум направила треба да сум си свесна. Имам чувство за последици развиено доволно добро. Ако погрешам, ќе си ги сносам последиците. Џабе е некој да ме предупредува и да ми навлегува во приватноста, ако сум решила нешто да направам.
темава и не е да ми се допаѓа но ми се допаѓа од проста причина што истото го доживувам и постојано и постојано се повторува нешто не е во ред со мене или незнам ...сите си гледаат за себе , сите се од корист имаш другарки со мислиш дека се вистински а се тоа е додека те користат,а колку само сакам да помогнам некому , да го сослушам и да знам дека после СЕ ке има некој што ке биде тука за мене дека не сум сама на светов но другарките се се повеке и повеке вакви пр - смени средина типката и ме одјеба поштено зашо? има подобри другарки сега одколку јас , а што се сум направила за неа пага у вода ОК! - друга другарка чим фати дечко ме заборава ....мислам ОК е сакам да биде срекна и се али не сум ја само по потреба .... со оглед на се ..и целиов мој живот за сите оние што мислам дека се супер на крајот испага дека се нешто сосема спротивно знам само дека вистински пријател НЕ постои!
хахахааа многу добра тема, екстрааа!!! лично верував дека има вистински пријатели, но со тек на времето некако сваќам дека „пријател на пријател не му посакува ниту најлошо, ниту најдобро„ така дааа.... кога ти се случува нешто убаво, стануваат по малку љубоморни, а тука се кога ти е тешко дали за да ти се ситат или за да верно глумат дека се загрижени..... дали имаме вистински пријатели кога јас на пр. се плашам да се пофалам нешто (и затоа најчесто ќутам и ништо несподелувам) токму поради фактот што мислам дека ќе бидат љубоморни, а не само што мислам туку и сум сведок на такви изразени емоции едноставно...секој си гледа за себе....ако има некаков интерес (било каков, не само финансиски) е тука околу тебе, контактира и слично кога ќе помине интересот, пријателите се забораваат ......
ДА ДА ДА постојат вистинските имав можност да се уверам и тие да ми потврдат дека навистина гинат за мене.Другарките две од прво одд си ги задражав сиве овие години знаат да си ја остават целата работа и да бидат во правиот момент со мене.Имам другарка од средно и две од факултет во секоја прилика одредени ситуации сме си помагале,сослушувале.Пример;минатата год се правев операциа бев психички а и физички изнемоштена ослабена.Ден не ме оставија сама, која како можеше помагаше и финансиски сите ми се понудија која колку има 50,100 евра во тие моменти сето тоа многу ми значеше.Немам ни брат ни сестра и нив си ги ословувам со сестрици.Ги сакам многу и знам за другарство многу да се давам себеси и мислам затоа ги задржав сите овие години покрај мене.Можеби и Вие сте во право што велите дека повеке не постои другарство,пријателство сите вредности и норми се изгубени во денешно време се изменија луѓето се е од интерес.Јас растев во убавите времиња и така бев воспитувана а во школо така не учеа еден за сите,сите за еден.Пријателството,другарството за мене е свето сакам да го чувам,одржувам,почитувам и да ми биде возвратено.Им благодарам на сите мој друшки што несебично ме сакате,а и јас вас.
Го читам постов и се воодушевувам што сеуште постојат вакви пријателства ,за жал кај мене е спротивно имам пријателки и две од подобрите ама тешко да се доверам како некогаш премногу боли кога ке се разочараш од некој кој мислиш дека ке биде покрај тебе во најтешките моменти а го нема.
Дали постојат пријатели? Да секако дека постојат. Но сепак единствен човек на кого се потпирам целосно сум јас. Зошто колку и да ти се пријатели сите прво си гледаат нив да му е погодено па после тебе. Тоа и е нормално и јас го сваќам како така. Имам голем број пријатели кои биле тука за мене, кои ми помагале, но пак ќе речам не дозволувам ништо од нив да зависи и секогаш се потпирам на самата себеси. И доколку ми треба совет и човек кој целосно се знае за мене е мајка ми. Не се потпирам многу многу на нив и затоа си имаме совршени односи.
Постојат вистински пријатели и јас ке го кажам истото,но повеке од две неможеш да имаш зборувам за вистински на кои можеш да се потпреш во секое време и за се...Среќна сум што ги имам
постојат но само еден-а пријател-ка со кој-а æе можес да споделис се другите се само пријатели да биле сите вистински ееееееееее добро би било ќе немало оговарање
Не можам да тврдам дека не постојат, но можам да кажам дека денес се многу ретки вакви случаи да имаш пријател до тебе кој ќе ти мисли се најдобро. Кога бев помала и бев сигурна во ова, како и сите ние кои во тинејџерските години даваме се едни за други со другарките . Но, искрено сега мислам дека вистински пријател може да ти биде само семејството. Тие се единствени на светот, кои никогаш нема да ти љубоморат, секогаш ќе се радуваат за тебе, ќе даваат се за тебе. Затоа и мама, тато, сестра ми и дечко ми, ми се единствените ВИСТИНСКИ пријатели .