1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постојат ли вистински пријатели?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ElenI777, 14 јуни 2010.

  1. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Се согласувам со тебе...Само семејството,никој друг! Особено мама,а и бато,леееле колку се зближив со него :) Најсреќна сум на светов што постои он :)
     
    На gami му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mjauuuuu

    mjauuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    јас сум многу разочарана од најверната другарка... ;( ако некој искрено сака да ми помогни нека ми пиши во порака ... :( немам со кој да разговарам а многу ми е тешко...
     
  3. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301

    Сите во одредени моменти сме биле разочарано од нашите најдобри другарки..
    Ми се случило и мене..повеќе пати.
    Последниот пат беше фатален и сега веќе почнав да размислувам дали воопшто ми биле најдобри другарки..
    Ајде не е крај на свет ;) и секако ако мислиш дека ке ти биди полесно сподели го твојот проблем...
     
  4. mjauuuuu

    mjauuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    се дружиме скоро 4 години...бевме како сестри...сегде одевме заедно...се праевме заедно...не се ни каравме воопшто...се до пред пола година..кога та започна да се дружи појке со една нејзина поранешна другарка(со која се имаше дружено 2 год)од кога се скара со дечко и почна да излегва со нас...а претходно ја немаше нигде...
    и така тие две се зближија појке...мене ми беше криво заради то...и и кажав на другарка ми дека ми смета тоа шо ме запоставува и тоа шо ме смета исто со нејзината претходна другарка...јас всушност цело време мислев дека јас и сум најдобра другарка...а сега испага дека двете исто не сметала...
    но од моја страна гледано изгледа како тие две со текот на времето да се зближваат се повеке...но таа не го признава то...вели дека мене така ми се причинува...и налет то сега прв пат дознавам дека имала лошо мислење за мене...таа всушност не ме прифака таква каква шо сум...ми вели дека само се лутам...и дека сум била себична и слични работи...а јас неа ја сметав за најсовршена...немав никакво лошо мислење...мислев дека таква другарка ретко се наога...но сега ептен ме разочара...не само за тоа шо дознав какво мислење има за мене...гледам и колку му е гајле воопшто за мене...
    сега тие двете си се зближваат се појке и појке...а јас постепено пропагам...немам други другарки...не излегвам...во депресија запагам полека...
    не дека таа не ме вика да одам со нив...но едноставно то го прај само колку да не можам да речам дека ете не ме викна...
    незнам како да постапам...дали грешам во нешто...незнам...знам само дека сега никој нема да ми поможи ...сега кога ми е најтешко :(
     
  5. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Ми се случило, нормално е.
    Многу пати во моите друштва имало такви кои доколку не се центар -пажња ги караат другите.
    Да ти кажам искрено да разговараш со неа, не знам колку би го решило проблемот.
    Мислам дека луѓето се плашат од вистината, не сакаат да ја слушнат и бегаат.
    Тоа е.
    Она што можам да ти го кажам како совет од моето досегашно искуство е да не се замараш со тоа дали тебе те смета за поверна другарка или ја смета неа. Да , знам дека ти ја познаваш подолго, но тоа не значи дека таа нема право да запознава и други личности.
    Излегувај со нив , разговарај , зезај се и обиди се да ги запознаеш подобро , но и да те запознаат.
    Не биди секогаш онаа која само мрчи за се, биди весела , зафркавај се и ке видиш дека се ке биди супер. ;)
    И прифакај критика, без разлика што сте најдобри другарки не значи дека понекогаш не си одите на живци. Нормално е , луѓе сме, има периоди кога сите те нервираат ама проаѓаат.
    Не се секирај , се ке биди супер ;)
     
  6. mjauuuuu

    mjauuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    да...само најлошо е шо јас и нејзината другарка и не се поднесваме баш многу...и неа му смета то шо се дружи другарка ми со мене и мене ми смета...двете си љубомориме една на друга од тој аспект...само шо јас го искажвам то и директно и искрено го кажвам...а таја глуми...и му се пика шо се вели зборот...и на крај јас испагам лошата ...
    иначе го имам испробано то да излегваме заедно и да се дружиме...ама неоди...ме нервира оти да е така...јас не велам да не се дружи та со никој...туку нејкам да ме споредва со некоја шо се појави туку така наеднаш....
    а порано не беше ваква...сега се смена...од кога дозна дека мене ми е криво заради то...како за инает...
    оваа година почна со сите да се дружи...кога ке подразмислам малце то му е и со некаква цел...сака да докажи дека можи и без мене...оти ако ја одбијам на пр за излегвање одма ке најди друга другарка...а порано не беше таква...бевме само ние две и никој друг
    мене ми е муабетот...ако сакаше да се дружи со сите или да има друга најверна другарка не мораше да ме тера да си мислам дека јас му сум најверна ...само то да не го праеше и се ке беше ок сега....нејкам јас таква другарка...то мене ми изгледа како од корист ...
    а за критиката...јас ја прифакам...можи за нешто и е во право...ама најверна другарка нема така да мисли за тебе...то не е најверна другарка според мене... :!:
     
  7. LightOFF

    LightOFF Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    72
    ДА постојат вистински пријатели и јас сум среќна што имам такви на кои можам да им верувам и да ја ставам раката во оган за нив,се дружиме 12 год,со текот на годините учевме се една за друга,и кога ке сме заедно тешко ни е да се разделиме,малку ни е времето што го поминуваме заедно ако по цел ден сме заедно.
     
    На palavoto.devojce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    да...само што јас ја имав а сега како да ја немам...не можам да и се отворам и да и кажам многу работи ама таа како да не сака да ме слуша и да се потруди да ме разбере... :(
     
  9. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    ДА,ПОСТОЈАТ. ОВОЈ ЖИВОТ Е ПЕКОЛ. И ПОДОБРО ДА ИМАТЕ ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛИ КОГА ЌЕ ПОМИНУВАТЕ НИЗ НЕГО.
    ;)
     
    На sweetheart10, Hipica, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Е, да си жива и здрава за мислењево. :)
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Имам 2 најдобро другарки се си казуваме.... но сепак не се...
    Како тетка ми што ми е најдобар пријател таков пријател никогашнема да најдам... :*
     
  12. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    животот е просто и едноставно живот,и да постојат вистински пријатели,а тоа се пред се семејството,партнерот и добрите луге кои не сакаат такви какви што сме и неможе да се со нас 24 часа на ден,а се останатото -природна селекција се разбира може-неможе и ајт :* ;)
     
  13. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Па и незнам баш колку постојат,јас некако не верувам...и јас мислев дека имам најдобра другарка па се излажав...Префрлања,коментари(љубоморни) некои глупи муабети од типот леле бе де дечко ти другарките на прво место |( значи ги мразам овие коментари а и од вистински пријател никогаш нема да ги слушнеш.Другарки си се едно а дечко друго утре иднина со кого ќе градиш со другарка ти?
    Јас сум толку многу разочарана од луѓево па си викам поарно не се залетувај гледај го со резерва одколку пак да се разочараш...
     
  14. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    да ти е жива и здрава -еве ви доказ
     
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Не постојат,ретко да ги има ;(
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Не постои вистински човек, а не па вистински пријател. Вие изгледа што верувате дека постојат живеете во заблуда. Незнаеш никогаш кој ќе те изневери во животот. Братоубиства се случуваат во светов, родители си ги напуштаат децата... А тек па пријателства. Хех...
     
  17. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    па од мое искуство велам дека нема сите се овде само кога им треба нешто некоја услуга дојде такво време да си ги заборавиме добрините кои сме ги направиле и воопшто да не се почитуваме туку да си гледаме сеир на туѓа сметка.порано имав повеке пријатели се дружевме сето тоа се разојде од сите останаа само две со кој сме уште од деца заедно и тоа е другите не ги сметам за блиски.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Вистинските пријатели се ретки како бисери во куп лајна.
    :nod:
    Мајке ми, не лажам.

    Мене пак животов ми приредил досега сосем поинаква парадигма - јас се чувам од најблиските, не од пријателите.
    Пријатели многу и немам, ми се бројат на прсти од една рака луѓето од доверба, безрезервна поддршка и Љубов, луѓе кои ме прифатиле каква што сум.
    И проклето сум среќна заради тоа.
    95% се потпирам на себе, нешто на родителите, ама без тоа зрно поддршка од пријателите - јас би била ништо.
    Како човек зборувам.
    Не им верувам на луѓето без ниту еден пријател - има нешто чудно, злобно и изопачено во нив.

    И кога ми зарил некој нож в грб од таканаречените пријатели, не болело колку од некој близок и свој.
    Кренав раце од роднини, освен од братучед ми.
    Чувајте си ги пријателите.
    На крајот од денот, сите заработени пари не ви вредат ништо без убав муабет и кафенце со најдобриот другар.
    На крајот од животот, покрај мене би сакала да си го видам само дечко ми и мојата најдобра другарка како ме држат за рака. :)
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Абе постои бе Офи. Тврдам дека постои. Само стварно е ретко. Јас имам најдобра другарка, што ми е поблиска и од сестра. И да, точно е дека постојат братоубиства, напуштени деца...Ама токму заради таквите како нив се губи вербата дека има и еден друг тип на луѓе, добри, пријатели, фер...Само што овие вторите се претвараат во првите, и тоа токму заради тоа што биле повредени. Човештвото масовно го уништува доброто во луѓето. Самите ние се водиме кон пропаст. Никој не ни е крив за тоа.
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Постојат и ќе го тврдам ова се додека не се разочарам од секој еден што го имам!
    Се знаете со нив од најмала возраст или од средно. Значи во прашање се минимум 25 години. Знаете како вдишуваат, тие знаат како издишувате. Сеуште после толку време сте си блиски како и првиот ден кога сте купувале заедно Капри сладолед или грицкале сончоглед пред Зуко, или броеле гребнатини од доиграната партија народна.
    Ви се јавуваат во 3 сабајле, за да ви кажат нешто навистина важно, а вас не ви пречи што ве разбудиле. Ви се случило нешто сериозно, во невоља сте - и не размислувате дали ќе биде незгодно ако ги пробудите со еден телефонски повик.
    Ви се случува страшна работа, тие ви се јавуваат, дотрчуваат кај вас, плачат заедно со вас. Вашите солзи се нивните солзи.
    Ве јаде јанѕа кога знаете дека не се среќни и трчате до најблиската пиљара и и носите на другарка ви Доритос и медени срца, и ја гушкате кога знаете дека и е тешко и дека барем ова малку ќе ја ублажи болката.
    На некој нешто му е потребно? Ако треба до Москва ќе одите и ќе го претресете секое ќоше и ќе помогнете!
    Доживувате и караници. Си кажувате се во фаца, ве боли, се дерете, но на крајот на краиштата не сте лути и јасно ви е се. Јасно ви е зошто ви било кажано тоа и со каква цел. Не правите смир, смир, смир, догодина смир, затоа што не ни имало скар.
    Итн.

    Ако ова не е вистинско пријателство, јас Пирамида да не се викам! Потпис и печат ставам! Ги имам барем 10ина вакви за кои рака ставам во најголемиот пеколен оган и му благодарам на универзумот за секој еден од нив!
    Роднините не можеме да ги избереме но пријателите можеме. Бирајте внимателно и ценете ги оние кои вистински вредат. Затоа што се ми се чини дека friends are God's way of apologizing to us for our families ;)
     
    На naughtygirl, sweetheart10, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.