1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постојат ли вистински пријатели?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ElenI777, 14 јуни 2010.

  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Постојат да , но се многу ретки а и треба долг временски период вистинските да испливаат на површина а оние "лажините" да потонат. Во денешно време се се поретки вистинските пријателства и лично јас неколку пати се имам изгорено зошто тоа пријателство немало искрена и пријателска основа ( корист, завист, љубомора итн) биле скриени зад кулисите на моите пријателства. Имам една вистинска пријателка која знам дека секогаш би ми помогнала, и вториот најдобар пријател ми е партнерот. Од него барам да знае да ме сфати и сослуша, барам сигурност и подршка во секоја ситуација зошто нели сум одлучила да го минам животот со него, и баш тоа во иднина ќе ми треба.

    Затоа мој став е дека постојат вистински пријатели и тие најчесто се неколумина, но за мене подеднакво битно е партнерот покрај тоа што е партнер да знае да биде и вистински пријател.
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Не постојат , јас моите ги држам на дистанца. Да, се гледаме, пиеме кафе, си помагаме околу факултетите, си фаќаме врски една на друга. Ама може и цел месец да не се слушнеме ни да се видиме и нема љутиш, нема "ме откачуваш", нема "ама ме заборави".
    Тука сме за сите добри и лоши моменти , ама не сме пребилску за да се испокараме.
    Мислам дека само така ќе трае нашето другарство.
    Други биле годините кога излегуваш секој ден со другарки, кога мајка ти не знае колку деца има, секој ден има некоја другарка дома, било тоа во младоста кога емотивно си приврзан со другарките.
    Сега НЕ, ги имам , ги сакам , тука сум за нив , ама немој да се осмелат да ми се мешаат во животот...тепам ;)
     
    На ElenI777, Lilit и julie77 им се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.269
    Допаѓања:
    37.871
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не постојат, или се многу ретки. Имам една единствена најблиска другарка која се пресели километри подалеку во друга држава во Европа и искрено после нејзиното заминување сфатив колку се ретки вистинските пријатели и другари. Среќна сум за неа искрено , но многу ми фали блискоста со некој што не е од ист пол (иако и машките знаат да се добри пријатели), разговорите со неа , помагањето , буквално се ми фали. После нејзиното заминување се обидов да се зближам со некои што мислев дека ми се поблиски колешки од факс., меѓутоа не е исто. Јас сум многу отворена личност , многу грешам што им верувам многу на луѓето, ако малку се зближам можам да им се доверам , да се отворам , да си ги кажам проблемите и многу пати сум погрешила така. Повеќето денес гледаат да те искористат нешто, те тешат а потајно се ситат или што е најлошо според мене ги прекажуваат твоите проблеми наоколу!
     
  4. Minnie93

    Minnie93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    50
    два пати се имам разочарано од ,,најдобрати,, другарки..... се обидував да им угодувам за на крај да ме повредат толку многу што не сакам ни да случнам за нив... но сега сум среќна што имам вистински пријатели од кои со едната се запознавме во забавиште и бевме цело време заедно се до 5 одд но јас имав тргнато по друг пат по кој не дојде и таа.... помина долго време и еве не повторно сме заедно.... единствено на неа можам да и кажам се..... и се надевам дека така и ке остане и во иднина.... не сакам пак да не разделат патиштата....
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    да постојат иако се навистина мн ретки јас имам 3лицности на кои мозам со сигурност да се потпрам на нив во секое време и за било што :D а и они на мене срекна сум што ги имам
     
  6. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    5.715
    Вистинските пријатели ако неможат да те гледаат во твоите најлоши изданија не заслужуваат да те гледаат ниту во најдобрите..јас со моите пријатели сум била и во добро и во лошо ..што би се рекло : повеќе решето отколку сито ..според тоа да , постојат !!
     
  7. anonimnaitazna

    anonimnaitazna Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    epa se razbira deka ne postojat!!!!!!!!!!!!!mislite deka postojat i jas imav porano bff pa nakraj ispadna deka od mene ima samo korist!! posle imav druga pa i taa ispadna takva!! NE POSTOJAT a ako postojat se mnooogu retki..
     
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Просто неможам да се изначудам какви"пријателства" постоеле :fubar: значи отсега ни на сенката не и верувам повеќе...и знам дека ќе ги повредам како тие мене,доста бев добра и фина,а тие зад грб се...дури и единствената другарка што ја сматрав за ок од друштвото си мое,испадна најголема лицемерка :devil: љубоморно битие...до крај...се радувале што сум останала без татко,велеле-ајде сега да ја видам како ќе се дотерува,дали ќе продужи на факс,дали ќе оди на одмор на море....иако секогаш сум имала повеќе од нив ,никогаш ама никогаш не сум се перчела,ми било дури незгодно што имав повеќе од нив не сакав ни да се дотерувам :doh: ,кога купував марки им велев -не патиките се копија не се најк,бе до таа крајност идев,зш ја насетував љубомората....сега ги откачив сите,ме повредија кај најмилото,а што е најбитно една другарка ми отвори на фб какви пораки си пишувале кога ме спомнувале мене абе се згрозив ;( ми се смееле на мојава несреќа биле среќни...знам дека Господ ќе ги казни и го чекам тој момент ,да видат како боли ,и како би им било некој да им се смее и да си речат-Леле гиспод не казни шо правевме? не се карав со нив ама нити ги барам нити искачам со нив ги избришав од живите.....единствената што не рече ништо ,остана една другарка-од забаваче,ама она си го покажа лицето од друг аспект-на ист фак бевме,јас дипломирав во рок,а таа 2-3 год квадрат,се гледа дека ради тоа е мртва љубоморна,само ми правела лице и низ една невина кавга ми кажа се,јас сум била ваква онаква,сум се замислувала па штоа ко сум дипломирала пред неа таа била попаметна,итн итн значи дотука додржа со љубомората едва......
    сега сакам да и вратам...не сум одмаздољубива но се роди желба да и вратам....сакам да пати како јас кога ме повреди...секогаш ги оставав работите-велејќи не сум јас таа што треба да врати,има господ гледа,нека ми прават лошо-јас че правам добро.....
    таа после недела ми се извини демек у афекти било тоа :devil: ,секако дека не и верувам ама ич,и зборувам со неа ама ладно и на дистанца....ве молам вас да ми кажете начин на кој би и вратила...секојдневно размислувам за тоа и на тоа дека и моите 5 мин ќе дојдат...ме повредија каде најмногу боли....
    сега ми остана само мјата колешка од 1ва год факс,никогаш ме нема разочарано тука е со мене секогаш,се смееме и плачеме заедно....си велам -останав без другарки,но поубаво ми е без нивното лицемерие ,отсега само со моите најблиски и никој друг :!: ,поарно сама него со луѓе кои ти нанесуваат болка...дечко ми,мајка ми ,се стра ми,и колешка ми-се луѓето на кои бескрајно им верувам и никогаш нема да ме разочараат
     
  9. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    се зависи од тоа колку се впустате и колку дозволувате да се потпирате на некој.моето мото е не се компромитирај ти си се сто имас.имам многу пријатели но само една е која ги знае сите мои тајни и која е навистина мелем на рана.кај мене сите пријатели се селектирани едни за забава други за озбилни работи трети за онака ама исполнета сум немам зборови.сум била повредувана многу пати но знам дека и они немозат нисто против тоа некој сто до вцера бил на исто ниво сега наеднас му тргнува зивотот на болје и станува мета на лјубомора.колку и да се пријателки ке им биде криво.во секој слуцај никој не е потполно искрен,но мене ми е супер кога сум на дистанца и кога времето сто го минам со нив го минам во забава,се разбира кога ми е теско сите се покрај мене па на тој нацин и добивам повеке внимание си викат еве и она не е соврсена и она има срце.незнам некако респект цуствувам.но како сто казав не се потпирајте и оцекувајте од никого нисто,рецепт за срека
     
  10. GirlWithSmile

    GirlWithSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    10
    Вистински пријателства според мене не постојат имам една и единствена пријателка во секоја смисла на зборот СЕСТРА МИ. Во другарките сум прилично разочарана и секојадневно се разочарувам се повеќе и повеќе значи луге која се дружат во толкава мера од корист кој постојано ти лјубомаорат за секоја твој успех не сум верувала дека постојат а такви се баш моите другарки и не можам да го речам тоа за сите само за оние 2 кои верувајте не можам да ги поднесам во последно време и се повеке се одалечувам од нив и не само тие и претходните другарки кои многу убаво ми забија нож во грбот. Секоја чест им пружам рака дури за нивното толку убаво одиграно лицемерство и на начинот на кој ке се изразам вулгарно ме изебаа и сеуште ме ебат :clap:


    Се извинувам ако малку отидов аут офтопик но морав да го искажам ова да го исфрлам од мене
     
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Постојат. Со сигурност тврдам. Јас сум еден од нив :D

    и покрај мене постојат и други :rofl:
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Да, постојат.
    И по стоти пат би се обратила на темава, затоа што ПОСТОЈАТ.

    Другарка ми не љуби размена на парталчиња.
    Јас пак - уште побетер.
    А да е најбетер - имаме разлика во некои 4 бројчиња.

    Никогаш не сум и зајмила пари, ниту побарала на заем.
    И обратно.

    Многу ни е чудно пријателството.
    Не си позајмуваме пари, ниту парталчиња, не сме си кажале на глас дека се сакаме една со друга, не си оставаме срценца и mwah на ФБ, не се лутиме кога една од нас треба да се види со дечкото, не се лутиме ако не успееме да договориме кафе 4 дена по ред...
    Немаме ист вкус за дечковци и не си ги загледуваме бившите.

    Во глуво доба од ноќта сум подготвена да отрчам доколку и требам.
    Во јасна доба од денот би дошла само да ме сослуша.

    Една е , ама вредна.
    За цел живот.
    12 години е така, без ниту една кавга, никогаш. Да чукнам во дрво.

    Мажите ми се посебна приказна.
    Можеме да не се видиме и три години, а да поседиме заедно три часа уз алкохол, исто како да не сме се виделе само три минутки.
    Си ги сакам другарите, би убила за нив.
    Америко, Дубаи и една палава девојка кои ми ги однесовте, ве чекам на заседание кога ќе се решите и кога ќе можеме сите.
    Ете тоа е вистинско пријателство.
    Без љутиш.
    Без корист.
    Без фасади.
    И фарси.
     
    На A-j-a, crazylady, crazyinlove19 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. bornthisway

    bornthisway Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    30
    Уф колку сум само среќна што покрај она секојдневно „во денешно време не постојат вистински пријатели“ јас ги имам моите најдобри, најсакани, дури 4 другарки. Цел живот сме го поминале заедно, од првите модринки и лузни по лактите и колењата па се до ден денес. Неразделни сме, постојано сме тука една за друга „ЕДНА ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДНА!“ Никогаш не би ги заменила за ништооооооооо на светот!!!
    И да, нормални се и некои недоразбирања или несогласувања, но сепак тоа се само минливи работи на кои не им предаваме многу важност. Се надевам дека за цел живот ќе ги имам покрај себе... Ги обожавам! Затоа сум сигурна дека постојат вистински пријатели ;)
     
  14. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Баш ми е криво вака кога читам дека повеќето не веруваат во вистински пријатели. Јас имам повеќе другарки но само две ми се најблиски ко сестри.Со едната се дружам (20 години) од прво одделение а со другата од средно(10 год) и еве веќе колку време се дружиме никогаш досега се немаме скарано или пак навредено.Најголема поддржка во животот ми се баш они две и не би можела да го замислам без нив.Буквално за се си помагаме и за се си доверуваме.Во добро и во зло како викат :) Мислам дека вистинското пријателство треба да се негува и чува и само така опстанува,треба да дадеш за да и добиеш,нели ..Не верувам во новостекнати пријателства зошто порано или покасно пукнуваат заради денешниве луѓе какви се,само од корист.Верувам дека баш оние од детството остануваат засекогаш ако знаеш и ТИ самиот да ги чуваш.Јас можеби утре во животот кога ќе се омажам со деца и други обврски нема толку често да се гледам со нив но ЗНАМ дека и после месец дена можам да седнам слободно и да им се доверам за било што зошто им верувам и знам дека ќе бидат тука за мене како и јас за нив. :) Ова е моето мислење!
     
  15. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Постојат ама тешко е да ги најдеш јас ги најдов и многу сум среќна поради тоа . Имам повеќе вистински пријатели без нив мојот живот би немал смисла многу си ги сакам тоа што сум денес сум благодарение на нив. Вистински пријатели се оние од детството тие ќе останат засекогаш со тебе без разлика на се ;)
     
  16. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Пријателството е релативна работа,кој како се нашол,со кого и каде.Јас лично,од мое искуство тврдам дека на денешницава вистински пријатели не постојат..се вистински додека им требаш а потоа ќе те фрлат..искрено имам 2 нај нај..и 3 други со кои споделувам /најинтимни/ да речам работи..но во последно време сваќам се што порано не сум сваќала..па сега се обидувам да не сум до толку наивна и да не кажувам се и сешто... :) многу би сакала да имам вистински пријатели, се обидувам да бидам еден таков и сум верувајте..но не го добивам за возврат тоа што го давам..за жал :( ...но како и да е...вистинските пријатели се многуу ретки(ако воопшто и ги има)... :|
     
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.103
    Допаѓања:
    23.636
    Постојат и сум пресреќна да кажам дека ги имам до мене...
    Веројатно највредното нешто што го имам во животов се тие. Биле тука за мене кога ми требале најмногу, плачеле со мене, се смееле со мене, а јас би го дала животот за нив.
    Денес, сите сме на различни страни, не се гледаме колку што би сакале, не се лутиме зошто не можеме да се гледаме колку што би сакале и најубаво поминато време ми е времето поминато со нив.

    И да, јас сум среќен човек со такви луѓе покрај мене. Ми го прават животот многу полесен.
     
  18. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Не постојат.
    Затоа што едноставно кога мислиш дека имаш комплетна доверба во некој и нема баш никаква корист да открива детали во врска со тебе се лажеш. :!:
    Некогаш тоа го прави,не од злонамерност,туку од немање друга работа во животот,односно неживеење на сопствениот живот,или бидејќи тој е премногу досаден.
    И несвесно на тој начин пренесува информации на некои луѓе кои баш знаат злонамерно да го искористат тоа.
    Е тогаш стварно си :o pissed off :@
    Затоа.... be careful because you never know :!:

    п.с се надевам добар дел ќе се препознаат во текстов ;)
     
    На smiley-94 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Па да, во одредена мера. Секогаш треба да постои една доза на резервираност. Зошто? Од искуство знам дека е така. Другарка со која бевме заедно од пелени, идевме заедно и во градинка, па основно, средно ми зари нож кога најмалку очекував. Нашето пријателство го сведовме на едно здраво, како си и едно кафе во 3-4 месеци. Ми беше тешко и сеуште ми е, не викам не, ама сфатив дека понекогаш подобро е да се остави работите да течат како што се.
    Сеуште се дружам со најдобрата другарка од средно. Ме има повредено да, јас ја имам повредено, ми простила, сум и простила. Само тоа не биле работи преку кои не може да се помине. Таа ми е една единствена најдобра другарка (што сметам дека е доволно), на неа можам буквално се да и кажам. Се знам за неа и обратно, таа се знае за мене. Добро, секако дека има и нешто што сакам само за мене да задржам. Другите ми се само обични пријатели, познаници. Можам да испијам кафе со нив, да направам муабет за многу работи, да се насмеам, да си поминам пријатно со нив. Ама споделување на длабока интима никако. Едноставно направив доста грешки во минатото и сега неможам многу да се приврзувам со луѓето.
    И уште нешто... Исто и во дечко ми покрај љубовник гледам и другар, од него секогаш ја имам потребната подршка, можам да плачам, да се смеам, да викам, да се нервирам, да немам сила да објаснувам...а тој секогаш знае да ме разбере.
     
  20. tralalala

    tralalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Секако дека постојат вистински пријатели само што за жал се поретки , и јас се имам оддалечено од една другарка затоа што она си има нова , порано пиевме кафе секој ден , сега 1 во 2 месеци , порано излегувавме секој викенд сега неам излезено со неа 3 месеци тоа е тоа и ич не ми е гајле зашто сум сигурна дека не е проблемот во мене сепак имам со кого да се дружам вислитнски ;)