постојат вистински пријатели, јас имам само една и најискрено ќе кажам дека е доволно... многу сум била повредувана од наводни пријателки така да доста ми е.
Според мене,вистински пријател во денешно време многу ретко може да се најде бидејки секој си гледа во својас корист !! И јас имав таква другарка бевме нерзделни цело лето се дружевме потоа се оддалечи почна да измислува лаги за мене .... не сакам ни да се сеќавам на нејзе зашто многу имам плачено заради неа !!! :/
ретко скоро и да ги нема сите гледаат со некоја корист према тебе додека им одговараш тука се кога ти требаат никаде ги нема..такво време дојде
ахххх колку ли бев некогаш наивна и глупа, така сум верувала и на крај сум била страшно повредена, со некого да го делиш и последното парче леб, да ги делиш твоите пари за некој да не остане дома зашо нема можности, за на крај коа тебе ќе ти потреба нешто да го нема, болии , тоа многу боли. вистински пријатели НЕ! само додека имаат корист од тебе и после бајј бајјј, за мене вистинска пријателка мајка ми, колку и да сум разочарана од некого или да се скарам до дечко ми само таа, се и кажувам секако освен за односи така да . .. . . нема, нема пријатели а не пак вистински
Вистински пријатели не постојат.Постојат лажни или привремени,а кога тогаш тие што мислиме дека ни се вистински пријатели ќе не разочараат
Не значи дека ако не се засекогаш со нас, дека не биле вистински пријатели. Барем јас тоа така го сфаќам. Па има времиња кога се покрај нас, да не поддржат, да ни помогнат. И потоа ке си заминат. Да ни се разделат патиштата. Така е тоа. Не значи дека не треба да веруваме на луѓето туку дека не треба да веруваме на секого. Некогаш мораме тоа да го научиме и на потешкиот начин. Најтрагично е тоа што јас сум таа што најмалку им верува на луѓето.
Делиме исто мислење сакам да мислам така и поубаво ми е така да мислам,иначе ќе нема за што да се надевам на пријатели веќе,од повеќето сум разочарана и повредена,но се надевам дека ќе сретнам во мојот живот убави и искрени луѓе,зошто не значи дека не постојат,ги има но малце се и треба да ги препознаеш,да ги цениш,и НАЈВАЖНОТО-ДА ЗНАЕШ ДА ГИ ЗАЧУВАШ ДО ТЕБЕ!
јас веке напишав и во други теми дека вистински пријатели не постојат пријателство има се додека не се запишеме на факс или некоја си фати дечко.реткост се исклучоците кои имат време за своите пријатели и одвојуват време да седнат со нив и да ги споделат своите доживувања. јас до пред извесно време мислев дека имам вистинска пријателка се додека не влезе во филм со нејзиниот дечко и ми се јавува да се видиме само кога е она слободна односно кога не е со него.и јас имам дечко ама одвојувам време за средби со пријателките понекогаш јас сум иницијаторот да се видиме ама искрено понекогаш и ме нервира сето тоа некој да се труди и да дава се од себе а друг да не знае да го цени тоа. затоа ако имате вистински пријател не го испуштајте без разлика каде ке ве однесе животот бидејки вистинските пријатели се непроценливо богатство.
Apsolutno nema vistinski prijatel. Ova e iskustvo od postara od vas. Dodeka si mlad, imas verni drugarki, no kako starees koga ke se omazis sekoj po svojot pati i ne im teknuva da se javat. Isto i na rabota nema prijatelstva,osnovo pravilo ako sakas de prezivees so site nasmean i ljubezen, so nikoj blizok. Tajni i domasni raboti na nikoj ne kazuvaj, ne ogovaraj i begaj koga ke pocnat da ogovaraat. Ova go zakljuciv od koga dobro se ispekov, me namestija za ogovaranje vo koe bev samo pasiven slusac(a trebase da stanam od rabotnoto mesto i da odam dodeka ogovaraa) a na kraj ispadna deka jas sum bila glavna ogovaracka. Nema prijateli, samo korist. Prijateli ti se majka, tatko, soprug i deca.
Се согласува со горенаведенот. За жал мн. пати на своја кожа го имам почуствувано тоа.Порано се нервирав зашто така,но сфатив дека луѓето едноставно се такви.Ретки се тие пријатели што се со тебе без резерва,речиси и ги нема... И најтрагечно е некои луѓе кои имаат мн. прост интерес,како префрлување со кола и некои глупи работи кои некогаш се смешни. Мојот најдобар пријател женско-мајка ми,машки најдобар пријател-брат ми и дечко ми во категорија на сродна душа Знам дека секогаш во било кое време,за се... се тука за мене.
апсолутно да верувам и сакам да верувам дека има вистински пријатели со никого не се друзжам заради корист ниту пак сакам да некој биде со мене од корист
Сум се изгорела многу пати до сега ама упорно сакам да верувам дека постојат и оние на кои си им битен кои те сакаат без разлика на се и на кои си им потребен! Моментално ги имам покрај себе и ситуацијата е веќе со години непроменлива..се сакаме,чуваме,почитуаме..не значи тоа дека не знаеме да се скараме понекогаш,но секогаш треба да се има на ум дека луѓе сме и правиме грешки.
се согласувам со тебе,и јас откако се омазив имам само пријатели онака колку неврзан муабет да направиш,ми фалат вистинските пеијателства ама оние кои се создале одамна,од детството,моите другарки навистина ми фалат,најдобрата ми отиде во америка пред 1 година,а останатите сите по свои патишта откако се омаживме.пријатели ми останаа само мајка,татко,тетка,сопруг,т.е. членовите на моето семејство
Не постојат вистински пријатели. Сите денес се гледаат себе, својата корист, љубоморат на туѓа среќа, а се радуваат на туѓ неуспех.
Јас го немам тоа искуство, тие години, за да кажам дали постојат. Но едно е сигурно. Машките колку и да испаѓаат кретени и слично, тие се поверни другари од женските. Сега, можеби некој ќе ти пријде, само за да види дали ќе има шанси кај тебе. Ги има и такви машки, ама повеќето знаат да испаднат фер, да испаднат другари. Од ова женскиве! Сигурна сум само во мајка ми. Другите или ќе ти завидат, или ќе ти љубоморат или од пуста алчност ќе ти го земат тоа што е твое. Затоа често велам: Господ нека ме чува од пријателите, од непријателите можам и сама.