Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постојат ли вистински пријатели?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ElenI777, 14 јуни 2010.

  1. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Јас искрено сум наседнала многу пати и веќе неможам да се замарам.Или ќе се дружиш со мене како што треба или чао пријатно.Сама ќе седам дома у 4 ѕида,ама со секакви не се дружам.
     
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    постојат ! една али вредна :) другите само бледа копија за тоа што значи да се има вистинска другарка до тебе :)
     
    На something му/ѝ се допаѓа ова.
  3. wild.cat

    wild.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    28
    многу ретко а блазеси им на тие што ги пронајдоа!
    Сум наседнала на многу лажни пријателки кои што сум мислела дека се оние најнајј..
    Сега имам две така кои ми се поблиски да речам и со кои можам да зборувам на одредени теми..
    ама според мене како што имало порано како што има кажувано мојата мајка.тешкоо се е сега од корист и после тоа чао пријатно.
     
  4. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128

    И јас си имам една ваква и за ништо на светов не ја давам!



    Имам и уште една, но таа ми заминува од септември во Австрија.. како сега без неа?? ;( ;( ;( ;( животов би го дала само да не ја изгубам ;(
     
  5. snezan4e

    snezan4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2010
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.202
    Да постојат. Сите луѓе кои се дружат меѓу себе без некаков ``интерес`` се вистински пријатели ;)
    Што се однесува до блиски другарки/другари,тоа е веќе нешто друго,тие се помалку на број,јас имам дури една :) (другарка од детство) и тоа другарство трае 30тина години, и многу си ја сакам.
     
  6. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    69
    Постојат. Но, се мноооогу ретки. :|
    Блазе им на тие што си имаат такви пријателчиња. :)
     
  7. Freak.of.nature

    Freak.of.nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30
    Според мое искуство -не.Јас не сум сретнала.Сите ми биле од корист.Може ги има овде -онде ,ама ретки се.Блазе си им на оние шо ги имаат. :?:
     
  8. Bloom

    Bloom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    40
    Постојат. :)
    Многу други ми свртеле грб кога најмногу ми требало, ме повредувале, ми зариле нож, но барем таквите ме научија да ги ценам оние што ги имам. Иако се малку, ги ценам затоа што се тука кога ми требаат, ми даваат совети кога незнам кај ми е главата, ме разбираат, па дури и кога не го прават тоа ми укажуваат на некоја грешка. Не би можела без нив во животов. Ме читаат како селски буквар, и јас нив. Со само еден поглед можам да разберам што мислат, како се чувствуваат, и што им поминало низ глава. Сме поминале низ различни ситуации заедно, сме се смееле заедно, сме плачеле заедно, сме си помагале безрезервно.
    Иако сум потврда личност, што потешко се отвара пред некој друг, што не може се да им каже на другите, тие проклето добро ме знаат, што дури и се чудам. Се случувало да дојде до некој проблем, сум го решила како сум го решила, и после кога им го пренесувам тоа на нив, ни на крај памет не би ми паднало дека тие веќе знаат како јас би изреагирала во таа ситуација. Ме знаат како дишам, буквално. Дури и понекогаш кога јас незнам како да изреагирам, кога јас самата не си се сфаќам, кога јас незнам која сум, тука се за да ме потсетат на тоа, да ми дадат сила да продолжам понатаму.
    Доаѓало и до кавги, сме кажале некогаш нешто погрешно, но ни таа глупост, ни тој збор не е посилен од нашето пријателство.

    Им благодарам што се тука, што ми го осветлуваат денот, што се дел од мене. :l:
     
  9. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Нема добри другари/другарки,сите на денешницава си гледат да им биде добро ним..СИТЕ СЕ САМО ОД КОРИСТ...! Имав јас другарка со која од 2 години бевме заедно,бевме иста генерација,заедно одефме на скулл,кога тргнавме 5то одд,се здруживме со уште 2 девојчина и бевме 4ри..Но таја шо беше со мене од мала,се здружи премн со едната од нив,и мене и оваа другава почнаја да не одбегнуват и да не ни кажуват ништо..Не откачија од нив со изговор дека ние не сме им мислеле добро..:@..Го завршивме и 8мо одд,живеевме но онака само по едно здраво...И сега на крај кога се запишавме во 1ва година,сите се разделија а јас и оваја шо бевме од 2 години заедно,повторно се запишавме во исто училиште ....Што да праам сеа???Како да ја гледам уште 4 години..Тешко ми е..Ми беше како сестра,бевме од 2 год заедно,а ме замени со некоја за само 4 години...Што да правам сега??Пак ќе се врати кај мене :///...Да и простам ли???
     
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    ИМа една латинска поговорка ’’Вистинските пријатели се ретка птица’’. Значи пријателствата од корист не се од вчера, одсекогаш имало такви. Но секогаш има и вистински пријатели кои се тука и за лошо и за убаво. Понекогаш е тешко да се одржи пријателсвтото ама ке се потрудат и двете страни
    Имам две другарки и еден другар кои ги сметам за вистински пријатели. Од нив не барам да умрат за мене, само совети кога сум ја усрала некоја работа, и славење кога нешто убаво се случило. А има многумина кои ме изневериле.
     
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.535
    Пол:
    Женски
    ИМа една латинска поговорка ’’Вистинските пријатели се ретка птица’’. Значи пријателствата од корист не се од вчера, одсекогаш имало такви. Но секогаш има и вистински пријатели кои се тука и за лошо и за убаво. Понекогаш е тешко да се одржи пријателсвтото ама ке се потрудат и двете страни
    Имам две другарки и еден другар кои ги сметам за вистински пријатели. Од нив не барам да умрат за мене, само совети кога сум ја усрала некоја работа, и славење кога нешто убаво се случило. А има многумина кои ме изневериле.
     
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Синока се уверив дека не постојат.Порано мислев поинаку ама повеке не.Секој гледа да ти забоде нож во грб,а ти би ставил рака во оган за него и што на крај?Ништо.Разочараност.Многу пријателства пропаднале за ваква себичност.Што се вика уште кревет немате делено а утре слушаш дека плука по тебе.
     
  13. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    во потполност се согласувам со пеликуна!! :!:

    имам другар со кој се дружам од пелени што се вика, знае за мене повеќе од било кој и од секогаш ми бил рамо за плачење, разлика сме 2години, врата до врата сме.. мислев дека врската(пријателска секако, да не се разбереме погрешно :lol: ) што ја имаме ќе трае со години, но се докажа токму спротивното пред неполн месец. Се здружи со такозваните „фаци“ и од тогаш прилично му е променет односот и кон мене и кон целото друштво... Ама јас сум тип на женска што само чека и не преговара.. знаете како викаат: кој високо лета ниско паѓа :talk:
     
  14. Cute..Girl

    Cute..Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Се правела дека ти е вистинска другарка се дружела само од корист..
    Еве ти пример за мене учевме заедно 9 години од забавиште знаевме све една за друга домашни проблеми.. во добро и во лошо бевме заедно по цели денови и ноќи.. неразделни.. и нашите се здружија она повеќе пати ме шиткаше.. ако можам така да се изразам заради други и ја па и поростував додека еден ден не сватив каква е и и кажав све.. и коа свати дека е кривата после 2 дена ме побара.. за да ми се извини и све и простив.. и пак продолжи по стара песна .. и се разделивме.. сега не ни контактираме коа ке се видиме не ми прави моабет.. али затоа сега неможе да си најде другарка.. затоа што само мене ме имаше.. и со мене беше цело време.. не дека не се дружеше соо други али сите онака само од корсит коа им требаше.. сеа увиде каде и е грешката али касно и е..
    Прави Другарки или Најверни реткост невидена.. едни во милион .. :/
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  15. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Еве ви го моето мислење веќе го напишав на друга тема.

     
    На Kicky и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  16. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    Секако дека има вистински пријатели , само што некои се повеќе вистински а некои помалку :D
     
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Ретко, ретко, ретко... Вистинските пријатели се радуваат од дното на душата за тебе, ти помагаат кога сите се откажуваат од тебе. Во добро и во лошо. Помагам, ислушувам, ама душата ја давам само на оној за кого знам дека има добро срце и безрезервно ќе ме сака, а не оценува и третира како конкуренција. И мн време да помине без видување, да биде како времето да не запрело, туку само доближало. Оние вистинските ќе ги познаете во вашите моменти на радост, каде очите ќе издадат дали се радуваат или не и во они темни мигови кога би направиле се за да ви помогнат. Среќна сум што знам дека има такви луѓе со трошка добрина, иако ми требаше време да ги најдам. Сепак надежта последна умира
     
    На stefi23m му/ѝ се допаѓа ова.
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ретки се, но верувам дека постојат.
    И на некој начин се уверив дека постојат... Имам само една вистинска пријателка. Без неа неможам да си го замислам животот затоа што таа на некој начин е дел од мене. :) Не е важно колку пријатели имаш, важно е да се вистински, што значи да не те предадат, да се со тебе и во добро и во лошо, да се тука кога ти требаат најмногу.
    Пријателите се потребни во животот, затоа треба да дадеме се од себе за да го одржиме пријателството, треба да знаеме и да простиме, од некои нешта да се откажеме. Се разбира доколку и другата страна се труди.
     
  19. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Верувам дека постојат само многу се ретки!
     
  20. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Јас имам една ДРУГАРКА и на сите му посакувам таква другарка :), а вистински пријатели не постојат можеби ќе се најдат во нешто да ви помогнат, но истата услуга ќе ја направат за возврат