Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постојат ли вистински пријатели?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ElenI777, 14 јуни 2010.

  1. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Вистински другар помага во неволја, тука е кога сите ће ѕаминат, те слуша и кога го тупиш, дели и добро и лошо со тебе.
    Еден пример. Пред неколку години се преселив во друга ннаселба во СК. Створив и нови пријателства, комшиски. После години напорна работа ми успеа да купам убава кола. И на двете сосетки им се јавив ѕа да ги викнам да ги почастам. Откако 3 дена немаа време (инаку, се гледаме секој ден), кога решија да дојдат, со пола уста ми честитаа, не прашуваа ништо за колата иако секако нели тоа би било главна тема. После си отидоа. Бев многу разочарана, и оттогаш се уште се дружам со нив, но зависта што ја почувствував направи да бидам претпазлива. За истата работа, кога се јавив на моите долгогодишни другарки уште од детство, тие вриштеа од радост како тие да купиле. Секако, со нив прославив. Еве сега ке ми заврши псоледната рата, и ќе ги викам вистинските другарки за истата сума да се изнајадеме и изнапиеме во некоја кафеана. Ова беше за предмет пример, дека другарството не познава завист. Дали станува збор за нов предмет, нова облека, диплома, нора работа, нов фраер, вистинскиот другар од срце ке ви честита.
     
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.935
    Допаѓања:
    123.498
    Налетав на темата и сакав да ви напишам за една моја најдобра во наводници,другарка од средно.Колку сум била наивна,сум верувала,абе ни на крај памет не ми е текнувало да се посомневам некогаш во нив.Доверба 100посто.Ама затоа сега -не.Така,секој мора да помине низ едно разочарување ,да се изгори убаво,па потоа и на ладно да дува што се вели.
    Со неа бев од 1во одд.Неразделни што да ви кажувам.Во третта јас се фатив со сегашниот-фала Богу ,сеуште дечко,и најверојатно кај нејзе се јавила љубоморна.Тој не само што беше згоден,убав,паметен,-да го пофалам 8) ,туку најверојатно и пречеше што нашите татковци тогаш беа директори.Се засекирала да не здружиме богатството :muscle: :geek: Само што се фатив јас со дечко ми,после 3 дена отидов со моите на Шапка,на зимовање,така нешто.Се вратив по една недела,и она ми викна кај неа пред искачање.Ме седна озбилна и ми рече дека дознала дека дечко ми имал и друга женска и дека истовремено одел со нас двете :o Ме натера дури да се заколнам во брат и дека нема да му кажам на дечко ми ништо.Погодувате,се заколнав будала невидена бе :fubar: ,па она ми беше побитна бре,све за другарство :rock: Ха!
    Дури и ми рече дека разговарала со него и дека овој и ветил дека ќе ја остави другата,као демек она му се заканила-ако не и кажеш ти,јас ќе и кажам.Вауууу, колку ме сакала бре!И така јас поверував,и му раскинав а без да му кажам ЗОШТО,ејјјј му реков дека не сум сигурна дали го сакам,цццц,тој ме молеше,ама џабе.....После 2-3 месеца,се среќавам со на најдобриот другар на братот на другарка ми.Ми рече да не ја слушам,и дека тоа ништо не е точно,дека сето тоа било план на брат и,зошто ме сакал нејзиниот брат па кроиле план да не разделат :o Ко да ќе ме сакала оваа за снаа,ама ајде.Ми рече не се глупирај ,смири се со дечко ти,прашај го ќе видиш дека ништо нема врска,и бегај подалеку од неа и брат и,ако ми е другар ти кажувам каков е и не е фер дечко ти кој многу е добар,така да го клеветат.
    Аххх ми се склопуваа коцките полека.Немав храброст да му се јавам на дечко ми.После месец собрав а тој беше ладен кон мене.Седеше во Скопје и несакаше да си доаѓа на викенд,бил повреден од мене многу.Се сеќавам дека на Велигден на црква се видовме и разговаравме.Му кажав и он се заколна дека не е точно.Му верував,секако.
    Ете на крај љубовта победи.Не се расправавме со другарка ми ,туку намерно ја правев ваква да биде :envy: ко што и беше кога не виде смирени.И кажав дека тоа ништо не било точно,и другото таа го подразбираше.Сега кога ќе се видиме и ја правам истата онаа дволична фаца што мене ми ја правела цело другарување а јас сум била слепа
    [​IMG]
    Затоа ви велам на никој не верувајте.Само ќе се зезнете.Или ерувајте ама СЕКОГАШ со резерва.Кога ќе си помислам дека заради моја глупавост немаше ден денес да си бидам со љубовчето :devil:
    Ама ете и денес приметувам дека пак сум добра кон оние што не заслужиле.Не наивна,туку сакам бе да живееме луѓето,без завист,љубомора,без резерва во себе и пазење од секое човечко суштетсво како потенцијалец да ти забие нож во грб.Секако денес е само моја фантазија и желба,реалноста е друга.Ако сакате да сте среќни,својата среќа делете ја само со фамилијата,за кои знаете дека вистински ќе се израдуваат.Не да не се дружиме,туку да се пазиме,за жал :worried:
     
    На crazylady и De-lovely им се допаѓа ова.
  3. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Ретки се, но постојат. Во средно школо бевме огромно друштво и сите се сакавме и почитувавме, си помагавме, ептен како фамилија бевме. Во една прилика еден постар човек, родител на другарка ми рече...дружете се, сакајте се, ама морате да сте свесни дека вистинските другари се бројат на прстите од едната рака. И стварно така и е. Денес имам многу пријатели, дел сум ги запознала на работа, преку факултет, од детство, НО, имам 2 другарки за кои знам дека и на сред ноќ би дошле ако ми требаат, и јас истото би го направила. Не се лутат ако не се чуеме неколку дена, се радуваме и тагуваме заедно, отворено си кажуваме што ни смета една кај друга, никогаш не сме се скарале. Верувам така и ќе продолжи и ќе другаруваме до крајот на нашите животи.
     
  4. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Па...искрено како што поминуваат годините се повеќе се разочарувам од другарки,ама се тешев со тоа дека секој мора барем еднаш да се изгори нели? Ама кога се разочарав од онаа од која најмалку очекував...Веќе незнам што да правам.

    Имам неколку другарки кои ги сметам за вистински,но сите сме на различни страни на градов и немаме многу време да се гледаме.

    Имав една другарка која ја сметав за идеална,имаме толку многу работи заедно поминато и преку ноќ и стана некој таму поважен (не само од мене туку од сите) и наеднаш стекна некое си мислење дека сите лошо и мислиме.Неколку последователни караници и толку беше.

    Што се однесува до момчињата,добро се согласувам со нив,сум имала неколкумина машки пријатели,ама неможеш да ја имаш онаа иста близина што ја имаш со девојче од проста причина што со текот на времето ќе почнеш или ти него да го свиѓаш или он тебе :D ( ФАКТ ! ) :D Добро е додека е на некоја дистанца.
     
  5. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Не постојат! Не е како што било порано , сега секој гледа да искористи некого. Немам доверба ама баш во никој повеќе тоа е тоа такво време дојде :)
     
  6. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    според мене и моето искуство ДА. а и сакам да верувам дека е така.
     
  7. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836
    Не, не постојат. Секој ќе ти сврти грб, ќе те искористи, ќе те зае*е кога тогаш. Сакам да верувам и се мачам да поверувам дека постои искрено и вистинито пријателство, дека се е розово, но не. Денес секој си глеа за свој гз. Да, има исклучоци, кои се ретки и тешко можеш да ги пронајдеш :!: !
     
  8. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Јас имав другарка со која што бев од прво одделение и значи постојано бевме заедно, си кажувавме се, си помагавме, се ценевме.. Барем јас ја ценев, а таа мене .. кој знае. Кога бевме на одмор минатата година, јас имав односи со дечко ми(за прв пат), па го заборавивме кондомот во собата :$ Таа го виде и ми се налути затоа што сум имала односи и не сум и кажала. Јас имав во план да и кажам само го чекав вистинскиот момент. И оттогаш со неа немам никаков контакт. Во исто друштво сме, сеуште, но ретко зборуваме. Според мене, вистинската другарка ќе те сака таков каков што си, а ако не е вистинска ќе прави вакви факинг глупости како "мојата другарка". :)
     
  9. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Највистинските прави пријатели кои секогаш ми го мислеле најдоброто во мојот живот биле само моите родители. Ова го имам сфатено уште од најмала возраст па затоа никогаш не се доверувам на други луѓе за битни и помалку битни работи. Секогаш со сите се поставам на однос близок, а далечен. Нормално имам луѓе со кои сум многу поблиска и ми се помили и луѓе со кои не сум толку бликса, но мојот однос е спрема сите ист. Ќе заборавев имаме едни семејни пријатели кои ги запознавме пред неколку години и само за ова семејство можам да кажам дека ни се вистински пријатели бидејќи тоа и го покажале и докажале многу пати. Фала му на Господ што ги имаме, да им даде се најдобро на цело семејство.
     
  10. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    За мене не постојат. Каде се ако постојат?!? :^)
     
  11. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    според мене да постојат вистински пријатели но во мал број се тие се се сведува на економски план од тука иде завидлукот оговарања и губење на пријатели значи се се врти околу тоа поминати се тие времиња кога имало вистински пријатели другари кога сите околу тебе биле добронамерни и со убава мисла самиот систем не прави такви никакви какви што сме :D
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Од мое искуство, имам заклучено дека вистинско пријателство може да постои, но е многу ретко.
    Имав прекрасно пријателство кое траеше од детството, но подоцна со самото растење и созревање се изменивме и повеќе не можевме да се сложуваме. За разлика од периодот кога бевме деца и сите бевме исти, откако пораснавме, јас и другарка ми повеќе не можевме да се сложуваме околу одредени работи и поради тоа почнавме често да се караме. И тука пукна пријателството. Едноставно не бевме на иста фрекфенција. Потоа стекнав, обновив и продолжив многу пријателства. Некои од нив прекинаа, но некои до ден денес постојат. Една од моите другарки ми е посебно драга и она што меѓу нас постои е цврсто и искрено пријателство. Без никаква задна намера и корист.

    Вистинско пријателство може да постои. И само затоа што е тешко да се најде, не значи дека треба да престанеме да веруваме во него :)
     
    На reddevill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Не. Во мој случај, антисоцијална сум. Многу ме повредиле, многу сум верувала и сум била наивна, па сета таа надеж и радост околу пријателството, со тек на време, едноставно исчезнала.
     
    На DivljaISlobodna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Според мене постојат. Доколку го сретнеш како мал и поминете години заедно ке сватиш дека пости. Со мојата најдобра другарка сум веке 13 години и пред некое време сватив дека таа е најдоброто нешто што сум го сретнала во мојот живот. Зошто толку касно сватив? Затоа што избивав љубомора кога таа ке се сретнеше со некоја нејзина пријателка, сето тоа од страв да не ја изгубам, тоа беше пред едно 4 години, а сега смеам на тоа :). Овој роденден како поклон однеа го добив нејзниот дневник. Колку само се смеам додека го читам и тоа кои се ми биле симпатии(денешни наркомани) и неа исто :)
     
  15. ANGEL1

    ANGEL1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Искрено верувам во вистински пријатели затоа што имам прекрасна другарка со која се познаваме околу 10 години и досега збор настрана си немаме речено, за ништо си немаме замерено а камо ли да се скараме, напротив, не само што скоро за се иамаме 99.9% исти сфаќања и одлично се сложуваме, но морам да кажам дека сне биле огромна поддршка една на друга и во најтешките мигови во животот. Дури мислам дека таа многу повеќе ми била поткрепа и беше секој пат со мене да ме теши кога ми беше дефинитивно најтешко во животот, за ситуации кои беа најтажни и за кои немаше лек, кога срцето ми се параше од болка ТАА секогаш беше со мене , и сеуште е ! Искрено ја ценам и почитувам и ја сакам многу. Господ како да ми прати сестра... :inlove:
     
  16. Rosonerka

    Rosonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    4.481
    Kратко и јасно НЕ! :x
     
  17. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Имам само ЕДНА најдобра другарка која е со мене уште од најмали нозе, цел живот се дружиме, цел живот ми била најдобра другарка. Само еднаш се скаравме и тоа во 5то одделение, и одма се смиривме бидејќи неможеме една без друга :) Сега сме во различни гимназии, нејзе не ја примија во мојата па моравме да се разделиме :( не живееме блиску, скроз на друг крај живееме една од друга сега, многу поретко се гледаме ама сепак, била и ќе остане единствена најблиска што ја имам и што вреди! И двете имаме разбирање една за друга, никогаш не сме се налутиле за глупости, дали дека едната неможела време да најде за другата.. или да љубомориме на други другарки или слично, имаме разбирање, и секогаш знаеме дека кој со кого и да се дружи, ние секогаш ќе останеме вака како што си сме. Имало и моменти кога ете помалку сме се слушале поради обврски со школо, па и двете со дечко сме биле, па едно друго но никогаш не сме се заборавиле и никогаш нема. Се знае за мене, секогаш знае да ме развесели, секогаш ме разбира. Немам зборови со кои можам да ја опишам љубовта спрема неа! :inlove: Се би дала само таа да ми е среќна :inlove:

    Други другарки на помини замини ЕХЕЕЕЕ колку ти душа сака, за извоз ги има дури. :lol: денес демек најдобра другарка ти е, утре више ја нема. Така и во класовиве, додека бев во еден клас 1ва и 2ра година имав 4 другарки што демек бевме најблиски, најмногу се дружевме, сега се разделивме 3та и 4та год по други класови, едвај два реда муабет ќе напраиме |( така иде тоа, денес се дружите утре едвај едно здраво имате! Кога ќе прекинат да зборат СО тебе, зборат ЗА тебе! :)
     
  18. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    ИмаШЕ, имаШЕ, вистински пријателства порано. Сега луѓето се толку себични, лицемерни, дволични...се повеќе сум сигурна дека нема вистински пријатели
     
    На Devojka20 и oleizvori им се допаѓа ова.
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Добро бе, разбирам дека сите се разочаруваме секојдневно од ова што се случува наоколу, но до толку скептицизам???
    Сте размислиле ли дека како што ВИЕ не верувате, така и некој друг не верува во ВАС?

    Пријателство постои. Треба да знаете како да го негувате.
     
  20. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Толку се имам разочарано од моите другарки и од другарствата што ги гледам околу мене што веќе не верувам дека постои вистинско пријателство. Не издавам тајни, се трудам на секого да угодам и на крајот пак си крив, пак те издаваат, до кој степен се дошло, да не смееш да веруваш на никој.. :@
     
    На Palchica му/ѝ се допаѓа ова.