Вистинско пријателство дефинитивно НЕ ПОСТОИ! ...денешницава наша така наречена ѕвер ги прави луѓето такви да не мислат на пријателство. Да мислат само на себе, нив да им биде убаво, фантастично и толку... Значи и да стекнеш пријател, доверба... тоа некад ќе се разниши, раздели... Другарство, Пријателство НЕМА!!! Просто другаркиве мои колку се фини едни спрема други тоа невероватно нешто, а зад грб се оговараат ненормално ( ова од искуство ) , страшна љубомора владее башка Се е од КОРИСТ! ...Довиџења!
Не постојат.Во денешно време сите следат некоја корист.Можеби би постоело во другарство од детството,а за сега да стекнеш другарство не верувам.
незнам стварно како било порано ама сега нема луге дефинитивно , добрината ти ја гледаат како наивност- глупост ,а мн е интересно особено кога другарката нема дечко па за секаде те бара редовно ти звони а кога ке фати дечко и со дечкото свое друштво ја нема ни да ти се јави а не па да излезе а во случај ако ти ја побараш секогаш е зафатена еднаш зафатена два пати зафатена и веќе не се осудувш да ја побараш и се чувствуваш ужасно глупаво и искористено сии викаш NEMA PRAVDA
Прво,зошто темава е во врски?Не ми оди некако... Сега да напишам за темава.Постојат,но тие се многу ретки.Сите "пријатели" гледаат да те искористат или што е уште полошо(и позастапено), повеќето од нив се љубоморни или ти завидуваат. Секако,сите те оговараат зад грб и можеби ти посакуваат неуспех. А со тебе се толку фини,фини,а всушност се толку дволични. Сепак,постојат пријатели,но ретки се,за жал!
Можеби не ги минав сите овие и оние моменти, ама сепак ми е онаа која никој неможе да ја замени. always^i
Не сакам да звучам скептично меѓутоа сметам дека за жал денеска сите пријателства се сведуваат на интерес. Интерес заедно да бркате дечковци да не се биде сама, интерес заедно да го утепате слободното време т.е. да се убие досадата, интерес заедно да одите на скијање заради друштво, интерес заедно да учите за полесно да се поминат испити, интерес..интерес..интерес..И тоа можеби и е потсвесно, но е така. Кога ќе исчезне интересот луѓето си фаќаат различни правци и се разделуваат почнувајќи поретко да се дружат, се слушаат еднаш во 2 месеци и сл. Бидејќи.... во меѓувреме почнуваат да се дружат со други луѓе слични на нив, со кои им е убаво бидејќи потсвесно си имаат нови интереси. Пример, фатила дечко и сега нема веќе интерес за град и кафиња муабети (не дека нема да постојат туку ќе се проретчат) или се омажила па сега поинтересно ќе биде со мажени девојки, темите и интересите се слични отколку со тие слободните... и на слободните не им е интересна мажената, не можат да идат заедно на одмор, викенди, искачанки, прават може досадни муабети за свекрви, рецепти, купување станови, деца и сл... едноставно се е сведено од интерес од различна природа. Можеби некој ќе рече дека ретко се гледа со пријателот/пријателката ама вистински пријатели се. Да, и јас имам такви, со кои ретко се слушам и гледам и знам дека се тука за кафе. Ама за кафе.. секој ќе си ги стави своите приоритети пред вас. Тој што не се согласува, мижи пред вистината..моите 32 години ми дале такво искуство..
Првин треба да бидеш вистински пријател кон самиот себе. Да мислиш на своето добро и да не се изложуваш на непотребни жртви и страдање. Потоа да знаеш да избереш круг на луѓе во којшто ќе се чувствуваш пријатно. Доколку се спознаеш себеси и откриеш што ти годи, многу е полесно да најдеш вистински пријател...
ретки се. Јас се лажев многу пати во животот и мислев дека многу луѓе ми се пријатели. Но, сега навистина најдов вистински пријатели
Најдобри пријатели неможат да бидат 7 личности. Според мене може најмногу до две. Добро јас се дружам со 7 личности, ама само на две можам да им се доверам, а и тие мене.
Во животот не се знае ниту најдобриот пријател дали ќе те издаде или не. Не за џабе постои поговорката Господе чувај ме од пријатли, од непријателите сам ќе се чувам. Така да, ова се кажува. Сум била изневерена од најдобра другарка пред половина година која ја сметав за сестра.Сега можам да кажам дека ми се гади од неа.Неможам да ја погледнам,баш искрено ми се гади. Најдобар пријател ми бил и ќе остане дечко ми(освен мајка ми). Сум споделувала се со него и она што неможам на мајка ми да и го кажам.Сум имала и имам многу пријатели, неможам да одвојам лоши луѓе од нив, но сепак, човек на кој можам апсолутно се да кажам е дечко ми. Не верувам на никој.