Пост-породилна депресија

Дискусија во 'Бебе' започната од SANY4E, 1 октомври 2011.

  1. SANY4E

    SANY4E Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Здр,породена сум пред 5 месеци а сеуште патам од таа депресија.

    Ми рекоа дека било нормално ама воа веке кај мене не е.ми се плаче без причина,се ми се мота в глава дека сопругот не ме сака оти имам меше и стрии.

    Се здебелив само 13 кг 10 симнав ама вие 3 никако неможам...на диета сум :D :D :D

    А ко го има некоја истиов проблем нека пиши,или го имала па некако поминал.

    Инаку мислам да одам на прихијатар страв ми е да не стане пресериозна работава....
     
  2. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    856
    Да ти кажам право....ја доста често размислувам на оваа тема иако не сум уште ни мажена :rofl: Мене флешеви ме маваат и пред да добијам а можам само да замислам колку ке ми полудат хормоните после пораѓај. Незнам што би те советувала,освен дека штом веке си свесна дека имаш проблем,сама да си помогнеш.Мислам дека никој неможе повеке да ти помогне од што можеш самата на себе. еве на пример,пошто сега си повише дома,среди се и за по дома.немора да е ништо пренападно и претерано,али малце римелце,пудричка,нешто лесна фина гардероба,одвој некој минут за некоја нежност со сопругот,и се надевам пофино ке се чувствуваш.... :)
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Лекарите се уште не можат да утврдат зошто некои жени страдаат од ПНД, а други не. Сепак има некои фактори кои значат зголемен ризик. Ризикот е зголемен во случај: ако претходно сте страдале од депресија, ако сте биле депресивни во текот на бременоста, ако сте имале тежок пораѓај, ако сте ја загубиле Вашата мајка, додека сте биле дете, ако немате партнер кој Ве поддржува или блиски од семејството, ако Вашето бебе е предвремено родено, ако имате финансиски или други поголеми тешкотии.
    Само сама на себе си можеш да си помогнеш ако го препознаеш проблемот, пазиш на исхрана да имаш балансирана исхрана за правилно функционирање на организмот (не држење на диета како што пишуваш), одмарај - кога спие бебето спиј и ти, слушај музика која те опушта, прочитај убава книга, не се осудувај самата себе си и треба да разбереш дека ти треба време за да се опоравиш. Разговарај со твојот маж за се што те нервира и смета па можеш и со психолог да го споделиш проблемот, тоа не е ништо срамно.
    Од друга страна треба да имаш голема подршка од најблиските. Треба да те разберат и сватат дека си во депресија.
    Може но и немора да значи дека може да ти се појави и со раѓање на друго дете. Зависи каква ќе ти биде бременоста, дали ќе си опкружена со подршка и дали раѓањето ќе го дочекаш спремно и релаксирано.
    Доколку го утврдиш проблемот самата ќе си помогнеш и за брзо време ќе ја надминеш депресијата.
    Ти посакувам успех
     
    На BrideToBe и nesa им се допаѓа ова.
  4. SANY4E

    SANY4E Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    6
    Однапред благодарам :)

    Разговарав со сопругот за ова ме сфати сериозно некако почнувам да го надминувам ова за среќа.

    Кога пишувам со вас исто ми е некако како со прихијатар ми требаше да му кажам на некој што не ме знае,
    можете и да не критикувате и да ме посоветувате,не сум била депресивна за време на бременоста ни претходно,имам изгубено драги личности вујко во сообраќајка,братучет од 11год од леукемија,.... ;( ;(

    Еве од кога го споделив проблемот со сопругот почнавме да испаѓаме,свекрва ми ја чува малата.....се осеќам подобро....
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    Постнаталната депресија (ПНД) се смета дека се јаува кај околу 10-15% од новите мајки.

    Не се работи за хир на мајката, туку за сериозна состојба.

    Кај многу мајки по породувањето може да се јави: плачливост, тага, напнатост, загриженост, умор и сл. За ова се смета дека се заслужни големите промени кај хормоните, кои настануваат по породувањето. Обично после ден-два ситуацијата се нормализира.

    Постанаталната депресија не е исто со овие промени на расположението. Тоа е многу посериозна состојба. За разлика од другите мајки, чии чувства се стабилизираат и почнуваат да уживаат во радоста на мајчинството, мајките кои страдаат од постпородилна депресија стануваат се потажни и позагрижени.

    Најчесто ПНД започнува во првиот месец по породувањето, но кај некои жени може да се јави и после неколку недели, па и месеци после породувањето. Овие жени во почетокот уживале и се радувале грижејки се за своите бебиња, но постепено почнале да стануваат се подепресивни.

    Времетраењето на постпородилната депресија варира од неколку недели до неколку месеци, а понекогаш и подолго.
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.924
    Допаѓања:
    49.660
    Пол:
    Женски
    Сноу Квин, почна многу да буричкаш по темиве Бебе, ако драга, и јас сум истата, изгорена сум за едно мешенце и срценце во него, ама ќе почекам, не е дека е нешто што нема да дојде кога тогаш нели. Знам можеби ја тупам со сестра ми ама сега засега таа е единствениот породен примерок од моето поблиско општество. За проблемов капа и симнувам на сестра ми, знаеше така фино да се справи и покрај сите потешкотии, да се насмее секој нареден ден иако претходниот не бил така едноставен. Знаела и таа да има испади, да се дере и така натаму, но се средуваше со една генералка, со едно долго туширање и секако излегување уште додека малата имаше само 2 месеци, па тета е тука таа ќе ја чува. Навистина, сами ако не си дадете енергија и храброст, па кај ви е крајот, убаво кажаа феминкиве претходно, направи сама да се чувствуваш убаво, себе си повторно да си се допаднеш и ќе видиш дека нема никаков проблем. Нова фризура, нови сандали, некој килограм минус, се тоа ти дава чувство дека си повторно истата жена од пред да станеш подвижен балон, и на крајот од краиштата, па имаме за што да се радуваме после раѓањето, што ќе ни се тие депресии кога едни две очички те гледаат само тебе како единствено суптество на планетава во кое имаат доверба, зарем има подобар лек од една прегратка со бебчето и да си заспиете едно до друго.
     
    На srckaaa123, Meckicja, Vetruska и 2 други им се допаѓа ова.
  7. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.969
    Таман сакав да отворам ваква тема и разгледував да видам дали веќе ја има и ете, таман да пишам и јас.
    Мислам дека и мене ме има фатено оваа пост-породилна депресија, откако се породив толку многу ми се појачани емоциите што тоа е чудо, во цела бременост не ми беа толку изразени отколку сега. Си плачам постојано, се нервирам многу, мм скоро по цел ден е на работа па ми фали, јас дома сама (во смисла без него) инаку среќа што кај мене ми се родителите па ми помагаат тие мноооооооооогу и искрено без нив не знам што би правела :x и му се нафрлам на него дека не го е гајле за нас, јас сама ли ќе го гледам детето, тој по цел ден на работа и само наоѓам нешто за да се скараме, од кои причини сум 95%крива јас и псоле се каам што му викам, па среќа тој кутриот што е многу сталожен и смирен по карактер па не ми наоѓа мана и ме смирува некако па се смирам.....не знам и јас зошто така ми се случува, дали е од хормоните или од нешто друго и јас дури понекогаш ако не ми се јави мм неколку саати одма почнувам да мислам на све и свашта, дека е со некоја, дека сега си мисли ќе сум дома со бебето по цел дне па тој ќе си се опушти дека е слободен и може да прави што сака....се некои такви идеи ми идат у глава и се караме и јас плачам ко ненормална и после 10 пати објаснувања од мм дека грешам и дека не сум нормална во тоа што го кажувам , е тогаш се покајам и уште повеќе почанм да плачам......друго, сега бебчето ми има грчеви понекогаш и кога плаче најадено, наспиено, преоблечено и тоа упорно палче, се дере и јас го глеам и не знам како да му помогнам па си плачам и јас со него.... :worried: хаос невиден, во мојата глава или ставрное така не знам :x
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.023
    kallias ќе помине мила, за месец-два ќе се средиш. Истото (само со многу поизразени и посилни симптоми) беше и кај мене. Мачно е многу, тежок период е, но поминува, а изгледа како да нема крај.
    Биди силна, и не се расправај, само по тешко ќе ти биде, број не до 10 туку до 20.
     
    На TeddyGrey, Springy и kallias им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.972
    Допаѓања:
    134.724
    Пол:
    Женски
    Kallias, кај најголем дел од жените се случува ова. Ќе помине, без грижа. Знам дека ти е тешко. И јас бев истата, си правев филмови, си плачев, а бе си тажев ко којзнае што да се случило. Најлошо е кај нас што не ја гледаат мајката, сите го гледаат бебето, тоа станува центар на светот, а сите забораваат дека и мајката треба така да ја гледаат, оти на бебето таа најмногу му треба. Ќе помине, пишувај тука на форумов ако ти биде полесно така, исплачи се.
     
    На TeddyGrey, Lolo5, Cka и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Sani4e91

    Sani4e91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    61
    Здравоо...од кога се породив се осеќав многу дебела..бев опседната со тоа да ослабам..но не успеав :( ....на моменти без причина ми се плачеше и одев во вц и плачев..никој ништо ми немаше речено ни направено...ми беше страв да го кажам мојот проблем на моите дома..една ден ми беше доста и и кажав на свекрва ми..инаку многу сме блиски....ми рече да купам од аптека витамин Б6..додека пиев ми беше ок..а кога не пиев повторно истото...



    Една ден го фатив сопругот како гледа порно...не му реков ништо туку ми предложив да гледаме заедно..ме одбии ;( по извесен период ми рече дека не е задоволен од мене и му било поарно да гледа..и најлошо од се е што кога гледа се празни во вц.. ;( јас не му требам...кога ќе видев дека оди у вц јас одев после него и наоѓав секогаш сперма..плачев пак не знаев веќе што да правам..со текот на месеците сето тоа ми прерасна во проблем..секојдневно го прави тоа, а кога „имаме„односи неможе да сврши со изговор дека е уморен...ми доаѓаа секакви мисли у глава сакав да се палам,да испијам таблети.... ;( ,но не направив ништо од тоа несакам моето дете да го гледа некоја друга нема да го сака како јас....сама сум свесна дека треба да одам на психолог или психијатар...но се плашам од тоа што ке ми го каже,упорно се трудев да не мислам на тие лоши работи но веке 2години не ми успева и веќе се уморив доста ми е сакам да ставам крај на се ,,само сакам да живеам нормално ;( ;( ;( ......Ве Молам ако некоја го има овој проблем како и јас нека пише.... ;(
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    484
    Пол:
    Женски
    Sani4e91 има веќе ваква тема отворено. Јас би те советувала да одиш на психијатар. Одењето на такво место воопшто не е страшно, едноставно разговор од некоја личност која од страна ќе ги види работите и е стручна да ти одговори, да го најдете проблемот.
    Инаку во врска со дебелината, немој да имаш никакви комплекси. Јас имам една другарка што е пуничка и кога ќе ослабне ич не ми е убава, а кога е пуничка ми е како мече и многу ми е слатка, стварно е поубава. Како се чувствуваш, така и ќе изгледаш. Оди на психијатар (јас имам одено) и супер е, ќе ти помогне 100%! Со среќа!
     
  12. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    960
    Вака,сигурна сум дека имам Постпородилна депресија колку и да игнорирам. Изгубена сум не знам од кај да почнам да си го враќам животот назад и дали е тоа воопшто можно. Се осеќам како да изгубив се а и себе.
     
  13. emilijamak

    emilijamak Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    206
    Nema zosto da se grizis, ednostavno posveti se na bebeto naogaj si rabotni obvrski i druzi se so pozitivni luge, ako imas moznosti pesaci sekoj den po 1h ili vezbaj makar 30 minuti toa ke ti dade sila i energija, veruvaj deka ova e samo minliva faza, jas minav dolg period niz lavirintite na depresijata i anksioznosta ispolneta so fobii od sekojdnevieto eve sum ziva, zdrava i vo ocekuvanje na bebe, mozebi i mene posle poragaj ke me fati spojkata na depresija no veruvam deka bebceto ke mi dade sila i najvazno od se e da ne se zatvaras doma i opsednuvas so crni misli sto poveke so luge i obvsrki tolku podobro ke se cuvstvuvas... pozdrav i so sreka
     
  14. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    960
    Ако немаш уште бебе не знаеш за што зборувам. Извини но мислам дека мајките ќе се сложат. Благодарам што ми даде одговор, се од советите правам, цела која околина мисли дека имам совршен живот но јас сум во себе потиштена разочарана тажна. И љута.
     
    На emilijamak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. emilijamak

    emilijamak Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    206
    Ne znam kolku godini si, no da ti kazam deka nikoj podobro od mene ne znae sto e toa da se bide vo teska depresija, anksioznost i fobija, zivotot da ti izgleda bezvreden, da ne mozes slobodno kako covek da izlezis od doma da se raspozlozis, da imas panicni napadi da vristis i pistis vo sebe, da koga ke se najdes vo drustvo ili nekoj nastan kosa ti se kreva od panika od simptimi sto ne mozes da gi ignoriras, tenzija mislis ke ekspoldiras, da places po celi noki i denovi i da nikoj ne moze da ti pomogne, da baras pomos od bajacki, gledaci i na kraj da zavrsis na pishijatar so antidepresivi na svojata 25 godina od zivotot ...... veruvaj setoa toa sto go pominav e veke videno i mnoguuuuuuuuuuuuuuu nesporedlivo poloso odkolku da izgledas i da mu se raduvas na edno milo i malecko sustestvo se koe vredi da se zivee.....
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    960
    Ок,го почитувам напишаното. Но тоа како е со дете тек сега ќе го видиш, искрено немаш ни најмала идеја како и сите. Од друг аспект е моето гледиште, јас не сум нервозна или анксиозна само не можам да прифатам дека немам време за себе за основни физички потреби, сон, храна и купатило. Ова само мајка може да ме свати. Инаку излегувам и се забавувам и сама и со детето( веке е година ипол ) но мачење физички и психички,губење на себе,своето време ... Е тоа не можам
    Инаку имам скоро 30 год.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.612
    Допаѓања:
    73.121
    Пол:
    Женски
    сакам да те прашам нешто а да не ме сватиш погрешно :) дали имаш некаква представа како понатаки со детето и дали ти помага сопругот?
     
  18. emilijamak

    emilijamak Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    206
    Ne znam sto da ti kazam no nekako zvucis premnogu pisman za toa sto si majka, izvini navistina no po tvoite poraki taka ustanovuvam, ti nemas depresija po moe, a sto se odnesuva za drugite majki sum gledala primeri i primeri mnoguuuuuuu, toa e poentata na majcinstvoto da se posvetis na decata i semejstvoto i sekako deka ti ke si na posledno mesto, ne znam jas eve sum 34 godini i mozam da kazam deka mene mi e smaceno od toa da bidam sama bez pravec i cel, doaganjeto na bebusot za mene go svajkam kako preporoduvanje, kako nov zivot podobar i poispolnet, da znam deka koga ke sednam vo drustvo i jas kako i site majki ke kazuvam za moeto bebe za mojot nov zivot.... toa sum jas veruvaj i eve tuka sme i za nekoj mesec ke spodeluvame
     
    На Meckicja и zalosna им се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    21.656
    Пол:
    Женски
    Неодлучна (скоро)сите тазе мајки поминуваат низ тој период. Кога бебето е мало и по цел време те или цица или несака да спие , и триста ти чуда ... Мајката нема време за себе , ни за вц , ни за да се истушира како треба...Јас те разбирам , како и повеќето мајки , ама детето ти е веќе годинка ипол би требало да си поопуштена . Да си имаш створено некоја рутина , без разлика дали е детето дома или во градинка . И моево е веќе 21 месец, па се си тече најнормално , имам и време да се истуширам на раат и да зготвам , да средам низ дома, да се видам со пријателки... и се тоа со се дете . Детето е обврска , не е само да го нараниш и заспиеш , треба и време да му се посвети .
    Не е исто тој период пред и после дете ... ама се си има и своја убавина.


    И јас поминував низ таков период,тоа на почетокот ... ми беше тешко , по цели денови бев сама со бебе , мм работи од 07 до 17 додека дојде 17 30 , а малата легнуваше во 19ч .
    Не ми беше лесно , по цели денови да слушам плачки, ама ако самата не си дадев некаква воља дека има и подобри денови од друг немаше ни да добијам . Мм многу ми помага во се , ја чува малата , ја игра тинтра итн. (Од него ја имам најголемата подршка и сум среќна што го имам него до мене!)
    И никој друг , бабите ретко идат , и тоа нивно гледање е на 1 саат мах 2.
    Сега го чекаме и новиот член, сите сме видно возбудену , не чека пак неспиење .... итн ама па искуството го имам и не се плашам .

    Би ти препорачала да си најдеш некои хоби , да си поисполнета . Колку толку да ти имаш други мисли ... повеќе дружење со пријателките , детето оставаај го повеќе со бабите , да имаш и време и за маж ти секако . Да не се осети и он запоставен :!:
     
    На elisabeta, NoellePage, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    960
    Не мора да ми се извинувате,пишав за да добијам и оштра критика и искрени одговори. Ви благодарам, некои ваши реченици ми значат и ми отворија простор за размислување. Еве и ќе ви одговорам, јас се трудам секојдневно и како понатаму јас ќе терам, морам, но не сакам да сум несреќна,Но сепак ситуацијата не е црно бела, имам подршка од маж, излегувам,баш правам се како што ми викате, стварно, но ете потиштена сум. Затоа и пишав дека имам Постпородилна депресија бидејќи сум без одговор зошто и како... Мислам дека треба да одам на лекар.