Драга моја... Ваљда секој го поминува истото кога тргнува на работа и остава бебе. Не можам да ти опишам колку е полошо чувството кога ја оставив во градинка. Со непознати. Па уште кога се разболе... Бебе е сега со свекрва ми и е многу весела таму. Аздисува кога е со мене и исто мислам дека и е досадно, ама читав дека таквото однесување со мајките им е нормално, затоа што со нас се чувствуваат најсигурни. Една е мајка. Ти си една за нејзе. И кај мене другите и готват, ја успиваат, ја играат. Јас сум со нејзе од 4, 4 и пол до 9 навечер. Ме јаде совест, не велам не, ама кој ми е другиот избор освен да живеам со тоа? Мора да се работи, за нејзе е и таа плата што ја зимам. Во поглед на меракот за правење нешто, мораш сама од внатре да се натераш. Кога ќе ти дојде да се расправаш со маж ти, пробај преќути, еднаш, два пати пробај. Направи со сила нешто убаво за вас двајца како пар. Чим свекрва ти ти ја чува, искочете шетајте сами за раче фатени или како и да сте правеле пред бебе. Пробај искочи од секојдневието. Бар на кратко, колку што дозволува времето. Кога ќе переш алишта, земи си ја бебка до тебе, дади и штипки, ќе се смее, ќе се радува. Заеднички активности. Кога ќе чистиш, дај и чисто крпче, ќе те имитира и ќе се радува. Пушти и песнички во позадина, играј чистејќи, бришејќи, пеј и ги песничките. И верувај не си единствена и не си сама.
@Chanell* само ќе се надоврзам на убавите совети од мајките од погоре. Да знаеш дека бебето е нервозно бидејќи си ти нервозна, тие многу осеќаат. Ти си и мајка, една единствена и за неа си незаменлива другите и на глава да застанат нема да те заменат во очите на бебето. Мораш да се потрудиш заради твоето семејство. Немој да правиш работи кои не сакаш да ти бидат тебе направени. Замисли како ќе ти биде маж да ти се тутне од чиста мира со кавга. Убаво ли е тоа? И поважно. Треба ли бебе тоа да го слуша. Посети психолог и за брзо да се фалиш дека си подобра.
@Chanell* ти си мајка и кралица во очите на тоа мало фрфулле и никој апсолутно никој не може да ти го одземе приматот. Биди среќна што после 9 месеци го донесе на свет, здраво и право. Го чувствувало твоето срцебиење и понатака во животот секогаш ти ќе му бидеш незаменлива. Да не се повторувам околу помошта, радувај се што ја имаш и искористи го слободното време за себе. Јас топло ти препорачувам физичка активност, пилатес, фитнес, јога, што мислиш дека можеш за почеток ама да се потиш. Ќе ја исфрлиш сета негативна енергија и ќе видиш како ќе ти се враќа и духот. И уште повеќе, сега има и опција мајки и деца на ист тренинг, распрашај се и за тоа што би било активност повеќе со твоето малечко. Сум прошла низ тешки животни моменти и сум се чувствувала како тебе, ама со пилатес и теретана се извлеков од тоа. Исто така, близината со мт ти е потребно да ја вратиш. Најдете време да бидете сами и да се гушкате. Јас кога се породив имав мн помош од свеки ама ми фалеше мм кој за беља беше баш тогаш цело време на работа. Ќе спобудалев... И јас мислев дека имам ППД. Седнав и разговараме, тој цело време кога беше дома ми го посветуваше на мене и бебе ама тоа главно спиеше. Веќе ми беше подобро... На крајот стручна помош секогаш ти е на располагање, но мораш малце и ти да си бидеш свој лекар. Ние сме тука за тебе.. Тњ Те гушкам!
Некои од вас ме знаат, и ја знаат мојата приказна... Не мислев дека мене ќе ме снајде тоа... Откако се породив, не ја почувствував поврзаноста мајка-бебе, како да не чувствувам ништо за тоа бебе... Се грижам за него ама не чувствувам дека го сакам.. Кога плаче јас не чувствувам жал, како да ми е гајле за него. Можам со саати да го слушам како плаче, а ништо да не превземам. Го хранам, го успивам, го бањам, ама се чувствувам како да морам, како на сила да правам се околу него. Маж ми ја зема и кај него е смирена, заспива, јаде.. Јас како се на сила да правам. Не ми е важно како се чувствува, дали го боли.. како да правам се бидејќи така треба, не дека сакам.. Му кажав за ова на маж ми, не ме сваќа сериозно.. Еве со саати малата плаче, маж ми ја смирува, јас си легнав, се однесувам како да не е мое дете, како да ми смета нејзиното присуство.. Нормално ли е, или да побарам помош од психијатар??
Колку порано побараш помош, толку поарно. Едит: и не, не е срамота. Не си единствена. Ќе бидеш подобра, сигурна сум
Голем шок за организмот е пораѓајот и не секој исто поднесува. Хормоните многу се мешаат и ова чуство ти е поради збеснати хормони. Побарај си и помош секако, бар да разговараш со психолог, не со психијатар.
Ова го гледам и како да сум го пишувала јас лани ова време. После царскиот ме однесоа во соба и се ми беше рамно. Дури не чувствував потреба а и не сакав ниту да го видам бебето. Кога ми го донесоа ништо, чувства 0. Го гледам а не го чувствувам како мое. Дома цело време плачев не знам ни јас зошто. Не го сакав едноставно. Само повторував зошто го родив. Велев не можам. Мм ми беше подршка ама не сфаќаше ни тој што се случува со мене. Никој не седна да направи муабет со мене, едноставно никој не ме сфаќаше. Дали треба да побараш помош? Да. Да бев малку похрабра и да знаев дека тоа што ми се случува е пост породилна депресија јас би разговарала со некој стручен. Јас за среќа се опоравив некако, не знам ни јас како но не траеше многу. Сега ова мало човече ми е се. Ама на почеток едно месец-два ми беше пекол.
Мене со второто така иако не признав на никој. Само добра другарка ме приметила и ми призна после година дека приметила... Вика како да не ја сакаше се однесуваше со неа првите 2м... А сама се силев и викав дека си ја сакам и дека толку мечтаев за девојче и ете го имам. До ден денес нема да си простам се карав побудалена (незнам ни јас зашто) со мм, он сирот ќутеше и и се завртев на неа во количка: УФ ШТО ТЕ РОДИВ со ржење и тоа Во болница додека бевме сами си замислував дека она ми е првото бебе (машкото) и плачев си гледав слики од него Дома повеќе до него бев, него до неа... Дури некогаш си викам дека и доењето не ми беше успешно поради таа неповрзаност првите 1,2 месеци (иако до 5м цицаше). Многу лошо се чувствував и не признавав на никој, а зашто... незнам ни сама Сега си се смеам и чудам на се тоа. Не да ја сакам!!! Ке ја изедам еден ден И двајцата ми се најголемо богатство и двајцата неизмерно ги сакам и неможам да дишам без нив! @Starlič може да е поспородилна, може измешани чувства хормони. Но доколку мислиш дека ти треба помош, подобро побарај.
Зa жaл мнoгу мaјки поминуваат низ oвaa депресија, кoлку пo брзo пoсетиш психијaтaр тoлку пo брзo ќе си пoмoгнеш првo себеси a пoтoa и нa другите oкoлу тебе пoсебнo нa бебчетo. Мене ме држеше 3/4 месеци, сaмa не бев свеснa штo ми се случувa oти никoгaш пред тoa немaв слушнaтo декa тoa мoже дa се случи, a другите oкoлу мене и не не ме сфатија тoлку сериoзнo и си тoнев тaкa некoлку месеци, и ден денес пoсле 12 гoд. не ни знaм кaкo oтидoв нa психијатар нo oткaкo oтидoв ми препишa медицинa не пaмтaм кoлку време јa земaв сaмo знaм декa се пре рoдив. Не чекaј уште утре дa си пoјдиш.
Бидејки дои (ако дои), психијатар обично препишува нешто за да пие, а дека дои нема да смее да пие (мислам). Мислам на почеток разговор со психолог ке е подобро, бар додека малку не се средат хормоните... Според мене. Ама нека се консултира со матичен доктор, па и педијатар, да ја упатат што е подобро.
Јас уште на никој немам признаено освен овде на форум. Ни со мм не сме разговарале. Некако не можам. Кога ќе помислам какви се мисли ми се вртеа во глава срам а и страв ми биде. И сега кога го пишував ова криво ми падна што бев таква спрема него.
И јас, прв пат тука признавам. И маж ми што ме примети сам тогаш... И мене ми е криво многу... Особено кога и викнав, а тоа бебе од месец дена... Се надополнува после се тоа. Нема мајче да остане тоа така, не се грижи @Starlič За месеци ке си се чудиш на овие постови тука. Поддршка една од нас
Е дa aкo дoи сигурно немa дa и дaдaт медицинa, јaс не дoев. Нo и рaзгoвoри сo психoлoг мoжaт дa бидaт дoстa oд пoмoш. Нo кaкo што велиш нaј дoбрo првo кoнсултaцијa сo мaтичен пa мaтичниoт ќе знaе кaде дa јa упaти.
Од моето скромно познавање ова не е депресија, туку постпородилна состојба. За поврзување со бебето некому му стреба час некому повеќе. Чувството дека не е твое нека не те плаши го има речиси секоја жена после породување особено прво дете. Моментално организмот ти е под стрес од се она што го доживеа изминатите месеци и едноставно се фокусираш на себе си. И се е тоа во ред. Хормоните ти ја матат перцепцијата ти создаваат стрес од нови работи во твојот живот. Јас со моето се поврзав тек некаде 40 дена после раѓање. Ако доиш тој процес е побрз, само не се оптеретувај со прашања дали ја сакаш, не ја ни познаваш треба да ја запознаеш прво. И околината притиска. Сите си ги сакаат бебињата уште у болница холи шит рили? Не е точно Опушти се и гледај да се вратиш на себе си. Потоа се ќе си дојде природно, секој ден ќе биде поинаку.
Мене кога ќе ми кажеше некој дека моментот кога се породил и го видел бебето почуствувале среќа како никогаш до тогаш, па солзи радосници...искрено се прашував дали е во ред со мене. Постот исто како јас да сум го напишала. Бидејки јас ја кажував и искажував таа неповрзаност, свекрва ми ме виде и ми рече " штом не ја сакаш ќе си ја земам јас кај мене ( во странство живеат они). Е да видиш тогаш како ме пецна и заболе, ден денес не можам да и го простам тоа иако знам дека намерно го кажа колку да се "освестам". Нит ја сакав нит ја давав. Мајчинскиот инстикт е тука некаде само дај му време да се појави. Разговарај и со твоите и со мт, кажи им отворено како се чувствуваш, исплачи се. Мене мајмногу ми помогна поддршката од мм, свекрва ми и моите. Не ме оставаа ни секунда сама. Мм веќе го удавив, после го прашував како "ме трпел" Ако имаш остај го малото на некој, искочи со мт на кафе, во кино, издувај се малку. И обавезно да си земеш 3x 1 Б6 витамин. Мене ми помогна многу. И да не се секираш, дај си малку време, па ќе видиш како ќе го засакаш, ќе се чудиш како во тебе имало толку многу љубов
@Starlič многу жени го поминуваат ова. Дај си време, посети психолог. Повеќе би рекла дека е бејби блуз, отколку постпородилна депресија. Истово ми се случуваше и мене. Не чувствував поврзаност. Но биди стрплива, ќе се запознаете и нема да можеш животот да си го замислиш без неа. И јас го немав тоа магично чувство кога се заврши се. Но длабоко во себе го обожаваш тоа бебе, да знаеш. Сепак, ако сметаш дека не можеш да се избориш сама со сегашниве чувства посети стручно лица. Не е ниту срамота, ниту нешто лошо.
http://www.femina.mk/новости/занимл...-точка-на-бебето-кој-ќе-допре-до-секоја-мајка Можеби не е за оваа тема но јас коа го читам останувам силна бидејки кога се породив ме фати депресија но некако успеав да останам силна но не за мене туку за бебушот бидејки тоа нежно човече зависи од нас затоа мораме да стиснеме заби и да издржиме . Не е лесно воопшто но сепак мислам дека ако се сака се може . Не е страшно и на психијатар да се оди сепак ќе не ислуша и ќе ни даде совет . Лошо е кога се држи во себе .
И јас не почувствував одма поврзаност, цела бременост во некој страв ја поминав, бидејќи пред тоа имав миссед абортус, цело време мислев дека природно ќе се пораѓам, кога на крајот во последниот ден испадна царски. Ете тоа ми беше огромно разочарување, стрес, страв, мислев дека ќе умрам на самата операција, неможев да дишам...вечерта во 22ч породена, прв пат го видов сабајлето во 8ч, ми го донесоа во интензивна, само ја кренав главата и го видов и не го почувствув дека е мое како што пиша Фри бев повеќе фокусирана на себе, на болката од операцијата, бев во шок. После тоа кога ме однесоа во соба, кога почна да цица полека полека почнав да сваќам дека е мое прв пат овде признавам и јас.
Да побараш помош. И маж ти да оди на психијатар и да го информираат што значи постпородилна депресија. Не си лоша мајка. Побарај помош. И мене ме мавна јако пост породилната депресија. Не си сама, има милиони ко тебе и ко мене. Ќе помине ама обавезно побарај помош. Замисли да се разболеше од пневмонија и да не можеше да ја цицаш ќерка ти, ќе одеше на лекар или ќе дојдеше на форум на прашаш дали да одиш на лекар? Немаше да прашаш на форум. Психичкото здравје не е помалку важно од физичкото. Твоето здравје е исто толку важно како здравјето на бебето. И не слушај муабети дали било бејби блуз или депресија. Оди, докторот ќе процени што е. Само запамети, ќе ти биде подобро. И никого да не слушаш ако не знае што зборува. Вклучувајќи го и маж ти.