Jas 1 godinka kako sum porodena I tek sega pocnav da se osekam podobro imav postporodilna psihoza i bev na lekar i mi dade elicea i zalasta da pijam i na sekoj tri meseci pravam kontrola i moj sovet e do site da odat na psihijatar ako se osekat loso nema nisto sramno vo toa da se poseti psihijatar
Јас плачев од среќа кога се породив. Не можам да ги опишам тие емоции кои ме совладаа во тој момент штом испадна од мене рикав на цел глас. Испаѓањето од родилниот канал траеше три саати кај мене. Може плачев оти се тоа заврши или се исплакав себе си низ што поминав 9 месеци Јас ја видов само пет минути после породување и потоа после 48 часа. А каква бев крш од кревет не можев да станам се довлечкав до нејзината болница бледа, ги влечев нозете ми текнува бидејќи немав сила да чекорам. И стасав на креветчето во кое лежеше и се прашав чие е бебево? Јас не го познавав. Потоа кога почна да цица после 5ти ден добив некои чудни емоции додека ја држев во раце. И кога си дојдовме дома кога почна да плаче од грчеви од антибиотикот и не спиење 24 часа исто се фатив себе си дека одвај чекав да испаднам надвор од станот. Првиот месец ми годеше шетање со кучето во природа сами. Мислам дека тоа ме спаси и ме регенерира.
Јас не оспорувам дека има некој што стварно плаче од среќа уште првиот момент, но тоа може кај мал број жени се случува. Јас кога се породив на бокс прво што побарав беше храна( во 1 по полноќ) бидејќи немав јадено повеќе од 30 часа. Потоа сакав да се наспијам дури сабајле во 9 ми текна да побарам да ми ја донесат
И јас се расплакав од среќа кога ми ја извадија од меше, чекав да слушнам плач и се расплакав од радост. Цимерката што беше со мене во соба ме прашува и како е чувството да бидеш мајка? Викам јас уште ништо не чувствувам, знам дека сум донела на свет едно прекрасно суштество, се радував за тоа,ама немав којзнае какви емоции. Потоа кога таа се породи јас неа ја прашав и како е. Ми рече дека е најубаво чувство на светот, дека не може да се опише се она што го чувствува за бебето.
Смее да пие асентра ама и јас препорачувам психолог. @Starlič и јас исто се чувствував. Хормоните си го прават своето, плус живееме во општество кадешто се очекува од мајката веднаш да се поврзе со бебето, да биде цело време околу него, и секое поинакво чувство е наметнато како погрешно. Мене откако ми се случи, почнав да зборувам со блиски и излезе дека скоро сите поминуваат низ baby blues фаза, некој повеќе, некој помалку. Само што ретко кој збори за тоа и ретко кој признава дека е тешко. Првиот месец мене ми беше најтежок, плачев исто без причина, не можев да спијам, имав јаки тахикардии и панични напади. за 2 месеца ослабев скоро 15 кила. Јадев ако маж ми ми направеше јадење и седеше до мене додека не го изедам. Во еден момент на јак паничен напад во сред ноќ се напив диазепам. А го дојам. Следниот ден се чувствував како да сум најлоша мајка во светот. Маж ми со кој сум заедно 12 години беше изваден од памет што ми се случува, ме сфати сериозно дека сериозно се борам со депресија. Јас сум активен тип на човек, пред да се роди малото постојано бев во движење, работев до 1 недела пред да се породам, се среќавав со луѓе излегував. Преку ноќ животот ми се сведе на 5 ѕида, менување пелени и ранење дете. Плус, имам многу работи поминато во животот, како губење мајка ма 15 години, татко на 20. плус зима.. Се на куп и лесно е да пукнеш. Отидов на психијатар. 2 мин разговор од кој главно прашање дали доиш, и оп еве ти антидепресиви што не сметаат за доење. Не ги купив. Почнав да одам на психолог. Почнав да излегувам по 1, 2 саата со другарки, на фризер, по продавници. Го користам секој ден без загадување и со количка низ врата 2 саата шетање. Бебето е малку поголемо (3 месеци), се смее, почна да ме бара со очињата, да покажува дека му требам. Не да го сакам, животот би го дала одма за него. А пред само 2 месеца ми беше исто како што викаш ти, сеедно. Така што, не си сама. многу поминале низ истото ама со поддршка ќе излезеш од ова.
Мене депресија ме здрма дома кога дојдовме. Поточно babу blues беше кај мене. Претходно 41 недела трудна, немоќна, уморна и со човече до мене со кое незнаев што да правам и како да се понашам. Сите ау бау. Совети, што како да правиш, што да не правиш. Вртат по телефони. Буквално како да зборат, а ништо не кажуваат. Никој не ме праша како си. Нај бед ми беше со совети околу доење. И муабетот 'немаш млеко' па плаче бебе, плачам јас. Во фрка бев. Паметам, Фри прва ме осети на форумов дека сум во збрка цела, со налудничави прашања После 40 дена осетив како да се поврзувам со бебе, и мислам дека лежењето до него и самото доење ме поврза најмногу.
Ве молам не давајте лекарски совети. Постојат апчиња што може да се користат и во доење. И ако мора да се пијат некои апчиња што влијаат врз бебето едноставно ќе се прекине доењето. Денес постојат толку добри формули, има премногу деца на ад па здрави прави. Не е потребно мајките да се осеќаат дополнително лошо затоа што треба да изберат меѓу доењето и своето здравје. Мајчиното здравје е премногу важно и хранење дете со формула е нешто за кое око не треба да ви трепне ако треба да го прекинете доењето заради терапија.
Ептен ми е мило што си добра сега. Но немој да даваш совети со сарказам кон лекарите "оп одма еве ти антидепресиви". Супер што си почнала на психолог. Но твојата приказна е различна од другите и треба секоја мајка да избере терапија каква и годи без осудување. Некои имаат полесна постпородилна депресија, некои потешка. Не можеш да знаеш во каква ситуација е некој, а со ваков коментар можеш да направиш некоја да се чувствува уште повиновно. Нема вина во грижата за себе си.
Ти цела беше бејби блуз кога се породи, не знаеше кај терашСе сеќавам како вчера да беше те дрмаше два месеца на најјако. Е иста бев и јас. Кога ќе искочев со некој блуз од соба нити се трпев сама ниту некој можеше да ме трпи. Мислев дека полудувам најискрено. Толку трофазна ме нема тресено како први четири ма и пет месеци.
А каде виде дека осудувам? Дека пишав дека не сум почнала да пијам антидепресиви а некоја мајка пие? Воопшто не ми беше тоа поентата на муабетот, туку тоа е напишано затоа што (можеби мој лош избор на доктор) психијатарот не ми обрна воопшто внимание туку одма ми препиша антидепресиви. Инаку цел пост потенцира дека грижата на мајката за себе е најбитна во цел процес.
Поентата моја беше да не ги прикажуваш антидепресивите ко нешто ненормално. Тебе ако не ти требале не значи дека кај сите е исто. Тоа што не ти посветил внимание докторот е друго. Може и најдобриот доктор да е и да ти посвети многу внимание и пак да ти даде антидепресиви. Психијатрите тоа го прават за тоа се обучени, како да третираат депресивни состојби со апчиња. Земање на антидепресиви не го попречува одењето на психотерапија. Не мора да биде или/или.
Добро луѓе до кога трае пдп? 9ти месец од како се породив, гајле немав се дури да добијам.. Првиот месец неколку дена ме држеше, па недела пред добиено, третиот немав ич. Од како ми заврши анксиозна станав и еве сега мн ме мачи од како сум во овулација. Се некои црни мисли, па панични напади.. Некои денови сум добра, а некои катастрофа..
Јас бев скоро 2 недели во ппд. Дали оти мала и се ми е ново па и без мажот ми бев и скоро секој ден плачев и се нервирав и никако неможев да се снајдам. После 2 недели почнав и да ја пресоблекувам, да си ја шетам низ соба итн. Али на почетокот страшно ми беше мислев дека ќе полудам.
Три недели ќе направиме за два дена, првите дена додека бев на болница се чувствивав прекрасно, исполнето, енергично, како да не бев породена. Сите ми велее како изгледам свежо и убаво. Си дојдовме дома, дојде свекрва ми, а маж ми мораше да замине (иначе моментално сме кај моите на гости сите пошо сум странство породена). Додека беше маж ми тука све што ќе одлучевме се почитуваше, во Ск живееме сами ама од кога останав бремена свекрва ми си свати здраво за готово дека мора да ми "помага", еден куп мешања имаше ама ајде голтав ради маж ми да не го секирам . Дојде тука, јас како да не постојам, ми ја даваше само за цицање, од рака ми ја грабаше, со трчање одев во купатило и плачев. Пола збор не и реков трпев, полудев, психички попуштив, се осеќав како млекара, нахрани го и одма грабни го, мајка ми еднаш не ја подржа внука и, еднаш не ја преслече, си напрајв муабет уште пред да се породам дека ја сум мајка, ако сакаат да помогнат нека се тука за топлење млекце на вечер ама свекрва ми си сватила дека е нејзино детево и апсолутно на никој не го даваше, плачи оно се црвени кај неа, го преслекува не гледа ништо упорна е, и викам мамо гладна е дај ми ја нека е ми вика доста и е не мора толку да јаде,ќе ја држам. Плаче бебето и викам молим те дај ми ја да ка смирам, се трга. Јас одам в кујна плачам, мајка ми ја држам на врата да не и се пушти оти готова ќе е. Татко ми ме прежали, ајде ми вика имаш прибран маж кој те сака ќе среди тој се, само дур е тука кај нас не прајте драми. Немаше минута да немам солзи на мене, се исушив како да немам душа повеќе, на вечер кога ми беше потребна помош до 9 сабајле спиеше и според неа никогаш малово не заплака. Мајка ми до 3 дежураше дан случајно заспијам ми зборуваше додека цицаше беба, после тоа сама додека тато не ме најде полусвиткана скоро падната на детево, само се раздери алармантно стање, онаа кома не сака да чуе на вечер да стане. Не можев да издржам му кажав на маж ми, тој од Мк нервирање не е покрај нас, уште сега со мајка му да имам проблеми. И рече, женава почна да ме игнорира,дека моите можеле толку да се контролираат не знаев. Еднаш не ме праша мене како ми е, дали ми треба вода додека ја цицам саат и пол. Малце имав испомешани чувства, нова улога, нагло менување на навики и обврски, без маж, уште вакво понашање ми фалеше. Солзи веќе немам, снагава ми се тресе. Колку сум поминала во постпородилна депресија или е само од нервози заради неа или па и двете не знам. Отварање душа на форумов ми е исто еден вид лек.
За почеток престани да и викаш мамо на тоа дебилно створење, гуска ниедна. Да молам да ми ја даде ќерка ми...па не само што нема да ја чепне уште еднаш со рака, прашање е дали ќе ја види уште еднаш. Немој да се правиш добра, воспитана и да ќутиш на вакви срања од свекрвиштето ненормално. Маж ти не го секираш ти, таа го секира. А и за татко ти немам коментар. Ќути не правете драми, ебате коментарот негов, грижа татковска. Балкански менталитет пуст, детето нека страда ама комшиите да не речат ништо. Не дозволувај никој ама баш никој да те спречи да уживаш во мајчинството. Бебето еднаш ќе ти е бебе, еднаш ќе е мало, кога ќе уживаш ако не сега.
Не се работи за балканско размислување и што ќе речат комшиите, тука и ги немаме. Посебно за мајка ми и татко ми кои немаат апсолутно ништо балканско. Во прашање беа уште два дена, жената си отиде, не сакавме карање затоа што во друга држава кај што нема никој и е на гости ако се напрает пиздарии, а нема кај да оди ќе биде уште полошо, поголема негативна енергија. Да сме Мак па да ја фати вратана и очи да не и видам поќе е друго. Маката ми беше таа, си ја раскажав за да си имам некое олеснување после мојот пост. По природа знам да голтам многу работи додека не пукнам, за то си во право, морам да стиснам заби и почит да не покажувам ако не ми се возвраќа.
Во ред можеби не е балканско размислување но кога треба да си поставиш граница не се гледа уште колку е тука, одма решаваш проблем пошо на глава ќе ти се качи. Немој да голташ ништо. Сите си имаат различен праг на толеранција. Ама мене да не ми го дава детето или ако е гладно да каже немора да јаде толку...мислам дека стварно ќе и скршам некој заб на кучката
Отсега мајче прво ти па другите, твоите желби се повредни од тие на другите! Немој да дозволиш вакви глупештии повеќе да се дешаваат, ни ден, не па 2недели или месец, отвори уста и збори нареден пат, чисто ако сакаш да си помогнеш, ако не ќути и трпи, па ресетирај се по гостинката
Искрено се вознемирив од ова. Покажи и го местото на таа жена, пошто не е нормална очигледно. Немој да трпиш и да дозволуваш вакво нешто повеќе.