Да да, булингот започнува така што прво те навредуваат, те удираат па ти се закануваат дека ако кажеш дома ќе ти направат полошо, па ти крадат предмети,пари,ти оставаат видливи траги на насилство (модрица,црвенило и сл) те потискаат да се повлечеш и да мислиш дека не е во ред со тебе,да се мразиш и да не знаеш како понатаму.Да, јас би знаела да познаам кога би дошло до тоа, и сметам дека децата треба да ги учиме да се почитуваат самите и да не кријат и трпат.
А зошто уште сега мислиш дека би дошло до такво нешто, не значи дека животот на бебето ќе биде ист како твојот.Има само 8 месеци тоа. Премногу длабоко се впушташ и мислиш за нешто што не е реалност туку се дешава само во твојата глава. Бебињата осеќаат нема потреба да им се пренесува нешто што во моментов фала богу поминало, тоа е минато. Еве еден пример да ти посочам ако некој крадел како мал, а сега е татко и има дете, треба да се плаши дека и тој ќе кради ? Напротив треба да го научи на детето дека тоа не е во ред, и самиот тој да извлечи лекција како да го насочи и воспита. Значи се е до нас, ако сакаш да има цврст карактер детето мора да почниш прво од себеси.Зошто ти си таа на кој тоа прво ќе се огледа. Ги имаш сите работи моментално за да бидеш среќно исполнета мајка и сопруга.Мажена си имаш човек до тебе да го делиш ова убаво патешествие. Има потешки работи и самохрани мајки, и мајки што долг пат и години поминале само за да имаат малечко бебе и минале низ падови во животот неможеле долго време да забременат и слично. Некогаш треба да знаеме и да благодариме на она што го имаме моментално, бидејќи секој си има тежини и пат во овај живот, безразлика дали е тоа булинг или нешто друго.
Па не знам дали е депресија тука ми го преместија.Осеќам страв депресија баш она да сум даун немам,поточно се потсеќам на грди случки од порано кој не беа по моја вина и некоја језа осеќам.
Isto se cuvstvuvam I jas nisto ne me raduva, nemozam da uzivam vo nisto sto prethodno sum uzivala imam nesonica I nemam zelba za bliskost so partnerot strav mi e da ostanam sama so bebeto I se osekjam kako se da brzam nekade da zavrsam nesto a povtorno nisto ne sum zavrsila pomos ako nekoj moze da pomogne
Малце доцен реплеј...но ми треба помош. Породена сум пред 4 месеци дојам бебе а пијам асентра заради анксиозност...неможам да ја смирам грижата да не и наштетам нешто и грижата на совест
Не се секирај, сертралинот е безбеден за бебето иако доиш. Во нормални тераписки дози се излачува во млекото во исклучотелно ниска концентрација која не може да му наштети на бебето
Јас се осекам како во депресија, цело време сум сама со бебе, време за мене немам цело време ми се плаче кога се гледам несредена, ја прошетувам секој ден по 1 саат дали во раце дали во количка надвор ја изнесувам помош никаква немам од свеќи(не оди на работа) а неможе се мајка ми да трча да ми помага за да исчистам. Кога бебе ќе заспие јас се туширам и си легнувам од што сум уморна многу.
Други некои роднини пријателки немаш да викнеш на помош? Свекрвата не се знае ако почне да ти дреме само поише може ќе те изнервира Колку ти е бебе?
Имам доаѓаат на кафе многу се плашат мажот ми е шофер заради коронава бебе е 6 ипол месеци навикната е само со мене на мајка ми и ја оставувам по 1 саат да испазарам за дома. Едноставно многу никакво се чуствувам, сега едвај чекам сабота да дојде за да дојде мајка ми.
Други некои роднини пријателки немаш да викнеш на помош? Свекрвата не се знае ако почне да ти дреме само поише може ќе те изнервира Колку ти е бебе? Баш ми е маж што така се чувствуваш Јас почнав на бебе да му читам приказни пееме играме па така и јас не мислам на глупости забавно но ни е и плус по саат два шетаме. Батали двор стај го во количка кога не е загадено и оди шетај ако е ладно облечи го. Оди и ти малце кај твојте смени ставајте маски и така седете ако ти е за корона.
Мене депресијата "ми помина" кога бебе направи 9месеци... Леле колку плачев, а сама сум, маж ми од 6 до 6 на работа... Се морав сама.. тоа толку не ми беше тешко, ама имаше моменти кога ќе ме фати, и почнуваат глупи мисли, дека детето не го сакам, дека не чувствувам ништо за него и плачам како луда.. Тоа ќе заплаче кога имаше грчеви јас некако не чувствував ништо за него за да му помогнам.. како се на сила да правев... Абе Бог да чува бев.. Среќа помина лошото... Сега срце ми се ќине за неа... Ама и покрај се би сакала психијатар да посетам, сепак знам дека со разговор ќе го тргнам каменов, бидејќи ме боли што сум се однесувала така со неа... Биди јака и пробај да скренеш мисли кога те води кон депресија и плачење.
Не е срамота. Зошто да биде срамота. Тоа е една нормална работа. И секој човек има потреба понекогаш да зборува со стручно лице.. Не треба никој да се срами од ништо.. Некаде прочитав дека и самите психијатри имале потреба да разговараат со стручни лица..
Јас со првото 6 месеци не се пресрамував, ми стоеја на глава да дојам, сум морала од цицка, кога оно сакало, јас сум била мајка и тотално небитна, има да робијаш сама, помош не ти треба, од раце да не го испушташ, сака близина, буди го за утеха, мајка си, мајка си, мајка си и завршив со панични напади на психијатар и дури тогаш ми поверуваа. @Starlič бев саркастична.
Zasto da e sramota jas odev I antidepresivi piev no samagi otkazav I letoto setavme sekojden I pomina