Тогаш, да платите помош? Да ти доаѓа жена ем за испомош, ем за друштво? Или девојче некое, ем ќе ти помага при дома ем ќе имаш со кого муабет да направите.
Јас па се препородив од кога мм тргна на работа и од кога ми се мавнаа сите од глаа и останав сама. Сама зимам куче дете искачаме правам ручек средувам одиме со бебе во продавница кога треба...и ми олесна убаво се осеќам исполнето Мора да си ја најдете чакрата и издувот. Што поскоро тоа го направите толку подобро. Било тоа помош за бебе било тоа готвење било тоа одење на фризер. Полесно корона ќе прележиме него да се излечиме од ова психолошко пропаѓање ...
Ааа важи а дое татка му он си тера ја скитам Немајка то гоу Абе прајте вас да ви убаво така и на бебенцата ќе им е убаво
На сите ни е тешко. Мајки сме ќе издржиме. Бебињата брзо ќе пораснат. Куќата, садовите, ручекот може и да почекаат. Но, тие наши ангелчиња само една година се бебиња. И јас имам лоши денови. Но, кога ќе ми се насмее синко, ништо друго не е важно. Еве јас за утре закажав на фризер. Малку промена, добро ќе ми дојде. Знам дека не е лесно, но само храбро МАЈКИ.
Само те молам немој да бараш помош од свекрвата. Немој погрешно да ме сфатиш, но подоцна да не си ја чукаш главата. Колку можеш сама, толку. Не, е крај на светот. Ако момата дои консултирај се што можеш да се напиеш на природна база. Ве гушкам силно двете.
Мене оваа година ништо позитивно ми се нема случено-освен даѓањето на свет на бебчево. Се' околу само проблеми и негативни работи, што од вирусов, што од други работи. Мислам дека до кај 3 месец некаде бев за никаде ама сега гледам се подобрувам. Јас не знам дали моето беше вистинска депресија или околностите ми беа такви за да бидам цела down. Понекогаш ми е криво дека кога сите бевме среќни (со сопругот и сите околу нас) одложувавме бебе како демек ај понатаму, ај прво ова /она да средиме. Кога по една година пробување да добиеме бебче желбата ни се исполни ама околу нас се срушија многу други работи....Се роди бебче во најголемите карантини и полициски, немаше кој да му се израдува , да се направи веселба да се означи нешто и просллави тоа што си чекал....Лоша година, најлоша....одвај чекам да помини. Сите овие месеци само со пазенње, со своите да не можиш салам да се видиш, да се порадуваат на внучето...Се' само со маски на устите, гледање со страв, да му е страв да го изнабацат и помирисаат. Тешко ми е кога ќе помислам и на ова, да не може салам со роднини и пријатели да се видиш, да се порадуваат и тие на новото бебче. Знам дека не сум само јас, секаде скоро е вака со новородениве бебиња ама многу ме погодува и искрено посакувам да не се повтори оваа година, ми треба малку позитива и во домот и насекаде околу мене ..И си поплачив за глупостиве што ги напишав еве сега, ама стварно ми е тешко за многу работи и пак ќе речам не знам дали е ова депресија или самите настани ме тераат да сум тажна....Мора да издржиме за маливе...
Едно е да ти е тешко, друго е да имаш пост породилна депресија. Не значи дека ако си мајка треба да издржуваш. Треба да ти е убаво, а не да преживуваш од ден на ден. Некогаш тоа "храбро" значи да се побара помош од стручно лице, не само да се издржува.
Мене па депресијата од што бев несредена и нервозна ми се јави Не е дека сум некоја си дпмаќинка ама прашина,куп садови во лабаво, вц то преполно со валкани алишта,кал во ходник од количката не стигнато да се измие негови алишта расфрлани,дамки по каучи...да 1г се бебиња ама треба да живеат во чиста и хармонична средина Колку е поише хаос дома толку повеќе кавги и нервози бар за мене беше така Викнав мајка сестра другарка за 1 ден го скоцкавме цел стан со маски секоја во една просторија исфрлив тон ѓубре... Мора за се да се најде време животот не може да запре.
Еве на пример: навечер од кога ќе заспие бебе капење, бричење, мачкање тело, лакирање нокти. После секое јадење веднаш миење садови. Смукање, полирање, може на два три дена. Немора секој ден. За бебе не е убаво па да живее во толку стерилна средина. Кога сме изморени со мм испраните алишта ги оставаме на оградата од скалите. На смеење велиме " купот на УЕФА". Што да се прави? И мене некогаш ќе ми помогне мајка ми и сестра ми. Но, и тие имаат свои обврски.
Така е оваа помош ми е еднаш на некој месец за генералка целосна на нивна добра воља А за деугото бебе у количка ја ќе усисам он у релаксатор ја ручек и некако се снаоѓаме Не мора стално над глава да им висиме ја го оставам сам да игра на под сам глеа цртани сам слуша песни и ми е олеснето сега има разлика од дете до дете... А и приметувам вака по други многу разлика има ад и доење не е идто нарани го за 4саати и да цица на саат ипол
Многу често го слушам зборот депресија, па мислам дека малку го изгуби значењето.Депресијата е сериозна дијагноза, со суицидални мисли. Она што најчесто ние го чувствуваме е бејби блу, тага, осаменост, панични напади...што во некоја мера е нормално поради новата улога која ја имаме. Изолацијава со пандемијата дополнително допринесува. Мешање од страна од типот ладно му е, му се јаде, му се спие, не го држи така туку вака, дополнително допринесуваат да се чувствуваме како неспособни мајки. Како и за се во животот, потребна е самоконтрола и позитивна мисла, следење на мајчински инстинкт. Ако поплаче додека се тушираш не си лоша мајка. Ако не се смируваат грчевите не си лоша мајка. Ако не доиш не си лоша мајка. Премногу предрасуди ни наметнува современото општество. Премногу совршени слики на инста ни го поматија умот. Не ми беше добро и на мене, добивав панични напади се додека не пресеков со некои токсични луѓе, но пред се со своите сопствени ирационални стравови и мисли. Не знам што совет да дадам од типот шетај, дружи се...но на крајот од денот остануваш сама со соптвените мисли и се е џабе ако самата со себе не ти е убаво. Работете на себе, засакајте се себе. Ако сте среќни вие, бебињата ќе бидат уште посреќни. Во секој случај за да се постави дијагноза е потребен разговор со СТРУЧНО ЛИЦЕ. За да знаеш што да лекуваш треба да знаеш од што боледуваш...доста едноставно.
Бејби блус траат неколку дена. Се' што трае повеќе од 2 нефели треба да го види доктор. Зошто постпородилната трае и дури кога ќе пресечиш со токсични луѓе.
@Meckicja се зезаааааав @Milkiway ох и јас викендашки обично кај сестра ми ги оставам, таа си е дечарка, ми вика ако сакаш остави ги кај мене, нека живеат. Три деца има и би имала уште 10. Сушта супротност од мене. Ништо не и е мака.
И јас поминав еден таков период, не знам дали да го наречам депресија или постпородилна тага можеби е подобар израз. И тоа ме фати уште во болница додека бев, ако ме читавте во други теми имав малку потешко породување и бебе ми беше во инкубатор 2 дена. 2 недели се обвинував за тоа, плачев секој ден. Дома беше само мајка ми да ми помага но искрено само ми одмагаше. Ми висеше над мене, дали беше тоа доење, пресоблекување, бањање, додека и сама не сфати дека сами со мм подобро се снаоѓаме и престана да иде секој ден. Сето тоа ми ствараше дополнителни нервози и првите денови кога ќе останев дома сама со бебе, слободното време го минував легната во кревет и плачејќи. Немав ни апетит, не спиев.Ми се собра се од цела бременост, короната и негледањето со луѓе, плус хормони полудени...Дури ме фаќаа и носталгии за старите времиња, дружењето, собиранките со пријатели. По 2 недели почнав да функционирам понормално, си фатив и некој ред колку толку со бебе, со доењето, со обврски низ дома, почнавме да излегуваме со кола се возевме низ град... Сега веќе и сама излегувам кога е убаво надвор со количката. Мислам дека таков период после поридување секоја жена има. Само некои го минуваат полесно некои потешко. Нормално е, светот ти се менува за нешто сосема ново. Плус сега и со пандемијава уште потешко е. Ама ќе помине што и да е, али ако сметате дека треба стручна помош да си барате пошо депресијата не е за потценување.
Е да и убаво ме потсетиз бањањето ми е како некој ритуал станато некако време за себе, по пола саат си се бањам си пуштам и музика, мм чува бебе...Па уште пола саат се тинтрам додека да се средам, и да поплаче ништо страшно не се потресувам. Ништо лошо нема во тоа. Баш напротив само допринесува за подобро да се осеќаме.
Јас на почеток не се бањав, туку буквално само се полевав со вода и истрчував од купатило, некогаш дури и халуцинирав дека плаче За да еднаш така залетана не се сопрев себеси со прашањето каде трчаш ма, ништо не му е И така сега тоа ми е време за себе. Обично спие, ќе ја причува маж ми или ќе покенка малце, ништо страшно.