И јас така знам според мои истражувања кажувања на психијатарот и одобрение од педијатар, но сепак многу се плашам. Треба да покачам на 125мг. Јас што најмногу бев против АД и се борев сама со години сега бебе дојам....но ситуацијава ескалираше комплетно
Не мора да поминуваш на АД. Ако сакаш може 8-9 часа после таблетата да се измолзеш и тоа млеко да го фрлиш. Така дополнително се намалува излачениот метаболит од лекот. Дали педијатарот ти кажа да поминеш на АД или?
А па затоа се збунив. Не се секирај, кога мора да ги пиеш лековите мора. Не си прави дополнителни стресови, уживај со бебе, опушти се, ако ти треба муабет разговарај со блиски, не се изолирај, тука на форумов секогаш ќе се најде некој да поразговараш.
Ајде да ја посетам темава. Бидејќи и после два и пол месеци уште не сум своја со мислите. Тие што ме следат знаат низ каква бременост минав напукана со хормони и инекции и врзана за кревет. Го добив она за кое што сега живеам а зашто не сум среќна тогаш? Дали што ми се напука душата после царскиот и другата операција и борбата за да дојам. Успеав во се, се изборив ко лавица, издржав болки какви не постојат. И сега кога конечно имаме ред, дојам, сум сама на мира со бебето. Наместо да владее љубов и среќа кај мене преовладува страв невиден, самообвинување, неспокој и тага. Знам дека се хормони во прашање но нели требаше веќе да попуштат. Имам чуство дека си го повредувам детето, кога плаче а сум преморена или сама, сум во грч се тргам во друга соба поминувам низ мал напад на паника па собирам сили да дојдам и да го смирам. Уморна сум постојано и тешко ми е да уживам во неговите насмевки. Мислам дека грешам постојано се преиспитувам. Недај боже стварно да му наштетам ненамерно би си умрела од мака. Се плашам кога спие за него и кога е буден. Бесконечни примери, некако колку и да пробувам да се опуштам да го гушкам и мирисам да сум среќна во моментот до крајот на денот уморот ме утепува и сум или затапена или тажна и вознемирена. Како да си помогнам?
Посети психолог и психијатар, најдобро ќе ти помогнат. Можеш да ја читаш темава за различни искуства ама најдобро ќе го решиш проблемот со психолог и психијатар. Не се обвинувај себе си, не зависи од тебе.
Само кажи си хормоните се, зашто навистина се. Ти си прекрасна мајка, грижлива, совесна, полна со љубов. Не можеш да му наштетиш на бебето и никој не може да се грижи за него подобро од тебе. Ти си најдобрата. Јас не бев во депресија ама имав црни мисли. Ги имам уште понекогаш ама се поретки се. Верувај дека ќе помине, ќе летне времето и ќе дојде периодот кога ќе имаш едно мало свесно човече кое ќе почне комуникација со тебе на различни негови начини и ќе ти покаже колку цени се што правиш за него. Е тогаш ќе видиш дека си совршена за него. Секој ден ќе ти изразува љубов на поубав начин. Само стрпи се мајка да се нормализираш, пиј си Б6, шетајте мноооогу, дружи се. Ти ветувам дека доаѓаат многу убави моменти
Јас веќе не дојам си имам редовна менструација па пак не ми се средени хормоните и истото како и ти се тргам да се смирам зошто тоа кога вришти а јас не можам да го смирам и не знам што да направам нервоза ми ствара. Мислам дека сега многу повеќе ме фаќа нервоза пред добивање одколку пред да останам бремена. Тоа дека си била под стрес толку време и сега се опушташ затоа и ова се случува, ќе пројде само треба период да помине. Не мора секогаш да ти е исчистено,стокмено,средено ако не сакаш гости да имаш ќе кажеш дека си зафатена и тоа е тоа додека да се средиш пред се бебе е битно а не другите околу тебе што мислат. И одвој малце време за себе, искочи со бебе прошетај ова највеќе помага. Ли сигурно сето ова ти се случува дека си се одвоила и раат си сега истото и мене ми беше кога се одвоив. И ако ти се плаче, исплачи се не се стискај и ти си човек и б6 доста ми помогна мене јас пиев по две на ден е сега ти бидејќи доиш прашај по колку смееш. Се е фаза низ која мора да се помине
Најмногу помош добив од мајка ми и сопругот. Мајка ми доаѓаше секој ден на по едно кафе малце муабет,поддршка итн. Сопругот исто ми беше голема поддршка и еве малово тек 4мес ќе прави и можам да кажам дека конечно се среди се и мислите и почнав да спијам. Веќе не се притресавам толку многу кога плаче, смирена сум,знам дека го сакам најдоброто за него. Ако поплаче 5минути ништо нема да му биде. Повеќе прошетки надвор мислам сонцето и воздухот лекуваат. Пробај така со мајка, сопруг, близок некој ете со маски и дистанца премногу беше затворена цела бременост и сега плус.
Истово што го опиша го чувствував до пред некој месец. Имав тежок пораѓај, проблеми со цицање скоро 2 месеци. Стрес и кавги со свекрва. Никако да се вратам во нормална килажа. Не се погледнував во огледало...Постојано преиспитување, страв, самообвинување...ако заспие навечер имав грижа на совест што не ја будам да цица, ако ја разбудам имав грижа на совест зошто и го прекинувам сонот...со тек не време се се нормализира...почнав да излегувам секој ден по малку,заедно или ако не е убаво времето неа ја оставам со татко и. Неверојатна разлика има и 20мин на воздух. Без грижа на совест или стрес. Кога ќе се вратам е порелаксирана, мислам дека и здосадувам по цел ден, башка е добро за поврзување со таткото. Сестра ми доаѓа скоро секој ден, некогаш на кафе, некогаш и ми помага за домашните обврски. Се фокусирав на други работи како здрава исхрана, почнав да вежбам по малку. А за тоа дали сум среќна, се преиспитувам секој ден. Среќата доаѓа од нас самите. Има несреќни богаташи и среќни сиромаси. Благодарноста за тоа што го имаш е најголема среќа. Помисли само колку битки имаш добиено и биди горда на себе. Преиспитување и црни мисли се нормални за секоја грижлива мајка, ама се во граници на нормала. Ако и покрај сите напори за самопомош немаш подобрување, обрати се на психолог, поразговарај нема ништо лошо во тоа.
Сакам да ти пишам уште еднаш да посетиш психолог и психијатар, не знам зошто ние ко народ имаме толку отпор кон одење на психолог и психијатар па избегнуваме до краен момент, тоа е стварно безвезно. Нема потреба да чекаш да ти помине, нема потреба да чекаш да се "средат" хормоните, кога не ти е убаво треба да делуваш, не да чекаш. Грижата за себе си е исто толку важна како грижата за бебето. Како што бебето би го однесла на доктор одма ако му е нешто, така не треба да одолговлекуваш и за себе. Не мора да се сеќаваш на првите месеци од мајчинството во тага, има помош, има решение, треба само да го побараш.
Мајкаа најсилна! Имаш право да се исплачиш, да се истуриш, да се развикаш, да не држиш во себе, да излезе од тебе. Како што велиш, не знаеш од каде доаѓаат тие емоции за нешто што си посакувала да го имаш. И тоа е убаво штом размислуваш така. Свесна си за чувствата, ги анализираш, што е еден чекор кон зацелување. Ова сето ти е собрано од сѐ што ти се случило претходно. Психата твоја во моментов се бори да ги прифати претходните настани, да сфати што се случува, како на една арена на која се борат два типа на чувства - убави и непријатни. Тоа е тежината на мајчинството, да се избориме да добиеме нешто преубаво, но патот секогаш не е едноставен ниту релаксирачки. Многу се напнуваме, премногу, и затоа следат вакви состојби кои се очекувани. Како една рана на телото, кога заздравува, уште повеќе пече. Јас велам да ги прифатиш чувствата, да правиш тоа што ти се прави, а во меѓувреме ако имаш волја за разговор со стручно лице, да посетиш, да се искажеш, ќе ти биде подобро. За мене да ти кажам, во првите месеци хаос ми беше. Исто и јас не се осеќав адекватна. Плачот многу ми пречеше, ама со поддршка, со шетање, помош од страна, го надминав тоа. А ми изгледаше дека, вака да си кажам искрено - дека се заебав што родив дете , ама помина тоа чувство. Се надевам дека те избодривме малку и да знаеш дека такви се тие месеци почетни, дур тоа ѕверчето се очовечи, потоа ќе го средиш мозокот и ќе фатиш ред, ќе се осеќаш посвоја и помоќна.
Ви благодарам мајки на сите за коментарите и советите. Свесна сум дека се е минливо исто како што кажа и @Mantub свесна сум дека не ми е должно здравјето и психата да ми страдаат до толку во овој период и по лошо да го памтам. Тоа што пишав тука е еден од првите чекори си ги признавам и најцрните мисли и пореви не само на форумов туку и на себе. Веќе се обратив на психолог, има една страница www.7cups.com покрај тоа што има онлајн психолози кои работат таргетирано со случаеви како мојот, има и лиценцирани луѓе кои ќе те сослушаат без предрасуди и support групи за најразлични состојби во животот. И претходно сум наоѓала подршка таму. Само разликата е што вас ве чуствувам за блиски, за фамилија, тоа туку што ми го потврдивте. Денеска бевме да вадиме крв од бебето за припрема за вакцина и остатокот од денот го поминавме надвор на сонце и воздух и сум скоро 50% подобро. На човек му е некогаш потребно да си излезе од главата од мислите да смени средина и ја здогледа убавата страна на животот. Сум се справила со депресија и претходно не е нешто што лесно се исклучува ќе имам светли и темни моменти но со упорност и подршка ќе ми помине. Ви благодарам на вашата