Охооо темиште за мене. Точно година и 1 месец немам од дома искочено, освен контролите што беа и сеа за бебе што се. Со луѓе се немам видено
Собрав храброст и јас да пишам, се надевам моето искуство ќе помогне некому колку-толку, не можам веќе да си собирам се' на душава. Од кога се породив почнав со плачење уште вториот ден, се криев и не кажував никому ама мислам срце ќе ми пукнеше.. Па дома и проблеми со свекрва, умови триста дете како се гледало како не. Зошто се такви? Дали тие што имаат ќерка се по добри свекрви? Дали во ДНК-ата има нешто што ги прави да се такви? Почнав да плачам кога ќе ми дојдеше, без криење и конечно кажав дека не сум во ред. Ништо не ми било, претеризми. Пропаднав уште толку.. Да не беа мајка ми и сестра ми мислам дека стварно ќе се мрднев. Еден ден застанав и се погледнав во огледало таква расплакана и не средена. Собрав сили, избришав солзи и реков никој и ништо не е повредно од ќерка ми, за неа ќе се борам како лавица, нејзе и требам здрава. Е се до оваа недела од кога почнав со панични напади (2 пати неделава). Ќе си барам чаре кај психолог, зошто вака не ја бидува веќе.. Одредени ситуации постојано ми се вртат во глава, ситуации кога сум била најмногу повредена кога бев најранлива и никако неможам да тргнам од таму. Не можам да им простам нив и не можам да ги заборавам ситуациите. Луѓе менталното здравје не е шала, мора да се грижиме и за него. Не е срамота да се побара помош, не е срамота да се признае дека не си во ред, не е срамота да се посети психолог. Бидејќи тој црв што не' јаде секој ден, со тек на време прави уште по големи проблеми.
Има лек, да знајш Го минев истото. Само те молам, немој да се обвинуваш себе си. Како секоја друга болест, така и оваа. Кој сака да биде болен?
Никој Само полошо си направив што не побарав помош на време, иначе сигурно немаше да дојде до паничните напади. Ќе помине и ова како и се друго ама дури да помини.. Не се обвинувам себеси, само што не можам да им простам. А за да тргнам понатаму и да не мислам веќе на тие ситуации мислам дека треба прво да им простам?
Најдобро е да можеш да им простиш. Јас не можам се'... За некои работи сеуште ми е ко вчера да се случиле. 20+ години. Не се расправам денес, ама секогаш ми се позади во мозокот, да ме потсетат ако се опуштам премногу.
Само ти знаеш што му треба на твоето дете ниедна свекрва па дури ни мајка ни сестра не може да знае.Поврзаноста вие две си ја имате гледај ја ќерка ти и себеси, а за другите ич гајле да немаш.Секогаш ќе имаш коментари од страна дали од некој рандом на улица или од дома, се што треб ае да игнорираш тоа секогаш највеќе боли одколку да земеш да се караш и расправаш или пак објаснуваш.
Знам дека за да сум подобра морам да им простам, но не можам. Многу сум повредена и страшно многу ме болат некои последици од тие кавги.. Така е, фала за поддршката Од самиот старт не слушав, затоа бидна што бидна, не научена некој не да и' рече или да и' се спротивстави ама за мое дете на никој не ќутам.
Профил морав да направам за да пишам мојава сторија, бар некаде да ми искочи ова што се дешава со мене.. Епа вака.. Се омажив од љубов, голема љубов.. Све течеше како треба, совршено.. Се запознав со неговите, фини љуѓе, посебно свекор ми.. На почеток свекрвица ангел невиден на светов.. Све си течеше супер.. Забременав.. Желбата беше обострана.. Некој месец два све супер.. Им кажавме на сите блиски, све супер.. Живееме посебно, мислам јас и маж ми и сега ќерќата еве веќе 4 месеци.. Летото лани ајде ќе редиме гости да заработиме некој денар, важи не е проблем баш супер, значи куќа на три спрата, во која средниот спрат не завршен (не реновиран) да заработиме пари од гостиве па ќе почниме со тоа, па и помош од неговите нормално.. Редевме гости на третиот кат, ние најдолу живеевме.. И ајде мене филм у глава, му викам на маж ми ајде кај твоиве ќе одиме да редиме и тука гости (август кон септември тоа) јас 6 месец бремена.. Се сложи и заминавме кај неговите.. Блиску живееме. Од тука почнува кошмарот. На почеток недела две се супер. Приватност немав никаква, мир никаков, значи што да кажам.. 4 души, и ние 2ца 6. Едно купатило. Можите да замислите.. Нејсе.. Добив висок притисок после две недели седење таму.. Терапија, одмарање итн, од доктор кажано.. Почнаа и хормоните да ми се пореметуваат.. Значи не сакав галама, не сакав луѓе, едноставно ми требеше мир и ништо друго.. Влези во дневна, пошо мораше од тука да поминам за да си одам во мојата соба. Здраво мама тато како сте јас одам да се одморам.. И така скоро секој ден.. Еден ден лежев и слушам галама голема.. Се доближив до врата да слушнам што се дешава,, свекрвица се дере на гласови пишти корни, на сопругот мој.. Отидов да видам што се дешава, она стана од тросед и си отиде да спие.. Маж ми ми вика вака и вака. Не си му обрнувала внимание, не си ја поштовала, не си ја регистрирала итн.. Луѓе се потресов премногу, притисокот 170, 110.. 23 часот вечерта. Одиме на болница, јас цела се тресам, маж ми не му свири барем.. Ме задржуваат на болница два дена во 30 недела од бременост. Два дена едвај да се среди притисокот.. Си одам после два дена, сите камен ладни со мене како да не постојам.. Посебно сопругот.. Се менува значи 1000 %спрема мене.. Да не должам премногу.. Си заминуваме во нашата куќа.. Значи мене од дешавката со притисокот, изгледа и паднав во депресија.. Дојде време да се купуваат нели работи за бебе, количка, алишта, креветче итд.. Ајде му викам на маж ми да направиме список што све треба.. Оп каде сте тргнале тука не чини предвреме ништо да се зема ( ни едни чорапчиња).. Тука сенка пред очи и повторно јас лом.. Се породив.. Пукна водењакот.. После два дена.. 5 мин пред операција, ајде одиме.. Царски рез хитен. Мене уште толку психата ми замина.. Во ред заврши и тоа.. Дојде милата на мама.. Е сега.. Ја носат после 14 часа да ја видам.. Чувства 0.. Незнаев која сум што сум, каде сум.. 5 дена во болница никој не ми се јави да ме праша како сум.. Да, но сопругот.. Дојдов дома.. Тука настапува свекрвица, капење, пресекување све што треба за ќерка ми она.. Јас само на цицка кога ќе требеше.. Како она да ја родила.. Поминаа 6 недели.. Тие 6 недели, преку прозорец главата неможев да ја истам, нечинело. Да се капам одкако ќе се затемни никако.. Триста чуда.. Јас тотално западнав во депресија длабока.. Све ме нервираше, несакав никого. Отидов на психијатар, добив антидепресиви.. Млекото ми секна секако од секирации уште пред тоа, на месец ипол.. Сопругот ме остави тотално сама, си тераше свои работи.. Јас сама со детето тој кај мајка му.. И све ускурац. Ме донесоа на 0 во секоја смисла.. Се средија работите со сама себе, ќерка ми ја сакам повеќе од све на светов и таа ми е доволна.. Незнам ни сама што пишав, 100 работи има уште, но премногу е, и доволно Се извинувам на долгиот пост. Убава вечер
Мила, не си единствена што поминала низ породилна депресија, биди силна за својата ќерка не дозволувај друг да изигрува мајка на твоето дете(секоја помош е добредојдена но не со поминување на граници) , разговарај со м ти и отворено покажи му колку ти е потребна неговата љубов и внимание дека за среќно дете е потребно да се има среќна мајка, сето тоа што ти се случува тебе го осеќа и твојата ќерка. Можеш, те очекувам наскоро со позитивни промени!!
Сега имаш бебуше на кое му требаш здрава, смирена.. За неа бори се како лавица. Не толерирај никого, ама баш никој! За твое дете и за тебе само ти си знаеш најдобро, не дозволувај друг да ти става ред. Што порано пресечеш - тоа подобро, слушај патилец. За маж ти, седни го и смирено кажи му како се чувствуваш и после прашај го како се чувствува тој во врска со тоа. Дали се чувстува многу јак дека ти патиш и се уништуваш поради неговите. Женет е со тебе, со тебе сега треба да ствара фамилија не со мајка му. Нејзиното поминало сега сте на ред вие.. И мој совет, што помалку контакт со неа и муабет чисто површински ради ред. Муабетење многу многу не, откривање детали за бебето и за тебе не.. Пробај да не се нервираш, место да се нервираш ти - нека се нервира таа. Колку и да ти е смачено, за инает нејзин биди насмеана, ведра.. Ич не ги ставај на акал што би рекле старите. И јас минав низ слично како тебе, но сватив дека не вредат една солза моја а не денови минати во нервози и плачење. Кога и да се видиме стално сум насмеана, како сте што сте само за инает и од кога виде дека веќе нема како да ме нервира и да се закача со мене крена раце жената..
Све што со кажа е во ред и така треба.. Она се бави со лоши работи луѓе Посилно е тоа од све.. Разговарано е со сопругот 1000 пати, но не сваќа ништо сериозно, на коленици имам плачено молено да ме свати и поддржи.. Џабе.. Тука има посилни работи и од љубовта и од све.. За жал.. Ама господ е голем
Епа убав на мајка да си бара од неа што и да му треба; чисти пеглани алишта, ручеци и се останато. А ти гледај си се себеси и бебето.. мене искрено многу ми помогна рутината што си ја поставив и нормално, позитивната мисла. Посвети си време на себе, без разлика дали во салон или дома. Остави на твоите ако си во можност или свеки да ти го чува бебуш (колку и да не сакаш, сепак баба му е). Додека си сама наполни када, запали свеќи, пушти си музика уживај малце. Лакирај нокти, среди коса.. верувај ми ќе ти помогне колку-толку. Е сеа мојата јасно и гласно си кажа дека не може да седи дома и да чува бебе за јас да одам на работа, али тоа веќе друга приказна.. На мм му реков дека ќе дојде ден кога и нив ќе им паднат газевите, ама тогаш не смее ниту да помисли да рече "ај те молам" за било што. Чаша вода нема да добијат од мене, така им е заслужено. Господ нека им прости ако сака но јас едноставно не можам.
Нз каде да пишам, можеби не треба во оваа тема... Сакам да прашам како се справувате со физичкиот умор, реално јас сум скоро цел ден сама со бебе, трчам да правам млеко, гледам да не ми се преврти (почна да се врти 4,5мес е), па ајде да јади, капки, преслекување, заспивање (многу тешко ни оди) и се во круг цееел ден, многу сака внимание само над неа да сум или в раце да ми е, заедно одиме во вц, едвај јадам, се од нога ми е глупости, и цел месец ме боли желудник, навечер двете раце ми се здрвуваат не можам повеќе, дали нормално е или мене нешто ми се случува, почнав и психички да запаѓам??Сакам да си се вратам со кг но не можам, ни да си зготвам салам а сабајле си јадев овошје само е сега не ми држи овошјето....дали е нормално ова моево, дали сите се борите со мислите, болката или јас сум ретка што болат раце од кревање бебе? А не сум некоја ситна, мала да речиш немам сила...
Исто сме и ние 4ипол месеци само во раце сака да е да разгледува почнува да пипка ствари сака да ги држи да ги истражува... немам седнато глава секој ден ме боли, едвај го заспивам откако ќе заспие трчам да средам да испеглам измијам садови машини да пуштам само што ќе се свртам ете го станал па ајде со него буквално сум преморена,за готвење немам време тоа мм ако зготви нешто ќе јадам ако не ништо нејадам пред пред некој ден и херпес ми искочи паднат имунитет од што не јадам буквално ни вода непијам Цел ден се вртам во круг
Дали во креветче имаш ставено играчки?во џамбо има такви висечки со јаженце се влечат и свират. Значи од 2-3 месеци сега е 6м малово цел ден да го оставам на под со играчки или во креветче ќе игра. Посебно помал кога беше. Никогаш во раце не сум го шетала низ дома, стрикно на под и ја до него па ќе го заиграм. Во вц па да го држам над шоља како успевате не знам ( не си прва што ми кажала во вц дека оди со бебе )а и да заплаче што? Остави го нека поплаче ќе види те нема ќе се заигра со играчки. И ништо не му е 5 мин ако плаче...На моб пушти песни детски гласно, бебе ќе си слуша ќе видиш како ќе се сменат работите. За успивање количката дома активирај ја, упали фен бебе во количка и вози. Штом заспие не го префрлај остави го така нека спие. Штом почне да се буди за 30мин пак занишкај го да сврзе саат..да видиш како ќе се средат работите олесни си сама. За жал со пандемијава сите сме во ист кош што не можеме бебе да носиме по гости...
Искрено се надевам кога ќе почни да седнува дека можеби тогаш ќе бидам послибодна во смисла ќе седи ќе игра нема да ми е в раце, друго решение не гледам.Преморена сум и многу се нервирав сега некако гледам и се трудам да не се нервирам, некогаш плачи таа плачам и јас да ми помини...
Во креветче не ми седи воопшто, играчки имаме да такви висечки во количката за дома ја користиме ама мора или да нишкам за да мрдаат или со рака да ги мрдам па да ги следи сама никако...во вц со количката одиме не в раце пробувам и во релаксатор не сака во него како да се плаши и да кога спие над неа сум да ја занишкам или ако падне цуцла и нема време јас да легнам денскиможи затоа се ме боли а на вечер спиењето ужас ми е станувам, сонувам, па се плашам од соновите, тешко ми е да презаспијам, катастрофа сум преплашена од се...некогаш си велам да си почнам на работа можи подобро ќе ми е ама мала е уште да ја оставам. Многу ми е криво зошто овај преубав период од животот јас вака мачно го доживувам, наместо да уживам покрај неа јас се приттесувам за се дури и за тоа што сонувам
Пиј си б6 или некој чај за смирување. Мора малку и ти да се опуштиш осеќаат страв. А на под ја оставаш ли? Таму се најбезбедни и најинтересно им е. Да не те плашам ама еве малиот е 6++ ама пренапорно станува. Сега веќе го откриваат светот и ништо не го држи. Претходно полесно ми беше во количка заспиј го занишкај го, остави го на под. Сега се брзо му здосадува а и плус дека има 2 оброка во трчање ми е денот. Спреми ад, спреми храна за него, ручек за нас, чистење, перење...ехее нема крај. Затоа мора да се опуштиш и да чуваш сили. Наоѓај решение. Бели звуци на јутуб, штом заспие легни. Нема зошто да се плашиш ноќе да сонуваш. Ова повеќе ти сама си правиш стрес отколку бебето.
Бебе ми се смее најпрекрасно на свет а јасна повредувам ... Добро ова еднаш се случи денес ,но така ми е тешко... Се мразам себе си!!